Македонија
Вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 22 ноември
Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 22 ноември. Од таму информираат дека се набавени 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници.
Дополнително, набавени се и 21.000 комерцијална вакцина од Центрите за јавно здравство.
Од Министерството велат дека првпат, од оваа година се подобрува достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип, покрај 10-те Центрите за јавно здравје, во вакцинацијата ќе бидат вклучени и три поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствен Дом Скопје.
Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14 до 18 часот.
Заинтересираните лица можат да закажат бесплатна вакцинација од 18 ноември, преку својот матичен лекар.
Како и во изминативе сезони, велат од МЗ, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во февруари.
Од Министерството ја повикаа опозициската ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири, како што велат, неточни информации во јавноста.
„Ширењето на лаги стана главната одлика за нивно функционирање, кои внесуваат забуна, недоверба и на штета на пациентите. Сите постапки кои се спроведуваат во Министерството за здравство се законски, во рок, јавни, транспарентни и на увид на целата јавност“, се наведува во соопштението.
Од Министерството велат дека лековите се оригинални, квалитетни и не се од паралелен увоз, како што претходно беа набавувани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.