Македонија
Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра
Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа.
Во изминатиот период извршени се надзори на 30 градилишта, при што се изречени 24 казни за различни прекршувања, меѓу кои незаконско зафаќање јавни површини со градежен материјал и валкани гуми. Санкциите се движат од 1.300 до 1.800 евра, известуваат од Општината.

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски порача дека локалната самоуправа ќе реагира на секое нарушување на јавниот простор и безбедноста на граѓаните.

„Континуирано спроведуваме надзор на активните градилишта во општината. Сите што ги прекршуваат прописите и го узурпираат јавниот простор ќе се соочат со соодветни мерки. Наша цел е да обезбедиме уредена средина за граѓани“, рече Герасимовски.

Од Општина Центар додаваат дека редовните контроли се дел од пошироката заложба за спречување бесправна градба и заштита на заедничкиот простор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изградбата на водоводот за Љубанци и Љуботен напредува со одлична динамика, известуваат од општината Бутел
Денеска градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на систем за водоснабдување на граѓаните на село Љубанци и село Љуботен.
„Историскиот проект – изградба на водовод за Љубанци и Љуботен денес е реалност. Поставени се 400 метри цевковод на двата крака на трасата.
Истовремено, се поставуваат цевки на вториот крак на водоводот, на резервоарот Љуботен. Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски обезбеди 110.000.000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти – систем за водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен, со чиста вода за пиење од градскиот водовод“, известуваат од Општината
„Градоначалникот Дарко Костовски изрази голема благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, за големата поддршка за овој исклучително значаен проект. Воедно, градоначалникот истакна дека иако многумина политичари не се ни обидоа и не веруваа, а некои политички противници сè уште го оспоруваат и се противат на проектот, граѓаните на Љубанци и Љуботен ќе имаат постојано водоснабдување со здрава и кавалитетна вода за пиење“, додаваат од Општината.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски говори изминативе 7 години про-руското влијание било зголемено во Македонија, тие години СДС и ДУИ беа на власт
„Почитуван’’ поранешен претседател на Македонија, она што го говорите на едно ваше интервју за наводно про-руско или про-српско влијание во државата во изминатите 7 години, да ве потсетиме дека тој период на власт беа СДС и ДУИ.
Од тие изминати 7 години, да ве потсетиме дека вие бевте претседател на државата, период во кој вие велите дека е зголемено истото тоа влијание во државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Прашуваат, дали Пендаровски, заедно со СДС и ДУИ, имаат создадено или овозможено про-руско влијание во државата? Дали Пендаровски и власта на СДС и ДУИ, лицемерно говореа и ја поддржуваа Украина, додека од друга страна создавале терен за други влијанија во државата?
„Како ВМРО-ДПМНЕ апсолутно ја поддржуваме Украина и ја осудуваме Руската инвазија врз Украина, а тоа се потврдува и со зголемениот Буџет оваа година за помош на Украинаё“.
Македонија
13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица
На почеток на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен службеник во Министерството за економија кој е во притвор и во чија ќелија биле пронајдени вкупно 13 мобилни телефони и лаптоп.
„Морам да ве предупредам дека ви следува самица и други казни“, рече судијката Груевска-Илиевска.
Обвинетиот Камбери се обиде да објасни дека и тој ги нашол 13-те мобилни и компјутерот во ќелијата, што судијката не го зеде предвид и уште еднаш му кажа дека мора да го предупреди.
Судењето продолжи со изјави за оштетни побарување од семејствата на загинатите и за повредените.

