Македонија
Јубилеен 100-ти број на неделникот „Скопско ехо“
Неделникот „Скопско ехо“, јубилеен, 100-ти пат, се среќава и појавува со и пред своите читатели.
Од редакцијата на „Скопско ехо“ истакнуваат дека тоа не е мала работа доколку се земе предвид дека неделникот му припаѓа на семејството печатени весници што сè потешко опстојуваат на, како што се вели, немилосрдниот медиумски пазар, каде што електронските медиуми се во прв план.
„Многумина се сомневаа дека ќе преживееме издавање само 5 броја, но еве, денеска, со рекорден тираж од 100.000 примероци, покажуваме дека ‘Скопско ехо’ не само што преживеа туку е и неизоставен дел од животот на многу скопјани веќе две години“, велат од редакцијата на неделникот и додаваат дека стоте отпечатени изданија се јубулејно закружување од првото издадено на 26 октомври 2016 година.
Во „Скопско ехо“ главни соговорници се скопјани, а главните теми се секогаш за Скопје, за животот и потребите на градот, а на страниците на неделникот секогаш има место за скопски таленти, за добри идеи и конструктивни критики. Неделникот се доставува бесплатно до поштенските сандачиња на граѓаните, а скопјани може и слободно да го земат на повеќе од 150 локации во градот.
Првиот број се појавил во тираж од 12.000 примероци, а како што велат од редакцијата, од тогаш тиражот оди во нагорна линија – 25.000, 35.000 и 50.000 за јубилејниот 50-ти број.
Меѓутоа, „Скопско ехо“ е единствен весник што не добил субвенции од Владата наменети за помош на печатени медиуми од 50 милиони денари.
„Благодарение на критериумите за доделување на поддршката – некој се потрудил ‘Скопско ехо’ да не може да влезе во кругот на оние печаени медиуми чие опстојување ќе го помага државата. Што сè се крие зад ова, ќе покаже времето, но тоа веќе покажа дека токму ‘Скопско ехо’ успева во спасувањето на печатениот медиум од ударот на модерните медиуми“, велат од редакцијата на неделникот.
Од таму додаваат дека од ноември минатата година читателите може да го следат и електронскиот портал skopskoeho.mk, на кој се пласираат дневните вести од градот, но и содржините од неделникот.
Тричлен редакциски тим е јадрото на „Скопско ехо“, кој секој четврток успева да ги создава новите изданија на неделникот. Со него раководи главниот уредник Антонио Спасев, кој е со новинарско искуство од „Фокус“, ТВ „Телма“ и „Дневник“, новинарот Бранко Ѓорѓевски со искуство од весниците „Вечер“ и „Дневник“, како и техничкиот уредник Антон Власов, кој работел во „Нова Македонија“ и „Време“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 27 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.
Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.
Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Без струја дел од Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.
Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.