Контакт

Македонија

Зајкова: Ако државата не може да ги заштити граѓаните што пријавуваат семејно насилство, тогаш имаме опасен систем

Објавено пред

Појасна слика за степенот на спроведување на законите, подзаконските акти, протоколите и политиките за превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз жените, начинот на постапување на надлежните институции во рамки на нивните законски овластувања, нивото на координација меѓу институциите и капацитетите на системот во кадровска, организациска и буџетска смисла, постоењето на евентуални системски слабости во практичната примена на законите и политиките, како и потреба од дополнителни мерки, препораки или измени на законската регулатива, ова беа главните заклучоци од надзорната расправа во Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Одржана на иницијатива на претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова и пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ, надзорната расправа има за цел преку заклучоците на Комисијата да го унапреди спроведувањето на законите и ефикасноста при постапувањето на органите на извршната власт и да ги зајакне политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство.

„Она што го слушавме од сведочењата за последниот случај со Ивана е срам на системот кој дозволи една жена со години да пријавува насилство и никој да не ја слушне. Триесет и девет полицајци. Повторувам, триесет и девет полицајци не постапиле законски по пријавите за семејно насилство. Во другиот случај, уште 11 полицајци се под истрага за тоа дали ја оставиле Росица незаштитена пред да биде убиена. Ова не е грешка или прашање на човечка судбина. Ова не е пропуст. Ова е системски колапс. Од една страна ги охрабруваме жените да пријавуваат. А, Како очекувате да пријавуваат насилство, кога институциите им враќаат молк? Како да веруваат, кога секоја пријава може да биде игнорирана? Како да преживеат, кога државата се повлекува токму кога им е најпотребна? Жените , па ни мажите не молчат затоа што не сакаат да зборуваат. Молчат затоа што знаат дека никој нема да ги заштити“, изјави на седницата на Комисијата претседателката Зајкова, додавајќи дека треба да се бара одговорност не од тие 39 или 11 полицајци, туку од целиот систем, од МВР, од обвинителството, од Центрите за социјална работа.

Зајкова вели дека денес прашањето не е кој згрешил, туку уште колку луѓе треба да умрат за институциите да почнат да постапуваат?

„Ако оваа држава не може да ги заштити граѓаните кога пријавуваат, тогаш да бидеме искрени: не станува збор за нефункционален систем, станува збор за опасен систем. И ние сме должни да го промениме. Веднаш. Без изговори“, посочува Зајкова.

Најново

Свет8 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...

Свет9 часа

Папата против смртната казна, САД најавија погубување во живо

Папата Лав XIV денеска оцени дека смртната казна е „недозволива“, по повод Светскиот ден против смртната казна, додека САД најавија...

Забава9 часа

(Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски, привлече внимание со своето појавување на свеченото доделување на наградите „Албис 2026“, што се...

Забава10 часа

Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание

Холивудската актерка Ума Турман (56), позната по улогата во култниот филм „Убиј го Бил“ (Kill Bill), привлече внимание со своето...

Спорт10 часа

Барселона незапирлива: oсум победи на осум натпревари, Хетафе испратен со три гола

Фудбалерите на Барселона ја продолжија совршената серија во шпанското првенство, совладувајќи го Хетафе со 3:0 на „Камп Ноу“ во осмото...

Забава10 часа

Грабеж на векот во Тоскана: украдени 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра

Најмалку седум маскирани крадци украле околу 30.000 шишиња вино, вредни пет милиони евра, од престижната винарија „Маркизи Антинори“ во Тоскана,...

Свет10 часа

(Видео) Авион заглави под мост во близина на Букурешт

Необична сцена е забележана на патиштата во Романија, каде што патнички авион што повеќе не е во употреба се заглавил...

Забава11 часа

Чарли Шин не можел да стои на нозе ниту да ги запомни репликите на последното снимање: креаторот на „Два и пол мажи“ откри детали

Креаторот на популарната серија „Два и пол мажи“, Чак Лор, откри дека актерот Чарли Шин бил во толку лоша состојба...

Спорт11 часа

Неверојатна грешка на Нојер: Баерн прими гол по само осум секунди и едвај извлече реми

Фудбалерите на Баерн Минхен денеска одиграа нерешено 2:2 на гостувањето кај Аугсбург, во петтото коло од германската Бундеслига, а натпреварот...