Македонија
Заев бара прекин на истрагата за „Пуч“ и обвинителството да ги гони Груевски и Мијалков
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во петок повеќе од пет часа даваше исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Пуч“ во којшто е осомничен за насилство врз највисоките државни органи.
Заев при давањето на исказот на записник поднел кривична пријава против премиерот Никола Груевски и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков за кршење на Уставот и законите, кои според него, ја злоупотребиле својата функција и ѝ нанеле огромна штета на државата.„Со тоа очекуваме дека обвинителството, ценејќи ги сите докази, ценејќи ги изјавите кои се дадени од сите учесници во постапката ќе го прекине процесот којшто се води против Заев, Верушевски и другите две лица и очекуваме да затпочне процес за кривична истрага против Никола Груевски, Сашо Мијалков и други осомничени лица. Од тука се очекува процесот на водење на истрага за евентуален ‘Пуч’ против Република Македонија, да се отвори во правен процес за вистината на Република Македонија“, изјави Заев.За најавите дека процесот против него наскоро ќе влезе и во суд, Заев вели дека не може да го изненади ништо „ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и сé е можно“, коментираше челникот на опозициските социјалдемократи. Истакна дека тој и неговите адвокати ги знаат нивните права и максимално ќе ги искористат.„Овде сме да потврдиме дека ги почитуваме Уставот и законите и да оставиме трага за тоа што се работи во ова време. Конечната одлука е на обвинителот кој ја носи заедно со своите претпоставени, а претпоставени на ова обвинителство се Јован Илиевски баџанак на Мијалков и Марко Зврлевски“, рече Заев.Кажа и дека вработените од Министерството за внатрешни работ, коишто, исто така, беа обвинети во „Пуч“, а едниот беше и осуден не ги познава. „Начинот на нивното однесување и нивната одговорност е нивно однесување. Апсолутно она што можам да го потврдам е дека луѓето кои ги доставија податоците до мене се патриоти во Македонија пред коишто можам секогаш да се поклонам и да им симнам капа“, смета Заев.Тој тврди дека изјавата на адвокатот на првоосомничениот во случајот „Пуч“ е спинувана и дека Верушевски пред обвинителството тврдел дека е снимано од Министерството за внатрешни работи и тајната полиција.На тригoдишниата од петкратното убиство кај Смилковскосо езеро, Заев потврди дека се сретнал со родителите на загинатите, но и со роднините на обвинетите. Уште еднаш најави дека сé што имаат за овој случај ќе биде објавено.„Пред многу време имав средба со родителите на загинатите деца кај Смилковци, но имав средба и со роднините на осудените лица. Апсолутно ги сослушав и можам да кажам дека и двете страни копнеат и трагаат по вистината. Таа вистина што ја има кај нас ќе ја споделиме со јавноста без да навлегуваме во детали на одредени наши ставови во поврзаноста со постапката“, порача Заев./крај/мф/
Извор: Фото: мкд.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од
Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски извести дека гласањето се одвива мирно и без неправилности, а техничките проблеми вели дека тековно ги решаваат.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, рече претседателот Даштевски.
Одѕивот во првите два и пол часа е 3,85 отсто, но пристигнале податоци од само 832 избирачки места. На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места.
Македонија
3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК
Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски избори е 3,85 отсто. Гласањето е почнато навреме, се одвива мирно и без пријавени неправилности. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски утрово рече дека одѕивот е мал, но мал е и бројот на избирачки места од кои се пристигнати податоци.
„До девет часот пристигнати се податоци за одѕив на гласачите од 832 избирачки места. Од вкупно запишани 42.748 гласачи на овие избирачки места, гласале 15.487 или 3,8 отсто од гласачите. До овој момент во ДИК се доставени вкупно 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се предмет на обработка“, рече Даштевски.
На бесплатниот телефонски број 0800 555 44 граѓаните можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.
Активна е и видеокол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се интернет страницата на ДИК www.sec.mk како и страниците на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ и каналот на јутјуб.
На страната rezultati.sec.mk може да се следи во живо излезноста на гласачите, вкупна и по општини.
На овие избори право на глас имаат 1. 814.317 граѓани на 3480 избирачки места. Податоци од повеќе избирачки места претседателот Даштевски најави за следната прес – конференција.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.