Контакт

Македонија

Жерновски: Владата на Мицкоски договара прифаќање на Францускиот предлог

Објавено пред

Андреј Жерновски од СДСМ тврди дека Владата подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог.

„Наши информации од Брисел зборуваат дека Владата на Мицкоски тоа веќе го договорила и тоа се јасни сигнали коишто пристигнаа и од Брисел, и од Берлин, и од Париз. Исцрпени се буквално сите обиди и лаги коишто претходно се обидуваа луѓето од Владата да ни ги продадат. Се сеќавате, сè започна со некакво одложено дејство, па потоа со специјални услови, па потоа дека ќе имаме, нели, за нас некакви посебни договори и така натаму. Па најновото што го слушнавме од Мицкоски е дека ќе сме влегле во Европската Унија, ама без право на глас. Сето тоа падна во вода и веќе нема простор за нови импровизации“, рече тој.

Тој вели дека Владата се обидува да направи стратегија како да го прикажат како победа она што до вчера, како што рече, за нив било лага и велепредавство.

„И целата таа стратегија за тоа што денеска се случува во овие простории, затоа што како поинаку ќе се објасни дека СДСМ бил во право? Ќе се објасни дека токму врз тие лаги дојдоа на власт. Ова сакам да ви го објаснам со тоа што сите заедно, и како политичари, и како новинари, и како граѓани, се зачудивме за наглиот пресврт во политиката и дипломатијата на Тимчо Муцунски. Сè започна со тоа кога самиот призна дека ние не сме северномакедонци, како што тие тврдеа кога беа во опозиција. Дека ние не зборуваме северномакедонски јазик, како што тие тврдеа кога беа во опозиција, туку, напротив, дека денеска сме Македонци и дека зборуваме македонски јазик. Тоа не беше доволно. За да се подготви теренот уште подлабоко, дојдоа неговите уверувања дека, замислете, протоколот не е дел од преговарачката рамка. Нешто што беше основа, клуч за напад врз тогашната власт од денешната опозиција, врз СДСМ. Нешто врз што ги добија изборите“, рече Жерновски.

Тој вели дека претходно претседателката на државата веќе признала дека јазикот, културата и националниот идентитет се заштитени.

„Ја цитирам, токму со Преспанскиот договор. Потоа го имате Тимчо Муцунски. Повторно се изјасни за возвишувањето на НАТО, дека е најдоброто нешто што ни се случило и дека гарантира безбедност за граѓаните. Затоа сакавме да одржиме оваа прес-конференција за да им објасниме на граѓаните што сега се случува и каква стратегија подготвува Владата на Мицкоски. Претстојат денови кога граѓаните, особено оние коишто ја дадоа поддршката на ВМРО, ќе им стане јасно дека тоа беше партијата којашто врз основа на лаги дојде на власт и којашто сè уште со лаги владее. Доаѓа време кога ќе стане јасно дека СДСМ ја зборуваше вистината, дека СДСМ презеде обврски, гласаше одлуки коишто беа за добробит на граѓаните, тешки, меѓутоа за да добиеме просперитет во иднина и да ги зачуваме младите во нашата држава. Доаѓа период кога ќе сведочиме за една победа на политиките и визионерството на СДСМ, но и пораз на политиките и на лагите на ВМРО“, рече Жерновски.

Најново

Регион10 минути

Со виљушкар спасувал патници од возот во Хрватска: „Тоа беше моја граѓанска должност“

Во 10:05 часот меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци, се случил судир на товарен воз на...

Регион16 минути

(Видео) Судир на патнички и товарен воз во Хрватска, 20 лица повредени – шестмина потешко

Два воза се судрија утрово во Хрватска, меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци. Во судирот учествувале...

Македонија29 минути

(Видео) СДСМ бара мораториум за нови комерцијални дата центри, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Националниот дата центар е во корист на граѓаните

СДСМ побара мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода, оценувајќи дека во...

Регион1 час

Вучиќ: Не верувам дека војната во Украина брзо ќе заврши, не разговаравме со Зеленски за воена соработка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не верува оти војната во Украина брзо ќе заврши. Одговарајќи на новинарски прашања...

Спорт1 час

Пропадна траснферот на Аслани во Лајпциг

Трансферот на Фисник Аслани од Хофенхајм во РБ Лајпциг, кој изгледаше како завршена работа, беше откажан во последен момент. Иако...

Спорт1 час

Чоло Симеоне го според Алварез со Гризман

Тренерот Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го потврди ставот на клубот за иднината на Хулијан Алварез, ставајќи крај на шпекулациите за...

Регион1 час

Вучиќ и Зеленски во Белград: Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина

Претседателите на Србија и Украина, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, се обратија пред медиумите по средбите во Палатата Србија во...

Спорт2 часа

Арсенал го насочи вниманието кон Кенан Јилдиз

Арсенал извиси за потписот на Винисиус Жуниор, па спортскиот директор Андреа Берта веќе наде нова цел. Англискиот првак е заинтересиран...

Македонија2 часа

Потребно е време за водата во Гостивар да се прогласи за чиста за пиење, рече Ангелов

Состојбата со водата е значително подобрена и последните наоди покажуваат подобрување, но потребно е време таа да биде прогласена за...