Македонија
Заев за Die Zeit тврди дека невини луѓе се во затвор за масакрот кај Смилковско
Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев во интервју за германскиот весник Die Zeit тврди дека етничките Албанци кои се осудени за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилковското езеро се невини.
Тој тврди дека според информациите кои ги поседувал, обвинетите неправедно се во затвор. „Тие неправедно седат во затвор“, тврди Заев за германскиот весник, а интервјуто го пренесува Дојче Веле на македонски јазик.Заев стравува дека со објавувањето на „бомбата“ за овој случај може да се предизвикаат немири во албанската заедница во Македонија.„Може да има и жртви. Затоа во моментов водиме интензивни разговори со албанската заедница, за да најдеме начин да спречиме таква реакција. Мораме да биде многу внимателни со вистината. Мораме да го сочуваме единството на народот“, вели Заев. На прашањето дали стравува дека состојбата може да излезе од контрола, опозиционерот одговара потврдно: „Да, до одреден степен сум многу загрижен. Мораме да ги подготвиме луѓето за вистината, мораме да бидеме многу одговорни“.Заев, сепак, не очекува да се повтори конфликтот од 2001 година, и оценува дека „народот е сплотен“. „Нашиот граѓани се најдобри чувари на мирот. Тоа е најдобрата порака. Се плашам дека поединци сепак можат да прибегнат кон насилство“.За судирот во Куманово меѓу вооружената група и македонската полиција, Заев во интервјутo вели дека според нивните информации во инцидентот е вмешан безбедносниот апарат на државата. Според неговите информации, се случила „некаква грешка поради којашто загинаа осуммина полицајци“.Во разговорот, лидерот на СДСМ говори и за шансите премиерот Никола Груевски да поднесе оставка на функцијата.„Мислам дека ситуацијата не е едноставна за него. Мислам дека наскоро ќе им олесни на опозицијата и на граѓанското движење. Се надевам дека заеднички ќе најдеме решение за кризата и ќе ги смириме граѓаните. Прво ни е потребна една преодна влада. Таа треба да ги подготви новите избори. Пред нас стојат итни задачи кои мораме да ги исполниме. Слободата на медиумите и независноста на судството мора повторно да бидат воспоставени. Мора да дојде до одвојување на партијата од државата. Тоа се основните задачи“, вели Заев.Сепак, лидерот на СДСМ вели дека не очекува оставка од Груевски.„Не верувам дека тој ќе даде оставка. Тоа би значело лично признание на вината. Сметам дека преку преговори можеме да изградиме преодна влада. И потоа, и за него би имало можност за достоинствено повлекување“. Според Заев, „за Груевски мора да постои можност за излез во рамките на еден процес“. Тој потсетува дека веќе имало оставки во владата, и тоа го толкува како „јасна порака од Груевски“. „Тој е подготвен“, вели Заев.Во интервјуто, Заев ги отфрла тврдењата дека големите сили (Западот и Русија) се вмешале во политичката криза во земјата. „Нашето место е во Европа. Сакаме добри односи со Русија, но пред сѐ сакаме во Европа. За тоа не постои алтернатива“./крај/мф/
Извор: Die Zeit, Дојче веле
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.