Македонија
(Видео) Шекеринска: Подготвени сме за сојузништво со НАТО
Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска присуствуваше на отворениот ден на обуката на копнени сили на САД која се одвива на армискиот полигон „Криволак“.
Обуката на американските војници претставува можност АРМ да го провери и демонстрира својот капацитет за да биде домаќин на обуки на воениот полигон „Криволак“, соопштуваат од Министерството за одбрана.
Истовремено, додаваат оттаму, ова го прикажува и силното партнерство помеѓу армиите на Македонија и Соединетите Американски Држави и ја нагласува зголемената способност на Македонија да придонесува кон алијансата.
Во изјавата за медиумите Шекеринска рече дека вежбата и полигонот „Криволак“ се пример дека Македонија не очекува само да стане земја членка на НАТО и да ги користи придобивките на членството, туку и дека има што да им понуди на сојузниците.
„Изминатиов период инвестиравме многу во засилување на капацитетите на ‘Криволак’ и во неговото сертифицирање. Како резултат на фактот што Седмата команда за обука на воените сили на САД даде сертификат воениот полигон ‘Криволак’ да може да го користат и нивните воздухопловни сили денеска сме на вежба на која првпат, освен копнените сили, на полигонот вежбаат и припадниците на дел од американските воздухопловните сили. Тоа покажува дека имаме со што да се пофалиме и дека имаме што да понудиме“, изјави министерката Шекеринска.
Заедно со министерката Шекеринска на „Криволак“ присуствуваше и заменичката на американскиот амбасадор во Македонија, Микаела Швајцер Блум.
Таа ја оцени како извонредна можноста да се види како војниците на САД се обучуваат тука во Македонија заедно со своите македонски колеги.
„Важноста на ”Kриволак’ за војските на САД и партнерите е само последниот доказ за подготвеноста и спремноста на Македонија за приклучување кон НАТО. Партнерството меѓу Македонија и НАТО е силно и ќе стане уште посилно штом Македонија му се приклучи на НАТО. САД се посветени на спроведување на пристапниот процес и членството на Македонија во НАТО и ги охрабруваме сите граѓани на Македонија да учествуваат во овој процес и да ја искористат реалната шанса што Македонија во моментот ја има за влез во НАТО и на тој начин да ја гарантираат својата идна безбедност и просперитет“, рече заменичката на американскиот амбасадор.
Обуката на Копнените сили на САД за Европа на полигонот „Криволак“ започна на 1 август и ќе трае до 20 август, при што АРМ обезбедува логистичка поддршка, сместување и ги отстапува на користење терените за обука, обезбедува помош и придружба на воениот транспорт до и од полигонот „Криволак“ и ја набљудува обуката, додаваат од Министерството за одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00ч до 16,00ч дел од корисниците во с. Волково и с. Кучково ( о. Ѓ. Петров);
· Од 09,00ч до 14,00ч корисниците од ул. Банско, ул. Баница, ул. Наум Охридски и ул. Жванска (о. К. Вода);
· Од 07,00ч до 15,00ч новите згради спроти Мерцедес ул. 852 (о. Г. Баба) и
· Во период од 09,00ч до 15,00ч дел од ул. Милан Мијалковиќ, ул.Пржино, ул.Кавалска (о. К. Вода).
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо, наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Македонија
Османи: Европскиот фронт е голема идеја чие време е дојдено
Кандидатот на Европскиот фронт, Бујар Османи, вечерва на митинг пред граѓаните на Кичeво изрази благодарност до лидерите на Европскиот фронт и коалицијата која, како што вели Османи, е продолжение на битките во континуитет една по една, за разбивање на замоците на етничките монополи.
„Европскиот фронт не е политичка партија. Европскиот фронт не е ни коалиција на политички партии, Европскиот фронт е голема идеја. Тоа е одлична идеја чие време дојде, лавина што ги собра соништата на секој граѓанин на оваа земја, за еднаквост, за правда и просперитетен живот во ЕУ. И ова го гледам како ентузијазам, како насмевка во секое населено место каде што одам, бидејќи Европскиот фронт е трета унија, но сега со малку поинаква димензија“, истакна Османи.
Кандидатот на Европскиот фронт, Османи понатаму истакна дека останува уште едена последна тврдина на етничкиот монопол.
„Тврдината која нè загрижува сите и секогаш ни го дава тој сигнал дека се уште не е сè како што треба, сè уште нема еднакви можности за сите, таа е тврдината на првиот претседател. Значи, браќа и сестри, се натпреварувам, на 24 април да ја разберете тежината на оваа мисија, дека вашиот глас не е само за мојата кандидатура, вашиот глас, вашата поддршка е за да ја разбиете последната тврдина на етничкиот монопол и за заокружување на еднаквоста на сите заедници во нашата заедничка држава“, заклучи Османи.