Македонија
Кекеновски: Ние сакаме да бидеме народни пратеници, а не политички платеници
По објавувањето на последниве аудиобомби мислам дека на сите нам ни стана јасно што правеле и што прават лидерите и раководставата на овие партии, изјави Јове Кекеновски на прес-конференција, во име на коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“.
„Едниот добивал пари за спас на партијата, а за возврат го рушел СЈО и се обидувал да влијае на текот на кривичната постапка која се води за бизнисменот финансиер и за останатите учесници. Другиот постојано ги рекетарел сите оние што имале потреба да им се заврши некоја работа и со пари добиени од корупција работел на промена на името, односно на успех на референдумот, кој, за среќа, беше неуспешен. И наместо членството и јавноста да ги осудат и да побараат нивна оставка и одговорност, тие и понатаму бесрамно излегуваат пред граѓаните и уште пожестоко замајуваат и манипулираат, И едниот и другиот веќе знаат што ги чека доколку не дојдат или не останат на власт. Зa трагедијата да биде поголема, од надлежните инститиции молк. Тие се и слепи и глуви на овие аудиобомби“, рече Кекеновски.
Кекеновски истакна дека дел од нивните стратешки определби се враќање на името, поништување на Преспанскиот договор, преиспитување на Договорот со Бугарија, Законот за двојазичност, среднорочни и краткорочи планови и акции и задачи.
„Ние сакаме да бидеме народни пратеници, а не политички платеници и извршители на желбите на лидерите на политичките партии. На државата не ѝ требаат слепи и послушни пратеници кои само ќе стискаат зелено и црвено копче согласно директивите кои ги добиваат од партииите. Затоа како носител за ИЕ 2 сакам јавно да соопштам дека за разлика од досегашниве собраниски платеници (извршители), избраните народни пратеници од нашата Коалиција ќе имаат слобода самостојно да одлучуваат и обврска максимално да соработуваат со органите на ЕЛС (Совет и градоначалник) сé со цел како избрани народни пратеници да го подигнеме квалитетот на живеење во општините во кои сме избрани. Тоа значи пратениците да помагаат и соработуваат со локалните власти за реализација и помош од државата за сите локални проекти за кои е потреба помош од централната власт“, рече Кекеновски.
Доколку ја добијат довербата на граѓаните, наведе дека ќе исполнат неколку планови и ќе побараат:
1. Да биде укинат имунитетот на пратениците и останати носители на јавни функции (освен за претседателот на државата).
2. Ке се укинат патните трошоци на пратениците во висина на карта за автобуска линија,
3. Од она што го гледаме секојдневно имам чувство дека во ЈО се изнамножиле копии на ликот и делото на Катица Јанева, а тоа не смее да се толерира и ќе се стави крај на ,,умножувањето и на загадувањето на околината” на овие рушители на системот, како и нивна материјална и кривична одговорност.
4. Во рок од 6о дена од изборот отворање постапка за приспитување на работата на Судскиот совет и разрешување на сите оние кои се огрешиле и Советот на обвинители. Не може во нивните редови и понатаму да седат и одлучуваат персони за кои има поведено сериозна кривична постапка и кои се повикуваат на имунитет.
5. Распуштање на Уставниот (политички) суд, ќе ги замолиме сите за оставка, доколку не сакаат, ќе побараме парламентарно мнозинство за да ги разрешиме. Не смееме и понатаму да дозволиме за уставноста и законитоста да ни одлучуваат партиски поставени извршители. Сакаме Уставен суд составен од стаменити и стручни персони кои имаат знаење, капацитет и дигнитет, а не како досега партиски послушници кои реагираат на повик на оние кои ги предложиле и поставиле на функцијата.
6. Гарантираме дека за најмногу од 60 дена од нашиот избор ќе ги изнесеме на површина сите нејасноти и нелогичности во најновиве афери на власта („Рекет 1“ и „Рекет 2“ како и случајот „Империја“) и ќе бараме најстроги казни за сите инволвирани страни во. И дека ке ги казниме виновниците од власта кои му овозможија на поранешниот премиер да побегне од лицето на правдата.
7. Ќе побараме расчистување на случајот Диво Насеље и проширување на истрагата и кон лицата кои придонеле да не се дознае вистината за овој случај, како и откривање на јавноста за причините за оставките на двете клучни личности во тој период.
8. Укинување на функцијата заменик-министер и потпретседател на Владата за спроведување на Рамковниот договор;
9. Укинување на одредбите на Избирачкиот законик кои протежираат би(три)партизам наместо мултипартизам и, секако, укинување на одредбите кои се однесуваат на техничка влада на 100 дена пред изборите
СРЕДНОРОЧНИТЕ ПЛАНОВИ ОД ПРОГРАМАТА СЕ ОДНЕСУВААТ НА РОК ОД 6 МЕСЕЦИ ОД ИЗБОРОТ
1. Генерално прочистување на судството, обвинителството и полицијата (во смисла преиспитување на сите сомнителни судски пресуди во последниве 20 години, преиспитување на стручноста на судиите и обвинителите, преиспитување на потеклото на имот на судиите и обвинителите и нивниот кариерен напредок, одговорност на сите оние кои монтираа и извршуваа нарачан кривичен прогон);
2. Експресно завршување на сите кривични постапки во една фер постапка, за да не застарат делата. А оние кои се застарени по вина на судиите или обвинителите истите ќе сносат одговорност т.е. ќе бидат разрешени и ќе бидат обвинети за злоупотреба или, пак, несовесно постапување во службата
3. Приспитување на начинот на стекнување на имотот на сите оние кои биле на власт во последниве 20 години и конфискација на нелегално стекнатиот имот, нагласи Кекеновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.
Скопје
Осум скопски општини денеска без струја
Според добиеното известување од ЕВН Македонија АД, Регионалниот центар за управување со кризи-Град Скопје, информира дека, поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.
· Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Максим Горки, реон Дом на градежници (општина Центар).
· Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, поголемиот дел од потрошувачите на ул.Ринхини.(општина Ѓорче Петров)
· Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, корисниците од с.Визбегово, дел од с.Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.(општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево)
· Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Кавалска.(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на пат за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче.(Аеродром)
· Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. 4031, село Марино.(општина Илинден)
· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од бул.Борис Трајковски (од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево).(општина Кисела Вода)
· Во периодот од 10:30 до 12:00 часот, корисниците од с.Сандево, Бањане, Горњане, Дел од с.Мирковци.(општина Чучер Сандево)
· Во периодот од 13:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Исаија Мажовски и Воин Драшкоци.(општина Ѓорче Петров)
Македонија
Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг
Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат Максим Димитриевски. Иако е јасно дека не влегува во вториот круг, Димитриевски првиот круг од изборите го смета за голем успех.
„Можам да потврдам дека се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата, која во следниот период имаме намера дополнително да ја потврдиме и надградиме, со цел еден ден граѓаните да имаат можност да изберат нешто ново“, рече Димитриевски.
На противкандидатите им честита за успехот и се заблагодари на можноста да води кампања за која рече дека не била еднаква за сите оти законот што е во сила не дава еднаква можност за медиумско претставување на сите партии.
Рече дека се гордее на секој глас што го добиле како партија регистрирана пред само три месеци.
„Факт е дека јас како кандидат и ЗНАМ освоив повеќе од 80.000 гласа. Регистриравме субјект што постои нешто повеќе од три месеци и со граѓанската поддршка се етаблира на трето место во политичкиот блок. Сметам дека тоа е одличен појдовен резултат за понатамошна борба. Јас не се сеќавам дека во историјата на плурална Македонија имало вакви примери, да имате партија со некаде три и пол илјади члена, а да освоите над 80.000 гласа. Искрено, се гордеам на секој глас што дојде како поддршка за мене и ЗНАМ. И покрај тоа што трендовите се тие, десницата добива, а левицата губи, единствено десницата доживеа пораз во бастионот на асномска Македонија, а тоа е Куманово“, рече Димитриевски.
Им порача на сите политичари дека треба да учат од овие избори оти граѓаните дале јасна насока каде сакаат да се движи државата, а посебна порака упати до Стево Пендаровски, кој има 100.000 гласа помалку од Гордана Силјановска-Давкова.
„Почитуван мој претседателе, разликата е огромна. Доколку сакате да опстанат централната и левата идеја во државата, откажете се од оваа битка и оставете нѐ да победиме во име на граѓаните во вториот круг“, порача Димитриевски.
Кога ќе завршат парламентарните избори, Димитриевски е уверен дека ЗНАМ ќе биде политички фактор за стабилност во државата, без кој нема да може да се формира идната влада. Најави дека кога ќе ги почнат преговорите за формирање парламентарно мнозинство, на сите политички партии ќе им ги испорачаат нивните предлози за црвените линии на македонскиот народ.