Контакт

Македонија

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа, ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје

Објавено пред

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје.

За време на обраќањето пред присутните припадници на Армијата генералот Гринкевич го истакна нашето членство во најмоќниот сојуз во историјата. Нашиот придонес во спроведување на регионалните планови, учеството во составот на истурените копнени сили на НАТО, како и во мисијата КФОР ги оцени како извонредни, а истите се резултат на нашата посветеност, на модернизацијата и исполнувањето на поставените цели за развој на способностите.

Генералот Гринкевич во своето обраќање упати и порака: „Сите заедно мора да бидеме подготвени. Мора напорно да се обучувате. Мора да ги проучувате војните од денешницата и минатото за да бидете подготвени за конфликтите на иднината. Мора да размислувате за промените во карактерот на војувањето што ги гледаме на современото бојно поле и да се приспособувате на новите реалности со кои би можеле заеднички да се соочиме на некое идно бојно поле“. Навраќајќи се на нашето членство во Алијансата, генералот Гринкевич нагласи „јас исклучително сум горд што служиме заедно“.

Во рамките на посетата Генералот Гринкевич имаше можност непосредно да се запознае со вооружувањето, опремата и средствата со кои располага Армијата, како и да проследи тактички вежби, со што се увери во подготвеноста на армиските припадници при изведување на борбени дејствија во сложени и динамични средини против различен непријател.

За време на заедничките изјави за медиумите, генералот Лафчиски го истакна задоволството од посетата, истакнувајќи „Оваа посета претставува уште една потврда за нашата јасна определба кон одбраната на заедничките вредности и довербата која ја градиме во рамките на Алијансата. За нас, членството во Алијансата не е само безбедносна гаранција, туку и обврска активно да придонесуваме кон колективната одбрана и стабилноста на евроатлантскиот простор.“

Генералот Лафчиски наведе и дека „Македонската Армија денес е модерна, добро опремена и високо обучена. Ова не е само наше видување, туку тоа претставува објективна и потврдена оцена, добиена преку серија на ригорозни проверки на персоналот, опремата и процедурите“. „Аргумент за ова е НАТО оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група, во рамките на вежбата БЛЕСОК 26, како и НАТО оценувањето на Борбените елементи за специјални операции“, додаде генералот Лафчиски.

Генералот Гринкевич во обраќањето пред медиумите истакна „Република Северна Македонија е високо ценет сојузник“, додавајќи дека нашата држава има клучна улога во зачувувањето на стабилноста на Западен Балкан – регион од стратешко значење за Алијанса. Во оваа прилика генералот Гринкевич се заблагодари и за македонскиот придонес во мисисите предводени од НАТО во КФОР и на нејзиното источно крило.

Со денешната активност во касарната „Илинден“ во Скопје, на која присуствуваа генерали на Армијата, високи претставници од НАТО, како и команданти на команди и единици на Армијата се заврши официјалната посета на врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа на Армијата. Посетата претставува уште една потврда за силниот придонес на нашата држава во колективната одбрана на Алијансата, како и нашата заложба и придонес во регионалната и колективната безбедност

Најново

Македонија29 минути

Утре сончево и многу топло време, попладне локален дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а...

Соопштенија31 минута

„Кожувчанка“: Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 1.500.000 евра преку донации и спонзорства во Македонија

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата, велат од „Кожувчанка“. „Само во последните...

Култура1 час

Три македонски филмови се снимаат летово, четвртиот почнува на крајот на август

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот...

Македонија1 час

Македонец во Кушадаси сериозно ги повредил вратните пршлени, со владиниот авион ќе биде пренесен во Скопје

Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој...

Забава2 часа

Нутриционисти ги откриваат најдобрите ужинки за деца

Кога децата ќе огладнат помеѓу оброците, родителите често посегнуваат по колачиња или чипс. Сепак, нутриционистите советуваат дека ужинката треба да...

Култура2 часа

„Лабораториум“ го почнува проектот „Лифт“ со бесплатни музички работилници за теремин

Културниот и едукативен центар ЛАБОРАТОРИУМ го започнува новиот проект „ЛИФТ“, културна иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика...

Свет3 часа

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли

Шпанија ѝ даде рок на Италија до недела да ги укине граничните контроли воведени за патниците од Шпанија, кои Мадрид...

Македонија3 часа

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје за една недела, тројца пациенти во критична состојба

Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи...

Македонија3 часа

ЗНМ: ОЈО и Судскиот совет итно да утврдат одговорност за неизвршена одлука за заштита на новинарка

Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше...