Македонија
ЗНМ: Пешевски да даде оставка или да го разрешат!
Здружението на новинарите на Македонија остро гo осудува недоличното однесување на потпретседателот на владата Владимир Пешевски, кој минаната недела после прес конференцијата на која го претставувал извештајот на Дуинг бизнис за Македонија, навредувал новинарка од дневниот весник Вест поради тоа што прашала дали владата размислува да ја покачи старосната граница на 67 години за одење во пензија.
Пешевски иритиран од инсистирањето на новинарката да добие прецизен одговор околу намерата на владата да ја покачи старосната граница за заминување во пензија, дали вие можете да одговорите со да или не ако ве прашам дали твоите дома знаат дека си проститутка, посочуваат од ЗНМ.
Пешевски, покажува дека нема основно домашо воспитување и политичка култура, која се граничи со силеџиство и примитивизам. Ваквиот напад не е вперен само кон еден професионален новинар, на кој основна задача е да поставува неријатни прашања за политичарите, туку е напад и врз слободата на медиумите, велат од ЗНМ.
Ваквите напади имаат за цел да ги омаловажуваат и заплашуваат новинарите да не бараат отчет од работата на јавните функционери да ја убијат смислата на улогата на новинарството во демократско општество, додаваат од ЗНМ.
Непријатно сме разочарани и од однесувањето на колегите кои биле присутни на настанот и не реагирале на навредите на Пешевски. Апелираме во иднина во слични ситуации новинарите заеднички да реагираат и да покажат поголема солидарност. Крајно лицемерно е политичарите да бараат од медиумите да изестуваат професионално за изборната кампања кога во исто време физички напаѓаат и навредуваат новинари без да понесат било каква одговорност, порачуваат од Здружението на новинари.
Бараме вицепремиерот Пешевски јавно да се извини на новинарката, но и да поднесе политичка одговорност. Или сам да поднесе оставка или премиерот Емил Димитириев да го разреши. Го потсетуваме Димитриев дека за слични навреди кон новинарка, српскиот премиер го разреши министерот за одбрана, додаваат од ЗНМ.
Истовремено ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се огради од однесувањето на нивниот министер и член на најтесното партиско раководство и бараме да не го кандидираат за пратеник на следните избори. Во спротивно, ќе сметаме дека партијата оправдува и дозволува насилство и непримерно однесување кон новинарите, порачуваат од Здружението./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ибраимоски и Глигорова: „СТОП за исвршителите, брзите кредити и должничкото ропство“ е еден од главните постулати на програмата „Храбро за Македонија“
Носителот на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица пет, Самка Ибраимоски, денеска заедно со активистката и кандидатка за пратеничка Ана Глигорова ја посетија Битола каде се потпишуваше петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“.
Воедно, Ибраимоски и Глигорова нагласија дека оваа борба за правда, за враќање на извршителите кадешто им е местото и ослободување на народот од должничко ропство е еден од главните приоритети на предизборната програма на коалицијата „Храбро за Македонија“.
– Денеска бевме во Битола, на средба со граѓани. Имавме петиција за „СТОП на извршителите“ и стоп за кеш кредити, успешна петиција. Суштината на нашата кампања во изборна единица пет, ќе биде токму оваа агенда: „СТОП за извршители и СТОП за брзи кредити“. – нагласи Глигорова.
– Ме радува што сите граѓани ја прифатија нашата иницијатива и се потпишаа многу луѓе и тоа е добро, што народот почна поинаку да размислува за разлика од претходно. И очекувам дека и во другите градови, како што се Ресен, Охрид, Струга, Демир Хисар и другите околни места, ќе ни ја дадат поддршката за парламентарните избори, истакна претседателот на ПЦЕР и носител на пратеничката листа, Самка Ибраимоски.
Скопје
Арсовска изврши увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со претставници од Секторот за планирање и уредување при Град Скопје и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршија увид во завршните градежни работи на реконструкција на водоводната мрежа на улицата Антон Попов во општината Гази Баба.
Со изведбата на водоводните приклучоци на овој потег кои се поврзуваат со постојната водоводна мрежа со профил од 150 милиметри, се решава повеќедеценискиот проблем на жителите со честите прекини во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а се решаваат загубите на вода и трошоци за поправките на дефектите на водоводната мрежа, велат од Град Скопје.
Изведбата на овој проект претставува дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска за обновување на градската мрежа, во децениски заборавените населени места, што претставуваше и долгогодишно барање на жителите од тој дел на градот, се додава во соопштението на Град Скопје.
Скопје
Скопје викендов со изменет режим на сообраќај поради одржување на предизборни митинзи
Поради одржување митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година на 21 април (недела) во 13.00 часот пред седиштето на Европската унија на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на оваа улица почнувајќи од 19:00 часот на 20 април (сабота) до 21.00 часот на 21 април (недела), соопштуваат од МВР.
Притоа, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосница со булевар „Кочо Рацин“ до крстосница со булевар „Св. Климент Охридски“.
Исто така, на 21 април во 20.00 часот на плоштад „Македонија“ во Скопје ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори 2024 година.
Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните