Контакт

Македонија

Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска донираа 14 болнички кревети на болницата во Штип

Објавено пред

Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска донираа 14 болнички кревети и 4 маси за инструменти за операциона сала на Клиничката болница во Штип, со што повторно се инвестира во поквалитетни и подобри услови за пациентите и за медицинскиот персонал.

Од донираните кревети, 10 се доделени на Одделот за ортопедија, а 4 на Одделот за неврологија. Дополнителните маси за инструменти за операциона сала ќе помогнат во зајакнувањето на хируршкиот капацитет и ефикасноста во оперативните капацитети на болницата.

Оваа донација има за цел да го подобри квалитетот на здравствените услуги достапни за пациентите во источниот плански регион преку обезбедување модерна и функционална опрема за клучните одделенија кои лекуваат голем број пациенти.

Претставниците на болницата изразија благодарност за поддршката, нагласувајќи дека новата опрема значително ќе придонесе за подобра удобност на пациентите и поефикасен третман.

„Задоволство ни е што имаме можност да ја поддржиме Клиничката болница во Штип со опрема што ќе им помогне на лекарите да обезбедат подобра грижа за своите пациенти. Се надеваме дека оваа донација на болнички кревети и маси за инструменти ќе придонесе за подобри услови за лекување и удобност на сите кои се хоспитализирани во овие одделенија. Поддршката на здравствените работници и зајакнувањето на локалните медицински институции останува една од нашите основни заложби.“, истакна Бранка Џајковска од Фондацијата д-р Верица Механџиска.

Оваа донација е уште една во низата донации кои во изминатите неколку месеци се реализираа од Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска, а се насочени кон поддршка на здравствените установи и подобрување на медицинските услови и за пациентите и за здравствените работници. Освен донацијата на хипербарна комора во одделот за физикална медицина при ГОБ 8ми Септември, во изминатиот период се донираа и мулти-функционални маси за вежбање на рацете за Институтот за физикална медицина и рехабилитација, како и болнички кревети и друга медицинска опрема за гинеколошко- акушерското одделение при Клиничката болница во Тетово.

ПР



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

По 7 месеци пауза, Вардариште повторно гори, велат од „Стоп за Вардариште“

Објавено пред

Од

По протестите и јавниот притисок што се случуваа кон крајот на минатата година, Вардариште не гореше цели 7 месеци, но денес повторно сме сведоци на истото сценарио: чад, загадување, тешка миризба и директна закана по здравјето на граѓаните. Ова е последно предупредување од наша страна, велат од „Стоп за Вардариште“.

Од таму велат доколку не се стави целосен крај на загадувањето, ќе има блокади.

„Доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите. Ги повикуваме сите надлежни институции да реагираат итно и со највисок степен на сериозност, а Министерството за внатрешни работи да го вратат полициското присуство на депонијата“, велат од „Стоп за Вардариште“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Објавено пред

Од

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Следува период на променливо облачно и релативно топло време. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и изолирана појава на грмежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски – Прево: Белгиска поддршка на Македонија во нејзината европска интеграција

Објавено пред

Од

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Северна Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево.

Централни теми на разговорите беа напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Белгија, со посебен акцент на процесот на проширување на Европската Унија и, во тој контекст, реафирмирањето на натамошната белгиска поддршка на македонската европска интеграција.

Министерот Муцунски изрази задоволство од билатералните односи меѓу двете земји и упати благодарност за принципиелната и конструктивна белгиска поддршка во процесот на евроинтеграција. Тој нагласи дека Владата е цврсто посветена на спроведување на клучните реформи, вклучително Реформската агенда, како и на целосно усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.

„Особено ја цениме јасната позиција дека евроинтегративниот процес мора да се темели на исполнување на копенхашките критериуми од страна на земјите кандидати, но и на подготвеноста на самата Европска Унија да ги спроведе неопходните внатрешни реформи за прием на нови членки“, истакна министерот Муцунски.

Заеднички беше оценето дека македонско-белгиските односи се на високо ниво, при што беше реафирмирана подготвеноста за нивно натамошно продлабочување, особено во делот на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и привлекувањето нови белгиски инвестиции.

Министерот Прево истакна дека Белгија останува посветена на унапредување на билатералните односи, врз основа на традиционалното пријателство и меѓусебната доверба. Тој изрази задоволство од посветеноста на земјава кон реформските процеси и европската интеграција, особено во делот на усогласеноста со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, и потврди дека Белгија ќе продолжи да биде силен поддржувач на процесот на проширување, врз основа на постигнатите резултати.

На средбата стана збор и за актуелните геополитички предизвици. „Разговаравме и за потребата од мудри, но и храбри геостратешки одлуки во време кога европската безбедносна архитектура се соочува со сериозни искушенија“, заклучи министерот Муцунски.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт4 часа

(Видео) Арбелоа: Винчиќ уништи прекрасен натпревар

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го коментираше испаѓањето на шпанскиот клуб од Лигата на шампионите по поразот од 4:3...

Спорт4 часа

(Видео) Гулер доби црвен картон по завршувањето на натпреварот

Фудбалерите на Реал Мадрид загубија со 4:3 од Баерн на „Алијанц Арена“ во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите...

Спорт4 часа

(Видео) Нула во Лондон – Арсенал е полуфиналист во ЛШ

Арсенал го елиминираше Спортинг и за прв пат во својата историја се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, две...

Спорт4 часа

(Видео) Аматерскиот потег на Камавинга го реши спектаклот во Минхен – Баерн закажа полуфинале со ПСЖ

Баерн Минхен во спектакуларен натпревар, го победи Реал Мадрид со 4:3 и се пласира во полуфиналето, во Лигата на шампионите....

Свет6 часа

Иран разгледува слободна пловидба низ Ормускиот теснец, но под еден услов

Иран разгледува можност да им дозволи на бродовите слободно да пловат по оманската страна на Ормускиот теснец без ризик од...

Спорт6 часа

ТФТ ќе се бори за место во АБА лигата

Кошаркарите на ТФТ се пласираа во финалето, во АБА 2 лигата. ТФТ и во вториот натпревар ја совлада Сутјеска, за...

Свет7 часа

САД им се закануваат на кинеските банки

Администрацијата на Трамп го зголемува финансискиот притисок врз Иран, таргетирајќи ги банките што учествуваат во нелегални трансакции во таа земја....

Свет7 часа

Маѓар го покани Нетанјаху на официјална посета на Унгарија

Канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека во срдечен воведен разговор новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, ја изразил својата...

Спорт7 часа

Шумахер пред ТВ камери ќе се ожени со својот партнер

Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер, наскоро ќе ја круниса својата љубов со брак, и тоа пред телевизиските камери....