Контакт

Македонија

Жители на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај пријавиле непријатна миризба на хемиски агенси

Објавено пред

Жители на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај пријавиле во полиција дека вчера вечер почувствувале непријатна миризба на хемиски агенси.

Според информациите на МВР, вчера вечер, од 21:00 до 00:30 часот во СВР Скопје, повеќе граѓани пријавиле дека во Скопје, покрај кеј на река Вардар, на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, во воздухот се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси.

За настанот се известени јавен обвинител, комунални инспектори и инспектор за животна средина на Град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди, од утре силен ветер

Објавено пред

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во попладневните часови на повеќе места се очекува локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 5 до 12 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 21 и 27 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали и слаб променлив ветер. Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 9 до максимални 25 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, и во текот на следната седмица ќе продолжи променливо облачното време со сончеви периоди. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Метеоролозите предупредуваат дека утре и задутре ќе дува засилен, а на места и силен ветер од западен правец, со брзина поголема од 60 километри на час. Температурите ќе бидат во пораст до вторник, по што од среда се очекува постепено заладување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Полицијата одзеде автобус што превезувал ученици по пријава за дефекти на патот

Објавено пред

Автобус кој превезувал ученици од екскурзија бил одземен за вонреден технички преглед на автопатот Велес–Скопје, откако претходно бил пријавен поради дефекти за време на патувањето.

Како што информираа од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете се наоѓало во автобусот со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје.

Според пријавата, автобусот неколкупати се расипувал за време на враќањето од екскурзијата.

„На 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А.Ѓ.(43) од Скопје. Автобусот е одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност“, велат од МВР.

Учениците и останатите патници биле безбедно пренесени до крајната дестинација со друг автобус.

Од полицијата најавија дека по целосното расчистување и документирање на случајот, како и по завршувањето на вонредниот технички преглед, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски дојде на власт со лаги за Преспанскиот договор и враќање на името, кажа Филипче

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска кажа дека премиерот Христијан Мицкоски дошол на власт, како што рече, „со лаги и манипулации“ за Преспански договор, државното име и европската иднина на земјата.

Тој посочи дека Мицкоски во предизборниот период ветувал поништување на Преспанскиот договор, враќање на старото уставно име и раскинување на договорот за добрососедство со Бугарија, но дека тоа не се случило по преземањето на власта.

„На било каква порака која ја пуштаме дека е потребна Европа, тие ги пуштаат своите ботови, лажни вести и не напаѓаат дека сме предавници. Па тие дојдоа на власт со лажна кампања дека СДСМ имала предавнички политики. Премиерот ветуваше дека ќе го поништи Преспанскиот договор, ќе го враќа името и ќе го поништи договорот за добрососедство со Бугарија поради тоа што биле предавнички. Ако биле предавнички, зошто не го прави тоа? Тоа значи дека не биле“, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ оцени дека, според него, блокадата на европската перспектива на државата била поради страв од европски механизми за контрола и одговорност.

„Единствената причина поради која ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја блокираат европската иднина е стравот од одговорност европска контрола и европско обвинителство. Луѓето не сакаат напред во Европа, не сакаат европска контрола на системот. Зошто сакаат да продолжат да крадат народни пари преку наместени тендери. Тоа е суштината“, истакна Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет47 минути

Долгогодишен дописник на Би-Би-Си од Москва: Овогодишната парада беше сосема поинаква

Годинешната Парада на Победата на Црвениот плоштад во Москва значително се разликуваше од претходните години, со намален број гости, новинари...

Свет51 минута

Иранската Револуционерна гарда се закани со напади врз американски цели на Блискиот Исток

Иранската Револуционерна гарда предупреди дека ќе изврши напади врз американски локации на Блискиот Исток доколку бидат загрозени иранските танкери, пренесуваат...

Свет53 минути

Израел депортираше двајца активисти по апсење во меѓународни води

Израел ги депортираше шпанскиот државјанин Саиф Абу Кесек и бразилскиот активист Тијаго Авила, откако претходно беа уапсени во меѓународни води...

Свет55 минути

Кревок мир во Ормутскиот теснец: САД ја чекаат одлуката на Иран

Релативен мир владее во Ормутскиот теснец по неодамнешните воени активности, додека САД очекуваат одговор од Иран на најновиот предлог за...

Свет59 минути

Канадската армија бележи најголем пораст на регрути во последните 30 години

Канадските вооружени сили доживуваат значителен пораст на нови припадници, најголем во последните три децении, откако со години се соочуваа со...

Свет1 час

Путин: Војната во Украина се ближи кон крајот

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека смета оти војната во Украина се приближува кон својот крај, и покрај тоа што...

Свет1 час

Крузерот со хантавирус пристигна во Тенерифе: следува сложена операција

Крузерот MV Hondius, кој се наоѓа во центар на епидемија на хантавирус, пристигна во близина на шпанскиот остров Тенерифе, каде...

Економија1 час

Дури и по отворањето на Ормутскиот теснец, сообраќајот нема брзо да се нормализира, вели Меѓународниот транспортен форум

Затворањето на Ормутскиот Теснец предизвика сериозен потрес во глобалниот транспортен систем, а нормализирањето на пловидбата би можело да трае со...

Европа1 час

(Видео) Фицо повика на обновување на соработката меѓу Европа и Русија

Словачкиот премиер Роберт Фицо, единствениот лидер од Европската унија кој присуствуваше на парадата по повод Денот на победата во Москва,...