Македонија
Заев: Не сум тука за сликање и изјави, на луѓето им е потребна помош
Не е време ниту за критики, ниту за некои посебни други активности, не е време ниту за сликање, ниту за посебни изјави, рече во понеделник претседателот на СДСМ Зоран Заев, при посетата на поплавените подрачја во скопско.
„Време е за конкретна помош на граѓаните. Овде сме собрани од Социјалдемократскиот сојуз и неколку институции коишто се предводени од Социјалдемократскиот сојуз. Општинските институции на Куманово, Струмица и Центар коишто доаѓаат со свои ресурси, ги ставаат целосно на располагање на државниот штаб, на штабот на градот Скопје и штабот на општина Гази Баба, во функција на координирано и организирано помагање“, рече Заев.Тој додаде дека сите нивни активисти коишто се овде со алатки за помагање ќе се распределат денеска во две групи, во Сингелиќ и во Стајковци, а утре ќе бидат во Булачани, Црешево и на други места. „Дојдовме со неколку специјализирани возила за испумпување на вода и со технички води од противпожарните станици, тоа се десетина возила. Дојдовме со донаторска помош, пред сѐ вода и прехранбени продукти коишто ќе бидат поделени овде во регионот. Се надевам дека ќе бидеме добро организирани заради тоа што недостасува организацијата при испорачувањето на помошта којашто е од драгоцено значење. Овде се искусни луѓе со нас коишто ги знаат точните локации на помош и се работи на конкретно испорачување на помош на граѓаните, во нивните домови, во нивните подруми и во нивните дворови“, рече Заев.Тој апелираше до сите граѓани да помогнат колку што можат. /крај/со/ст
Извор: СДСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.