Македонија
Анѓушев и Жбогар со поддршка на проект за планински велосипедизам во Берово
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, присуствуваа во Берово на промоцијата на потпроектот „Планински велосипедизам“ на здружението „Малешевска корија“, кој е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност.
Како што информираат од владината прес-служба, овој проект се реализира од кабинетот на вицепремиерот со финансиска поддршка од делегацијата на Европска Унија и од Светска банка.
Анѓушев истакна дека ова е еден од вкупно 47-те потпроекти кои во моментот се спроведуваат во рамките на Проектот за локална и регионална конкурентност.
„На здружението ‘Малешевска корија’, кои го спроведоа потпроектот ‘Планински велосипедизам’, во вредност од околу 3,2 милиони денари, им посакувам многу успех, преку оваа активност да привлечат многу туристи. Тоа дека туризмот може да биде една од гранките коишто можат да ја задвижат економијата покажуваат и последните официјални бројки. Потпроектот што се спроведува во Берово покрај тоа што има економска компонента има и социјална компонента и уште една подлабока компонента, а тоа е дека со збогатување на туристичката понуда, се зголемуваат можностите како младите луѓе од Берово, но и од целиот Малешевски Регион да обезбедат своја егзистенција и иднина и да продолжат да живеат во регионот и да не ја напуштат нашата убава држава“, нагласи вицепремиерот во обраќањето.
ЕУ амбасадорот Жбогар посочи дека Северна Македонија е објавена од страна на Lonely Planet како една од 10-те дестинации кои треба да се посетат во 2020 година.
„Јас доаѓам од Словенија и ние имаме кај нас природа и сме горди на таа природа, но таа сама по себе не е доволна, туристите бараат повеќе: авантура, гастрономија, искуство, култура, за да добијат целосно доживување. Северна Македонија ги има сите потребни елементи, а сега треба да се доврши приказната, да се изгради наратив и кога го велам тоа, се сеќавам на филмот ‘Полето на соништата’ каде велат ‘Ако го изградите, ќе дојдат’ и токму тоа сега заеднички го правиме“, потенцира евроамбасадорот.
Директортката на проектот, Антонија Шишак, нагласи дека тој треба да ја збогати туристичката понуда на земјата и да ја подобри инфраструктурата и пристапноста до туристичките локации и атракции.
Проектот за локална и регионална конкурентност со вкупна вредност од 21 милион евра содржи три компоненти: поддршка на локалната самоуправа во изградба на инфраструктура за поттикнување на конкурентноста, особено во туризмот, поддршка на микро, мали и средни претријатија кои се занимаваат со туризам и угостителство, како и поддршка на здруженија и асоцијации од туристичката дејност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има распоредено сите полициски службеници ширум државата кои треба да се грижат за спроведување на фер и демократски процес.
„Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес. Денот е убав, се надевам дека граѓаните ќе можат да го остварат своето гласачко право, на едни демократски избори. Покриени се сите сектори за внатрешни работи со технички услови. Се постапува според утврдените насоки од изборниот штаб“, додаде Тошковски.
Тошковски смета дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Македонија
Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче
Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори.
Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.
На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени.
Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето Знам, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.
Владата го прогласи денот на изборите за неработен.
Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со државјанство на Северна Македонија.
Во посебен избирачки список запишани се 2.147 лица кои издржуваат затворска казна или притвор.
Скопје
ЈСП: Јавниот превоз по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.
Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.