Контакт

Македонија

Александра Зафировска преку нарачки широко ја отворила вратата за политичко влијание врз судството

Објавено пред

Во шестиот посебен извештај на СЈО пишува дека  јавно објавените телефонски разговори меѓу Александра Зафировска, тогашната претседателка на Судскиот совет на Република Македонија, со високи функционери во Владата, како и необјавените телефонски комуникации што ги поседува ова обвинителство укажуваат на тоа дека таа со своето постапување не само што не го оневозможила политичкото влијание во судството туку напротив, ширум ја отворила вратата овозможувајќи ѝ на тогашната владејачка политичка партија да ги земе во целост под своја контрола институциите на судскиот систем. Тоа го правела преку нарачани и договорени избори на судии, директно интервенирање во носење  судски одлуки, корупција, реваншизам и воопшто со еден збор политизирање на сите сегменти на судската власт.

„Додека таа ја вршела функцијата претседател на Судскиoт совет била во постојана координација со извршната власт. Содржината на аудиоматеријалите несомнено упатува на заклучок дека тогашниот премиер на Владата не само што бил известуван и консултиран при носењето на најзначајните одлуки на Судскиот советтуку истиот имал клучна улога при изборот на судии и стручни соработници“, пишува во извештајот. СЈО констатира дека Александра Зафировска и во моментот е член на Судскиот совет и од неа се очекува како поединец да ја унапреди независноста и функционалноста на судството.

Во извештајот, СЈО го посочува и претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, како разговара со Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски, како и необјавени разговори на Вангеловски во 2011 и 2012 година кои покажуваат непрофесионално и несовесно извршување на функцијата претседател на Врховниот суд на Република Македонија.„Тој во повеќе наврати на свои соговорници им изнесувал информации од судските постапки што се водат пред Врховниот суд, интервенирал кај други судии за предметите и давал сугестии за постапувањето“, пишува во извештајот.

Македонија

Невладините организации ги детектираа сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Објавено пред

Петнаесетина невладини организации меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, Цивил, Македонското здружение на млади правници, Евротинк, МОФ, Транспаренси Интернешнл и Транспарентност Македонија укажуваат на голем број пропусти направени во текот на постапката за случајот „Тенк“ во кој поранешниот премиер Никола Груевски беше осуден на 2 години затвор, но пред да влезе во Истражниот затвор, успеа да побегне во Унгарија.

Невладините организации ги осудуваат пропустите, неажурноста и непочитувањето на одредбите од Законот за извршување на санкции и Правилникот за начинот на вршење на полициските работи од страна на Основниот суд Скопје 1 и МВР и во овие две институции ги лоцираат главните слабости и бараат одговорност.

Тие тврдат дека дека лицата задолжени за обезбедувањето на Никола Груевски, согласно Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, не смееле да го остават лицето необезбедено односно воопшто да немаат контакт со него од 8.11.2018 па сe до 12.11.2018.

„Бидејќи во случајот станува збор за поранешен Претседател на Владата на Република Македонија, истиот согласно членот 6 од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување на Владата, се обезбедува со редовни мерки и активности за обезбедување.Согласно членот 200 од Правилникот, ‘полицискиот службеник кој врши редовно обезбедување не може да се оддалечи од личноста односно објектот кој го обезбедува“, освен во исклучителни околности, но притоа личноста која ја обезбедува не смее да остане необезбедена“, стои во соопштението.

Друг голем пропуст, невладините организации наоѓаат во Кривичниот суд, кој требало порано да издаде наредба до МВР за приведување на Груевски.

Според нив, Груевски требало да се јави во затвор веднаш по приемот на конечниот и правосилен упатен акт на 9 ноември, односно во петокот.

„Судскиот курир дента прави три обиди за доставување на конечниот упатен акт на домашна адреса на осуденикот, но трите обиди завршуваат неуспешно, бидејќи осудениот Груевски не бил дома и не можел да го прими упатниот акт. Според член 87 од Законот за извршување на санкции, доколку осудениот не се јави во зададениот рок со упатниот акт, установата (затворот) е должна да го извести судијата за извршување на санкции, кој треба веднаш да издаде наредба до МВР за приведување на лицето. Доколку лицето не е достапно на органите на прогон, Министерството за внатрешни работи треба да издаде потерница“, тврдат невладините.

Според информациите од медиумите, директорот на Затворот Скопје, Ѓоко Котевски го известил судот дека осуденикот не се јавил доброволно на отслужување на затворска казна на 10 ноември односно во саботата, еден ден после трите неуспешни обиди за доставување на упатниот акт.

„Во овој момент се јавува најголемиот пропуст на судот и прекршување на одредбите од Законот за извршување на санкции. Апсолутно е нејасно зошто Судот не постапил во согласност со закон и го игнорирал начелото на итност од став 3 на чл 87 од Законот за извршување на санкции, па за издавање на наредба за приведување на осуденикот, чекал два дена од добиеното известување од директорот на затворот и истата ја издал до СВР Скопје на 12.11.2018 во 16:30 часот, со барање за издавање на национална потерница. Судот воопшто не ни требало да чека известување од установата за издржување на казна затвор, бидејќи веќе било поминато времето за доброволно пријавување во затворот на осудениот Груевски. Веднаш по неуспешниот обид за достава судот морал да издаде наредба за пронаѓање и спроведување на осуденото лице на издржување на казна затвор, впрочем како што досега во сите претходни случаи се постапувало“, тврдат невладините организации.

Тие бараат да се спроведат итни и темелни истраги во кои ќе биде утврдена одговорноста за пропустите во постапувањето на Основниот суд Скопје 1 Скопје и на Министерството за внатрешни работи од аспект на тоа дали се постапувало согласно планот за обезбедување на Никола Груевскии и дали се постапувало согласно тој план проценката за ризик.

„Соодветно на резултатите од истрагата, бараме да бидат санкционирани сите раководни лица и службеници кои не ги почитувале законските и подзаконските акти, особено од Законот за извршување на санкции, Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и Планот за обезбедување, со што помогнале осуденото лице Никола Груевски да ја напушти државата и да избегне издржување на казна затвор“, се вели во соопштението, во кое се додава дека ова е четврто лице осудено во високопрофилираните кривични постапки, кое поради неажурност и некоординираност на судските власти и органите на прогон, успеало да избега од државата и да го избегне издржувањето на казна затвор определена со правосилна и извршна пресуда, што укажува на итната потреба од преиспитување на функционалноста на органите на прогон, граничните служби и судските власти.

Во соопштението се потпишани Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Фондација Отворено општество- Македонија, Цивил- Центар за слобода, Центар за економски анализи, НВО Инфоцентар, Коалиција сите за правично судење, Евротинк, Македонско здружение на млади правници, Институт за европска политика, Младински образовен форум, Институт за демократија Социетас цивилис- Скопје, Транспарентност Македонија, Транспаренси Интернешнл и ФОРУМ – Центар за стратегиски истражувања и документација.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не е во транзитната зона?“, кратко одговори: „Прашајте ги правниците“, по што ги одмина камерите велејќи дека нема време за прашања.

Претходно, министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што побарал и азил, не прецизирајќи во која држава се наоѓа амбасадата. Тој прецизира само дека тоа не е амбасадата во Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шекеринска и Димитров на брифинг со амбасадорите на земјите членки на НАТО  

Објавено пред

Во Владата на Република Македонија на покана на заменикот претседател на Владата на Република Македонија и министер за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се одржа брифинг со амбасадорите на земјите членки на НАТО Алијансата, акредитирани во Република Македонија. 

Брифингот беше посветен на актуелностите врзани за пристапниот процес за интеграција на Република Македонија во Северно-атлантската Алијанса и истиот имаше за цел амбасадорите на земјите членки на НАТО да бидат информирани за досега преземените чекори, како и претстојните активности во рамки на пристапниот процес за членство.

На средбата со амбасадорите, двајцата министри детално ја презентираа програмата за продолжување на реформите која претставува составен дел од процесот за пристапување на земјата во НАТО Алијансата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Невладините организации ги детектираа сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, Цивил, Македонското здружение на млади правници, Евротинк, МОФ, Транспаренси Интернешнл и Транспарентност...

Македонија17 минути

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер Виктор Орбан запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток54 минути

Вибер контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отварајте ги вратите“

Од Вибер групата каде членуваат дел од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток1 час

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес брат

Од смс и вибер пораките за 27 април кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за „крвавиот четврток“ во...

Македонија2 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа3 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија4 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија4 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија15 часа

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија19 часа

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Македонија19 часа

Граѓани му оставија слика од Груевски на Заев

Со транспаренти „Нема правда, нема мир или заборавивте?”, „Како што го пуштивте, така да го вратите”, „Одговорност”, „Немојте пред народот”,...

Македонија20 часа

Мицкоски: Одговорност за бегството на Груевски треба да се бара од Заев и Спасовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку статус на социјалната мрежа „Фејсбук“ повика одговорност за бегството на експремиерот Никола Груевски да...

Македонија21 час

Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер

Унгарската влада за „Макфакс“ вели дека властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде...

Македонија22 часа

Судот ги одби жалбите за „Империја“, Камчев ќе биде 30 дена во притвор

Кривичниот совет од скопска „единица“, составен од судиите Огнен Ставрев, Горан Бошевски и Васка Николовска-Масевска, ги одби жалбите на осомничените...

Македонија22 часа

Унгарски медиуми: Законот е сменет, унгарската влада треба Груевски веднаш да го врати назад

Унгарските медиуми се полни со вести за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта. Тие пренесуваат дека портпаролот на...

Македонија24 часа

МВР: Не постои ниту една причина Груевски да добие азил во Унгарија

Не постои ниту една причина Никола Груевски да добие азил во Република Унгарија, изјавија од Министерството за внатрешни работи откако...

Македонија1 ден

Европратеничка прашува дали Груевски има ВИП-третман во барањето за азил

Холандската европратеничка Џудит Саргентини јавно ги праша унгарските власти дали ќе го одбијат барањето за азил на Никола Груевски оти...

Македонија1 ден

Заев: Нема никаков политички договор со Груевски, очекуваме Унгарија да го екстрадира

Премиерот Зоран Заев ги отфрла шпекулациите дека имало каков било политички договор со неговиот претходник Никола Груевски, кој е во...

Македонија1 ден

Груевски повеќе не може да се води како оправдано отсутен од Собранието, платата ќе му биде намалена

Отсуството на пратеникот Никола Груевски од собраниските седници повеќе нема да се води како оправдано, а платата ќе му се...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова за Мијалков: Нема недопирливи во оваа држава

Доколку постои најмал основ за сомнение дека постои опасност од бегство или влијание врз кој било сведок, веднаш ќе биде...

Досие