Контакт

Македонија

ЗНАМ: Појавата на Филипче пред споменикот на ваташките младинци е суров потсетник на политичкото лицемерие

Објавено пред

Вчерашната појава на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и неговите сопартијци, пред споменикот на ваташките младинци, беше суров потсетник на политичкото лицемерие кое со години ја навредува меморијата на македонскиот народ, сметаат од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.

„Во Ваташа се оди со наведната глава пред жртвата на дванаесетте младинци кои беа стрелани од бугарскиот фашистички окупатор само затоа што ја сакале слободата на Македонија повеќе од сопствениот живот. Во Ваташа се оди со чист образ. Но, вчерашната појава на Претседателот на СДСМ, Венко Филипче и неговите сопартијци, пред споменикот на ваташките младинци, беше суров потсетник на политичкото лицемерие кое со години ја навредува меморијата на македонскиот народ. Со кое лице Венко Филипче застана пред споменикот на ваташките младинци? Со кое лице дојде со цела партиска делегација да положува цвеќе пред жртвите на бугарскиот окупатор? Со кое морално право се поклонуваше пред жртвите на бугарскиот фашистички окупатор, кога истата таа политичка структура со години ја релативизира историската вистина на нашата држава? Зарем тоа не е истата партија, чиј лидер и негов ментор, Зоран Заев, зборуваше дека Бугарија не била фашистички окупатор, туку администратор?“, прашуваат од ЗНАМ.

Од таму велат дека граѓаните на Македонија не забораваат кој тврдел дека Бугарија не била фашистички окупатор и кој денес го турка наративот за внесување на Бугарите во Уставот, без притоа да побара ниту историско признание, ниту извинување за злосторствата врз македонскиот народ.

„Ваташките младинци имаа семејства, соништа, храброст и младост пред себе. Перо, Ванчо, Данко, Илија, Ристо, Блаже, Пане, Герасим, Ферчо, Васо, Диме и Пане не беа немилосрдно убиени од администратори. Тие беа стрелани затоа што беа Македонци кои веруваа во слободата и достоинството на својот народ. Затоа денес најмалку што заслужуваат е вистината. А вистината не може да се менува според дневните политички потреби. Не може еднаш да ги нарекувате окупаторите – администратори, а потоа да се претставувате како чувари на антифашистичката традиција. Не може да ја бришете историјата, а потоа да положувате цвеќе врз нејзините најкрвави страници“, се наведува во соопштението.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија смета дека споменот на ваташките младинци е светост што не смее да биде злоупотребувана за политичка рехабилитација на погрешните политики од минатото.

„Македонија никогаш нема да се откаже од својата историска вистина, од својот национален идентитет, од македонскиот јазик и култура, ниту од својата антифашистичка традиција врз која е изградена современата македонска држава. Никој нема право да ја прекројува нашата историја, да ги релативизира жртвите на македонскиот народ или да наметнува толкувања што се спротивни на фактите и колективната меморија на генерации Македонци. Ова не е прашање на политика. Тоа е прашање на достоинство, чест и одговорност кон минатото, но и кон идните генерации кои имаат право да ја знаат вистината за својата татковина. Како Движење, остануваме непоколебливи во одбраната на историската вистина, затоа што народ кој ќе ги заборави своите жртви, ризикува повторно да ја изгуби својата иднина. А Македонија нема право да ги заборави Ваташа, ниту своите дванаесет младинци. Никогаш“, вела од Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.

Најново

Свет18 минути

Мерц ја нападна АфД: „Ремиграцијата“ во практика значи етничко чистење

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини партијата Алтернатива за Германија (АфД) дека ја поддржува Русија на штета на германските интереси...

Култура20 минути

„Бог на колежот“ на 34. МФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградуваната копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, по освоеното Гран при на „Денови на комедија“ пристигнува пред струмичката публика. На...

Македонија23 минути

Дел од Чаир утре без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради уличен дефект на водоводна цевка од ф – 100 мм на...

Свет25 минути

Мерц: Русија со месеци го подготвувала нападот врз аеродромот Лајпциг, избегнавме катастрофа

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале бил со месеци подготвуван во Русија...

Црна хроника26 минути

Претрес во Штип, пронајдена дрога: уапсен 37-годишен маж

Вчера во 10:00 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип...

Европа27 минути

Гугл започнува со огромни инвестиции во Европа: 13 милијарди евра инвестира во Финска

Гугл ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција во Финска во следните две години. Компанијата потврди...

Свет29 минути

„Аксиос“: Трамп не се спротивставил на британските санкции против израелските населби

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, не се спротивставила на иницијативата на Велика Британија за воведување нови санкции против израелските...

Спорт34 минути

Куртоа повторно ја напушти Белгија

Тибо Куртоа (34) дефинитивно нема да игра за белгиската репрезентација на претстојните натпревари од Лигата на нации. Тој ја донесе...

Економија40 минути

„Зелени идеи“ бара нови импакт-бизниси, пријавувањето трае уште една недела

Здружението „АРНО“ потсетува дека остануваат уште седум дена до затворањето на националниот натпревар „Зелени идеи“, на кој можат да аплицираат...