Контакт

Македонија

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа на средби со Мисајловски и генерал-мајор Лафчиски

Објавено пред

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа (SACEUR), генералот Алексус Г. Гринкевич, денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата оствари средба со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На средбата со генералот Гринкевич, министерот Мисајловски изрази задоволство од одличната соработка со Сојузничката команда за операции укажувајќи на тоа дека припадниците на македонската Армија ќе продолжат да даваат и личен придонес кон безбедноста на источното крило на Алијансата како дел од мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија. На средбата министерот се осврна и на инвестициите во одбраната, како и развојот на Армијата.

„Ги зацврстуваме капацитетите на Армијата, а со тоа и на колективната безбедност на Алијансата. Инвестираме во процесот на модернизација и опремување, кој паралелно со нашиот влог во развојот на припадниците на Армијата ни овозможи Лесната пешадиска баталјонска група неодамна да ја добие и оценката ‘борбено способни за извршување на мисијата’ согласно највисоките стандарди на НАТО“, рече министерот на средбата и додаде дека земјава останува да биде кредибилен и доверлив сојузник во Алијансата.

На средбата со генералот Лафчиски се разговараше за актуелната безбедносна состојба во зоната на операции на Алијансата, за процесот на опремување и модернизација на Армијата, како и за актуелните придонеси со сили и средства во поддршката на Регионалните планови за одбрана на Алијансата, чиј важен дел е и нашата држава. При тоа беше потврдено дека македонската територија како географска раскрсница на повеќе транспортни коридори, има клучна улога во остварувањето на мобилноста, брзиот и кредибилен одговор, отпорноста и стратешката длабочина на Алијансата.

Во рамки на посетата на нашата држава генералот Гринкевич оствари средба и со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, а ќе се сретне и со претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова.

Посетата на генералот Гринкевич на Армијата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, кога заедно со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ги посети припадниците на Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје, каде ќе бидат презентирани дел од способностите, обученоста и подготвеноста на армиските единици.

Врховниот командант на Сојузничките сили на НАТО за Европа ја има севкупната команда над сите операции на НАТО на стратегиско ниво. Своите должности генералот Гринкевич ги извршува од седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа (SHAPE) во Монс, Кралството Белгија. Генералот Гринкевич, воедно ја извршува и должноста командант на Европската команда на САД, чие седиште се наоѓа во Штутгарт, СР Германија.

„Посетата на генералот Гринкевич претставува признание за значајниот придонес на нашата земја во колективната одбрана на Алијансата, како и потврда за довербата во способностите и подготвеноста на Армијата да придонесува кон регионалната и колективната безбедност“, соопштија од Генералштабот.

Најново

Македонија14 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите – Карбинци се развива

ВМРО-ДПМНЕ ги презентира резултатите од работата во Општина Карбинци во изминатата година, посочувајќи на инвестиции во образованието и инфраструктурата, како...

Свет18 минути

Путин: Европа ги турка своите граѓани кон војна со Русија – изборите во Германија се доказ

Рускиот претседател Владимир Путин го поврза силниот резултат на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на неодамнешните покраински избори во...

Свет20 минути

Експлозија погоди уште едно складиште за оружје во Бугарија

Силна експлозија предизвика пожар во складиште за оружје во централна Бугарија во текот на ноќта, јавија денеска локалните медиуми и...

Спорт33 минути

Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД. Германецот прв обезбеди место во...

Македонија38 минути

Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ

СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара...

Македонија41 минута

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт47 минути

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија49 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет1 час

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...