Контакт

Македонија

Златеска: Подобрување на управувањето со отпад, усогласување на националното законодавство со европските стандарди и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните

Објавено пред

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со спроведување на реформите во областа на животната средина, со фокус на подобрување на управувањето со отпад, зајакнување на транспарентноста, усогласување на националното законодавство со европските стандарди и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните, истакна на прес-конференција Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во рамки на Реформската агенда, презентирани се активностите што институциите ги спроведуваат за поедноставување на административните постапки и унапредување на услугите за граѓаните и деловната заедница. Извршена е анализа на вкупно 31 административна постапка, од кои 15 постапки ќе бидат поедноставени до крајот на 2026 година, за што веќе се подготвени конкретни мерки и планови за нивна имплементација“.

Целта е да се обезбедат, како што рече, побрзи, поедноставни и поефикасни административни услуги, со што ќе се намали административниот товар за граѓаните и компаниите и ќе се подобри пристапот до јавните услуги.

Најави дека веќе е испорачана значајна комунална опрема и механизација за општините во рамки на регионалниот систем за управување со отпад, а се подготвуваат тендерите за изградба на регионалните центри во Русино и Новаци и претоварните станици, а во напредна фаза е центарот во Свети Николе.

„За поголема транспарентност, започната е подготовка на Дигитален регистар со јавно достапни податоци за индустриските емисии.

Домашната легислатива во овој сектор се усогласува со европските стандарди, преку Законот за климатска акција, како и новите закони за природа, животна средина и заштита на Белчишко и Студенчишко Блато.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со доследна реализација на реформите во областа на животната средина, инвестирајќи во одржливи решенија, модерна инфраструктура и законски реформи усогласени со европските стандарди. Со конкретни политики и мерки се создаваат услови за почиста и поздрава животна средина, поголема транспарентност и поквалитетни услуги, со што директно се подобрува квалитетот на животот на граѓаните и се обезбедува одржлив развој за идните генерации“.

Најново

Македонија39 минути

Исполнет уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави Стефковски

Исполнет е уште еден чекор за зонско паркирање во Автокоманда, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Денес на...

Свет42 минути

Хутите нападнаа седиште на нафтен гигант, брод потона во Ормутскиот теснец

Конфликтот на Блискиот Исток дополнително ескалира. Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, го нападнаа седиштето на саудискиот нафтен гигант „Арамко“,...

Свет51 минута

„Покривот на Европа“ изгуби повеќе од еден метар во висина за една година

Највисокиот врв во Европа изгубил повеќе од еден метар во висина во текот на изминатата година. Мон Блан во Франција...

Спорт2 часа

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет2 часа

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија2 часа

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт2 часа

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија2 часа

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...

Свет3 часа

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија....