Македонија
Се враќаат долговите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, тврди владејачката партија
Факт е дека Владата предводена од СДСМ одговорно управува со јавните финансии, ја намалува фреквенцијата на задолжување и редовно ги сервисира наталожените долгови. Со дел од средствата од вчерашните аукции се враќаат стари долгови направени од ВМРО-ДПМНЕ. Овие средства се обезбедени со пониски камати во однос на аукциите во минатото кога се движеле и до 4,60 отсто. Само во јуни по основ на претходни долгови, односно за претходно издадени државни хартии од вредност, за исплата достасуваат речиси 30 милиони евра, се вели во реакцијата на СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ е лицемерна. По економскиот пустош што го направи, кога граѓаните и државата беа задолжувани и осиромашувани само за да се остваруваат нечии криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за задолжувања. Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорно и домаќинско управување со јавните финансии. Со таквите политики се отвораат можности за сериозен пад на јавниот долг за неколку години кога ќе бидат исплатени старите задолжувања оставени од ВМРО-ДПМНЕ, кои со каматите изнесуваат над 2 милијарди евра“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.