Македонија
Општина Бутел отвори Јавен повик за субвенционирање велосипеди и електрични тротинети
Од денеска во општина Бутел е отворен Јавен повик за субвенционирање велосипеди и електрични тротинети.
Општина Бутел очекува голема заинтересираност од жителите и токму затоа општината го субвенционира секој купен велосипед со 50% од вкупниот износ на новиот купен велосипед или максимум 3000 денари од цената, или доколку се одлучат жителите на општина Бутел да купат електричен тротинет тогаш сумата која ќе ја субвенционира општината е 3.000 денари за секој купен електричен тротинет.
Сите заинтересирани граѓани на општина Бутел можат да го видат Јавниот повик за субвенционирање кој е објавен на веб-страницата на Општина Бутел http://www.opstinabutel.gov.mk и на Огласната табла во општината, а доколку сакаат да aплицираат ќе треба да ги достават своите документи до архивата на општина Бутел секој работен ден од 8:00 до 16:30 часот.
Во овој Јавен повик ќе важи правилото „прв дојде прв услужен“.
Со овој потег се стимулираат бутелчани активно да користат велосипедиили електрични тротинети со што ќе придонесат за намалување назагаденоста на амбиенталниот воздух, а со самото тоа ќе придонесат за заштита на животната средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ
Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората во Берлин на Коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).
Меџити од овој собир на дијаспората и се обрати со зборови каде им ја даде убавата вест дека на 8 мај пристигнува победата, но и за вредноста на учеството на дијаспората во овие избори кои многу добро знаат да казнуваат режими и тие кои го мразат Курти и Косово.
„Првите политички движења се отпочнати од дијаспората, како за совладување на Југославија, така и за независноста на Косово, а токму од ова дијаспора ќе пристигне и казната за ДУИ која се спротиставува на Косово и кокетира со Вучиќ”.
Тој, исто така, додаде дека сега е историскиот момент за промени во албанската политичка сцена после децении, со обединетата опозиција и со Самоопределување.
Македонија
Во Скопје санкционирани 179 возачи
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал – црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи
Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.
Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.