Контакт

Македонија

„Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува“, прашува СДСМ

Објавено пред

„Шест недели по труењето на цел еден град, со над 5.000 луѓе кои завршија по болници и се уште нема документ за водата во Гостивар. Зошто граѓаните не можат да видат резултати, анализи, извештај? Ако нема што да се крие зошто не се објавува“, прашуваат од СДСМ.

„Министерот за здравство Сашко Клековски најави дека на 20 август ќе биде објавен епидемиолошки извештај. Каде е целосниот извештај?

Зошто се објавуваат само парчиња од документацијата, а не целата анализа? Во текот на кризата граѓаните добиваа различни и противречни информации. Прво водата беше прогласена небезбедна за пиење. Потоа беше прогласена дека може да се корсти само за техничка употреба.

Тошковски спроведуваше хиперхлорирање. Потоа кажаа дека има бактерии во водата. Тотален хаос. Па Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија. Пред да им заврши екскурзијата функционери пиеја вода пред камери со срамни здравици и рекоа дека може да се пие водата.

Но, не се објавија целосните резултати од анализите на водата. Каде е целосниот извештај за водата во Гостивар?

Кој донел одлука водата повторно да биде пуштена за пиење и врз основа на кои резултати? Кој со име, презиме и потпис гарантира дека водата е безбедна?

Дали на овој начин некој сака да побегне од одговорноста? Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата вистина. Целиот извештај, сите анализи и сите потписи“, бараат од СДСМ, преку писменото соопштение.

Најново

Забава23 минути

Хали Бери и Оливие Мартинез повторно на суд: Актерот бара зголемување на алиментацијата

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда...

Македонија47 минути

Пензиските заштеди и правата на членовите – во фокусот на реформите: АДПФ бара јавна, аргументирана и стручна дебата

Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови (АДПФ) денеска повика секој предлог за реформа на пензискиот систем да се...

Македонија49 минути

(Видео) Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка?

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД...

Македонија1 час

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР апелира на внимателност

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку...

Македонија1 час

Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател на Лекарска комора

Лекарска комора информира дека на денешната седница на Собранието на Комората, проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател...

Свет1 час

Дојави за бомби во 300 италијански училишта

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, соопшти италијанскиот министер за...

Спорт2 часа

Легендарниот Уертас замина од Тенерифе, следната станица е Дубаи

Бразилскиот ветеран Марселињо Уертас (43) го напушти Тенерифе, по речиси седум години и отвора нова страница во својата неверојатна кариера....

Македонија2 часа

За да нема голем ценовен скок на струјата, ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани да не поскапи, но доколку е неопходно, поскапувањето ќе биде под 5 %....

Економија2 часа

Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жените во енергетиката“

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалното и меѓународното внимание, како домаќин на Првиот форум...