Контакт

Македонија

„Вреди“: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

Објавено пред

Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“.

„Беше де факто ослабена од политиките на ДУИ. Нејзината улога беше ослабена. Ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор.

Од денес, тоа се менува. На чело на Комисијата е избран пратеникот на „Вреди“, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна институционална одговорност.

Комисијата повеќе нема да биде формалност. Таа ќе биде активен орган. Функционален механизам со реално одлучување и директна одговорност за правична и соодветна застапеност, употребата на јазиците, образованието и културата, со цел целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор и Бадинтеровиот принцип“.

„Вреди“ како што додаваат од партијата, става крај на практиките на институционално занемарување. Законот за правична и соодветна застапеност, подвлекуваат дека ќе се спроведува со целосна сериозност. Според нив, институционалната еднаквост повеќе нема да остане само на хартија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Меџити: Над 59,8 милиони денари инвестиција за модерна инфраструктура во Саат Кула

Објавено пред

Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација.

Со оваа инвестиција ќе се обезбеди поквалитетно водоснабдување, пофункционален канализациски систем и подобри услови за живот на жителите од ова населено место.

-Инвестираме во основната инфраструктура која директно влијае врз квалитетот на животот на граѓаните. Со инвестиција од над 59,8 милиони денари создаваме современи и поефикасни услови за жителите на Саат Кула- изјави градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Работите на водоводната мрежа се во завршна фаза, а во наредниот период ќе следува асфалтирање на улиците каде што се реализирани инфраструктурните зафати.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фотогалерија) 12 нови детски песни премиерно изведени денес на првиот фестивал „Киселко“ во Кисела Вода

Објавено пред

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првиот детски фестивал „Киселко“, во организација на Општина Кисела Вода. На фестивалот премиерно беа изведени 12 нови детски песни.
Покрај соло изведувачите, на сцената настапи и сопственото хорче на „Киселко“, додека за кореографијата беа задолжени членовите на балетското студио „Данса Латина“.
Учесниците на фестивалот беа избрани преку процес на аудиции кои се спроведоа во основните училишта на територија на општината, а изборот го вршеа наставниците по музичко воспитување. Сите 12 авторски песни беа целосно бесплатни за учесниците, со што Општина Кисела Вода ги ослободи родителите од какви било финансиски трошоци за нивното учество.
„Сакавме да им обезбедиме соодветен простор на најмладите да го покажат својот музички талент, бидејќи инвестирањето во детската креативност е највредното вложување во нивниот правилен развој. Истовремено, ни беше важно ова искуство да не претставува финансиски товар за семејствата, па затоа сите песни за малите изведувачи се целосно бесплатни. Посакувам „Киселко“ да биде почеток на една нова традиција за децата во Кисела Вода“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Целосната реализација на фестивалот се направи во соработка со „Стробери Груп“, продукција која е специјализирана за детски и младински телевизиски проекти и настани.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

Објавено пред

Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти денес беше отворено во Институтот за јавно здравје во Скопје, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Институтот, Марија Андоновска.
Советувалиштето од понеделник ќе биде во функција, а услугата ќе биде достапна и преку системот „Мој Термин“.
„Од денес започнуваме со нов пристап кон менталното здравје на децата и адолесцентите. Менталното здравје не смее да биде тема што се стигматизира или остава за подоцна. Нашата обврска е да создадеме систем што препознава, поддржува и интервенира навреме, особено кога станува збор за деца и адолесценти“, истакна министерот Алиу.
Истовремено, во Институтот за јавно здравје беа претставени и новите капацитети на микробиолошките лаборатории, со нова опрема во вредност од 15 милиони денари, како и со ставање во функција на дополнителна опрема во вредност од околу 11 милиони денари, која со години не била користена.
Според министерот Алиу, ова претставува зајакнување на јавно-здравствениот систем, бидејќи овозможува поголем лабораториски капацитет, посовремена дијагностика и подобра подготвеност за одговор на здравствени предизвици.
Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Меџити: Над 59,8 милиони денари инвестиција за модерна инфраструктура во Саат Кула

Се финализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти во населбата Саат Кула, кој опфаќа реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската...

Свет1 час

Американски лекар заразен со ебола пуштен од болница

Американски лекар, кој се заразил со ебола додека работел на хуманитарна мисија во Конго, е отпуштен од болница во Германија...

Македонија1 час

(Фотогалерија) 12 нови детски песни премиерно изведени денес на првиот фестивал „Киселко“ во Кисела Вода

Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првиот детски фестивал „Киселко“, во организација на Општина...

Црна хроника1 час

Лишен од слобода маж од скопско, пукал кон соселанец и му нанел повреда

Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров, денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од село Шишево, скопско, по пријава...

Соопштенија2 часа

Митови и факти за „Мазут“- што покажуваат официјалните податоци

Одлуката за запирање на истрагата во случајот „Мазут“ повторно е во фокусот на јавноста, особено по изјавите на државниот јавен...

Свет3 часа

Папата Лав во Шпанија: Светот повикува на мир

Папат Лав, во моќниот говор со кој започна еднонеделната посета на Шпанија во саботата, ги повика светските лидери да избегнуваат...

Свет5 часа

Израел нареди евакуација на пет населени места во јужен Либан

Израелската армија денеска нареди итна евакуација на сите жители на пет градови и села во јужен Либан, јави ДПА. Портпаролот...

Црна хроника6 часа

МВР: Лишени од слобода 21 возач за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 21 возач за безобѕирно управување...

Македонија6 часа

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти денес беше отворено во Институтот за јавно здравје во Скопје, во присуство на...