Контакт

Македонија

За Јанкулоска е ирелевантно дали Спасов бил или не бил на работа за време на убиството

Објавено пред

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. по протестите од ноќта кон средата пред зградата на Владата за објавените аудио снимки на опозицијата за убиството на Мартин Нешкоски, тврди дека е сосема ирелевантно дали осудениот за убиството, Игор Спасов. бил или не бил на работа во моментот на убиството.

dobivaj vesti na viber

Според Јанкулоска, МВР максимално брзо, во рок од 22 часа го расветлила убиството и фактот дали Спасов бил на работа или не во моментот на убиството и дали имал писмена или усна наредба не го намалувало степенот на одговорност на осудениот.„Во самата кривична пријава е објаснета фактичката состојба. Лицето имало писмена наредба за извршување службени дејствија и задача заклучно со 24 часот во Куманово. Во моментот кога се случило убиството, според пријавата, во 00:40 минути, таа наредба нема веќе важност. По однос на ангажманот на лицето по 24 часот, не е обезбеден доказ ниту дека постоела писмена, ниту каква и да е друга наредба, што е тотално ирелевантно за степенот одговорност. Убиството е убиство, никаква наредба не може да ја исклучи одговорноста на сторителот“, истакна Јанкулоска.Истрагата на  Министерството за внатрешни работи ја кочело тоа што до полицијата немало никаква пријава ниту за исчезнато лице, а имале проблем и да го утврдат идентитет на лицето.Министерството имало писмен материјал со службени белешки за претпоставените на Спасов, а како што рече Јанкулоска, биле повикани и како сведоци пред суд.На снимките коишто во вторникот ги објави опозицијата, може да се слушне дека поранешниот шеф на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски, Дејан Митревски -Урко го викнал Спасов да дојде во Скопје во дом на АРМ каде се славеше победата на ВМРО-ДПМНЕ и го криел убиството и од функционерите во МВР. Урко не се појави како сведок во судот. Овие снимки за Јанкулоска се креирани, монтирани и со нив лидерот на опозицијата, Зоран Заев го допрел “врвот на монструозноста“.„Заев го допре врвот на монструозноста со вчерашната прес-конференција кога злоупотреби смрт на еден млад човек за овој трагичен настан за неговото семејство, но и за целата држава, за кој не постои човек кој не изразува жалење и потреба за осуда. Заев има потреба десет минути да кажува што некој сакал да каже, тоа зборува за автентичноста, монтираноста и креираноста“, вели Јанкулоска.По објавувањето на снимките од опозицијата, пред Владата беа организирани протести на повик на братот на убиениот Мартин преку социјалните мрежи, на коишто се бараше оставка од министерката Јанкулоска. Според официјалните информации на МВР, во протестите повредени биле 38 полицајци од кои шест биле задржани на лекување. Полицијата има информација дека само едно лице цивил се пријавило во градската болница за да побара лекарска помош, а немаат ниту информации дека во протестите повредена била и мајката на Мартин Нешкоски. Во нередите приведени се 30 лица од кои две биле малолетни и биле ослободени веднаш по извршувањето на службениот разговор. Од снимките на полицијата идентификувани се 12 учесници во протестите кои учествувале во „вандалските напади“ врз полицијата. Оштетени биле седум службени возила, 22 штита, шлемови и полициски елек, радиоврска, а демолирани биле и стаклата на Радио Слободна Македонија.„Граѓаните на Република Македонија синоќа беа сведоци на насилни демонстрации кои резултираа со десетици повредени полициски службеници, демолирање на возила, палење на контејнери и уништување на јавниот имот со што е предизвикана и голема материјална штета. Граѓаните на Република Македонија синоќа беа сведоци на брутални напади со бекатон плочи, со метални шипки и со камења. Граѓаните на Република Македонија синоќа беа сведоци на најсрамниот чин на симнување и кинење на знамето на Република Македонија од јарболите од страна на дел од демонстрантите на кои им пречат државните обележја“, рече Јанкулоска.Според хронологијата на полицијата, протестот започнал околу 18:10 часот, кога пред објектот на Владата се собрала група од околу 50 лица, на која набргу организирано ѝ се придружиле и други граѓани. Во еден момент неколку лица, од кои повеќето девојки се прекачиле преку поставената заштитна ограда пред објектот, со намера да влезат во Владата. Следејќи го нивниот пример, голем дел од насобраните граѓани кои се наоѓале зад оградите, масовно почнале да се прекачуваат доближувајќи се на десетина метри од влезната врата на Владата, каде биле спречени да влезат.Во периодот од 18:30 до 19:30 часот, според МВР, од страна на групата граѓани која се наоѓала на скалите иницирала повеќе насилни инциденти и го нарушила јавниот ред и мир. „Во неколку наврати со бекатон плочи, камења, шишиња, јајца, домати и други предмети е фрлано кон кордонот од униформирани полициски службеници, како и објектот на Владата на РМ, а симнати се и државните знамиња од јарболите. Од страна на одговорен старешина, дадена е усна наредба кон собраната маса, мирно да се разотидат и да не го нарушуваат ЈРМ, но наредбата не е испочитувана и масата повторно почна со фрлање на предмети. По ова од страна на униформирани полициски службеници е пристапено кон потиснување на масата и воспоставување на нарушениот ЈРМ, при што масата е насочувана по булеварот „Св. Климент Охридски“ кон Соборен храм, булеварот „Партизански одреди“ и булеварот  „Илинден“ во правец кон фонтана во Градскиот парк“, прецизираше  Јанкулоска.При потиснувањето на масата, на неколку локации на булеварот „Илинден“ и булеварот „Партизански одреди“, биле превртени и запалени десетина контејнери за смет. Јанкулоска тврди дека полицијата била максимално професионална и дека не употребила сила врз демонстрантите.„Од полициските овластувања, полицијата со најмала употреба на било кое полициско овластување успеа со потиснување да ја разбие масата и притоа не беа користени други мерки на присила, освен полициското овластување за приведување на лице . Не беа користени дополнителни средства за разбивање на масата, туку со максимално трпение и професионален однос за да се избегнат дополнителни ескалации на настаните полицијата успеа да ја разбие толпата во три правци и дел од најнасилните демонстранти кои се однесуваа највандалски беа приведени“, рече уште Јанкулоска.По протестите, имаше информација дека полицијата направила упад во градската „Браќа Миладинвци“. Министерката изјави дека дејствувањето на полицијата било легитимно и дека таму се барале дел од насилните демонстранти.„Полицијата направи потрага по насилни демонстранти во повеќе објекти, притоа не е употребена сила во библиотеката. Лоцирано е едно од лицата и е приведено. Дел од вандалите се обидоа на прилично кукавички начин да се затскријат зад граѓани кои воопшто не беа поврзани со протестите, да влезат во приватни или државни објекти за да спречат соочување со полицијата. Дејствието на полицијата е апсолутно легитимно и не постои никаков простор да се бара одговорност од никого“, потцрта  Јанкулоска и повика доколку некој има замерка да поднесе пријава.Мартин Нешкоски беше убиен на 5-ти јуни вечерта во 2011 година на централниот гратски плоштад во Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата. Припадникот на „тигрите“, Игор Спасов  е осуден на 14 години затвор за убиството. На судењето, самиот Спасов тврдеше дека не е само тој виновен за убиството и на мајката на Нешкоски и рече „Не сум убиец. Со чисто срце можам да кажам дека не сум убиецот на Мартин. Ако ви треба обвинет тука сум стојам пред вас, но ако барате виновник не гледајте во мене”, рече Спасов./крај/мф/ффс

Извор: Макфакс

Македонија

Патот Штип-Кочани во прекин поради сообраќајка

Објавено пред

Од 17:10 часот, поради сообраќајна незгода на патниот правец Штип-Кочани, сообраќајот е во прекин во една насока, информираат од АМСМ.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

Маричиќ: Имаме план за зелена Македонија во која граѓаните ќе станат акционери на енергетските компании

Објавено пред

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ денес во изјавата за медиуми се обврза дека СДСМ и Коалицијата за европска иднина нема да се откажат од стремежот за енергетска независност и од зелена енергија.

dobivaj vesti na viber

Во своето обраќање посочи дека е време да се сопре со фосилните технологии.

Изјави дека постоечките енергетски капацитети на фосилни горива да ги трансформираме во соларни електрани кои произведуваат зелена енергија.

„Тој процес го продолжуваме со голема новина: Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Граѓаните стануваат акционери во енергетските компании. Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.

Нашиот план е производството на енергија да се зголеми за најмалку 70% за да ги задоволиме домашните потреби за струја. Во наредните четири години за 100% да се зголемат капацитете со обновливи извори на енергија да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.“

Маричиќ во својата изјава потврди дека целта и програмата на СДСМ е иста со онаа на Европската Унија и Европскиот зелен договор кој предвидува нула штетни гасови од фосилни горива до 2050 година.

„Нашата визија е зелена Македонија како здрава животна средина за граѓаните. Чиста вода за пиење во секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии. Пречистување на отпадните води за здрава почва за здрава храна.“

Прикажи повеќе...

Македонија

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Објавено пред

Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

dobivaj vesti na viber

Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до...

Македонија45 минути

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе направат трансформација во Македонија, со „Платформа 1198“ ќе се решат проблемите на граѓаните

„Во очите на граѓаните има една желба да што побргу заврши сето ова кое што се случуваше шест и половина...

Македонија4 часа

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во...

Македонија4 часа

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го...

Свет4 часа

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува...

Македонија5 часа

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...

Регион7 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет8 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија8 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет8 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија10 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија10 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија10 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија21 час

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија21 час

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија21 час

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија22 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија1 ден

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија1 ден

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија1 ден

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...