Македонија
Намалена смртноста кај новороденчињата во првите шест месеци од годинава
Во првите шест месеци од 2018 година, споредено со истиот период лани, смртноста кај новороденчињата на Клиниката за гинекологија е намалена од 26 на 17 отсто, соопшти Министерството за здравство.
Од таму наведуваат дека Снежана Рсовац, педијатар, пулмолог и началник на педијатриската интензивна нега при Универзитетската детска клиника во Белград, која веќе еден месец престојува на скопската Клиника за гинекологија и акушерство како експерт, помага да се намали смртноста кај новороденчињата.
„За време на нејзиниот престој, за само еден месец направени се неколку суштински промени кои придонесуваат за поголема и поорганизирана работа на ова одделение, се разбира во интерес на малите пациенти. На иницијатива на доктор Рсовац, на ГАК на одделението за неонатална интензивна нега и терапија, воведени се нови листи на терапии, дозволени се посети на одделението за мајките и сега може да дојдат да бидат со бебето“, велат од Министерството за здравство.
Според нејзини насоки е воведена и неинванзивна вентилација преку постоечките респиратори и е воведен специјален Неопаф – респиратор во салите.
„Но, исто така во договор со директорите на трансфузиологија и радиологија, најден е начин како да се забрза изработка на анализите кои ќе бидат готови само за само еден ден, со што ќе се интензивира работата, а ќе се намали чекањето на резултатите, што е примарно за брза лекарска реакција кај новородените“, велат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени
ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, со доумерен ветер и со снег на повисоките места.
Кога се оди со возило на планините е препорачливо да се има полн резервоар гориво и да се внимава на лизгавоста и проодноста на патот, велат од ЦУК.
„Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации“, се наведува во соопштението.
Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
„Во реонот на автопатот A2 Кичево-Охрид, што е во изградба, во период од 12 до 16 часот ако се слушнат силни детонации, граѓаните да не се вознемируваат, во повеќе наврати ќе се извршат минирања на теренот“, информираат од ЦУК.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.
Македонија
Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците
Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места.
Денеска ќе гласаат избирачите запишани во посебниот извод од избирачкиот список, односно дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштени и внатрешно раселените лица.
Гласањето за претседател започна во саботата, први гласаа членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во посебниот извод од избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијаспората.
Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии треба да гласаат наши граѓани кои живеат во странство а кои се пријавиле за гласање.
Право на глас имаат 1.814.317 гласачи запишани во единствениот избирачки список. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот. Се гласа на 3480 избирачки места во целата земја.