Контакт

СЈО

Баравме министерот Јанакиески да нè разреши од Комисијата, рече сведок во „Топлик“

Објавено пред

На денешното судење во предметот „Топлик“ сведочеше вработена во Министерството за транспорт и врски, која била член на Комисијата за јавно наддавање на градежно земјиште.

На прашање на обвинителот од СЈО што констатирала Комисијата, сведокот рече дека документацијата била некомплетна и затоа не може да се донесе одлука за јавно наддавање. „Немаше нумерички податоци за сите градежни парцели, немаше уверение за движење на катастарските парцели“, рече сведокот.

Додаде дека бил составен записник со кој сакале да го известат министерот дека не може да се објави повик за јавно наддавање со некомплетна документација.

„Баравме од министерот да нè разреши од Комисијата“, рече во сведочењето поранешната вработена во Министерството.

Подоцна рече дека никој не ја известил оти е разрешена. „Подоцна разбрав дека сум била ставена во второформираната комисија, иако не знаев за тоа“, рече таа.

Првообвинет во предметот „Топлик“ е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во случајот обвинети се и Томе Ѓурчилов и Димитар Димовски, како и уште четири други лица, членови на Комисијата за јавни наддавањa при Министерството за транспорт и врски како соизвршители. Според обвинението на СЈО, тие ја злоупотребиле службената положба и овластувањето и го оштетиле буџетот приближно 1 милион евра при продажба на земјиште за месноста Сончев Град во Сопиште.

СЈО тврди дека иако надлежната комисија во Министерството укажала дека не може да се продава земјиштетото за Сончев Град, Јанакиески експресно формирал нова комисија, која дозволила да биде објавен огласот за продажба. Бил склучен и купопродажен договор со фирмата „Сан сити“ во 2007 година, кoj четири години подоцна спогодбено раскинат. Во овој случај Апелациониот суд одлучи доказ да бидат и 11 бомби на специјалното јавно обвинителство.

Македонија

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Објавено пред

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување сведоци повикани од страна на специјалното јавно обвинителство. Сите четворица сведоци вработени во одделот за економски криминал и корупција, а кои работеле на случајот, рекоа дека не знаат кој го нарачал апсењето на Бошкоски.

Тони Јанкоски, кој за време на апсењето на Бошкоски во 2011 бил началник на одделот за економски криминал и корупција, во сведочењето истакна дека тој не бил запознаен со предметот, туку само ги потпишал доказите што биле испратени до јавниот обвинител.

Сведокот Жарко Спасевски, кој бил дел од организационата единица при одделот за економски криминал и корупција, покрај тоа што рече дека не знае кој го нарачал апсењето на Бошкоски, истакна дека за настанот дознал во истиот момент од ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков.

„Не сум запознаен кој дал наредба за апсењето на Бошкоски. За тоа бев телефонски известен, мислам дека ме извести Митко Чавков од центарот за сузбивање сериозен и организиран криминал. Потоа, им дадов задача на вработените за обезбедување на доказите на самото место, вршење претреси. Јас и уште неколку колеги веднаш се упативме на местото што ни беше посочено, угостителскиот објект ‘Воденица’“, рече Спасевски.

Сведокот Владимир Крстевски, кој во 2011 бил главен инспектор на криминалистичка полиција, во своето сведочење рече дека учествувал во изготвување на кривичната пријава и лично има доставено службена документација до Јавното обвинителство, но исто така не знае кој издал наредба за апсење на Бошкоски. Крстевски, одговарајќи на прашање од обвинителот Љубомир Лапе, рече дека не знае ниту кој му ги доставувал доказите што тој подоцна ги препраќал до јавниот обвинител.

Четвртиот сведок, кој денеска говореше пред судечкиот совет, е Роберт Николов, вработен исто така во МВР. Запрашан од обвинителот Лапе што знае за апсењето на Бошкоски, Николов рече дека не бил воопшто запознаен со случајот, дента кога се случило апсењето бил повикан само да го обезбедува просторот околу угостителскиот објект „Воденица“.

„Не знам ништо за случајот. Ден претходно ми беше роденден, донесов торта да ги частам колегите, но тие само ми кажаа дека частењето треба да се одложи бидејќи ќе имаме работа. Веднаш потоа се упативме кон ‘Воденица’“, рече Николов.

Наредното рочиште за случајот „Тортура“ е закажано за 20 јуни. Обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфа“, Ивица Антевски – Пуки, и уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Судењето за белата палата не може да почне додека не се одлучи за СЈО

Објавено пред

Ниту едно од двете обвиненија „Талир“ и „Талир 2“ кои ги поднесе специјалното јавно обвинителство на 22 ноември 2018 година до кривичниот суд во Скопје не може да почнат со судење. Половина година никако да почне главната расправа за предметот „Талир“, поради отсуство или на обвинетите или на нивните адвокати, а обвинението за „Талир 2“ половина година не е оценето.

Причина за денешното одлагање на предметот „Талир“ е барањето на адвокатите на обвинетите рочиштето да се одложи поради членот 22 од законот за СЈО кој во моментов се наоѓа пред пратениците во Собранието за негово автентично толкување. Но, Собранието досега не покажа волја да ја стави оваа точка на дневен ред на комисиска расправа, поради новиот предлог-закон за јавното обвинителство кој го регулира статусот на СЈО. Барањето за автентично толкување го поднесе државното јавно обвинителство по барање накривичниот суд кон средината на февруари.

Седницата што требаше да се одржи минатата недела во скопска единица за оценка на обвинението за „Талир 2“ била одложена, а извори за „Макфакс“ потврдија дека следниот обид на судот за оценката на ова обвинение е кон средината на јуни.

Првото обвинение е незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и ги опфаќа екслидерот Никола Груевски, други пет поранешни функционери и самата партија како правно лице.

Второто обвинение ги опфаќа Груевски и поранешниот владин генерален секретар Кирил Божиновски. Тие се обвинети за незаконска изградба на партиското седиште, палатата „Христо Татарчев“, познато како белата палата.

Обвинението за незаконско финансирање покрај самата ВМРО-ДПМНЕ и Груевски ги опфаќа и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Илија Димовски и Леко Ристоски. Елизабета Чингаровска призна вина и доби условна казна затвор.

Истрагата за овој предмет СЈО ја отвори во рокот од 18 месеци, но обвинението е поднесено по истекување на рокот. Првото обвинение за „Талир“ беше оценето на 11 јануари годинава. Во меѓувреме Врховниот суд донесе начелно правно мислење, според кое, СЈО е неовластен тужител за предметите по 30 јуни 2017 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Одложено судското рочиште за „шлаканиците во Центар“

Објавено пред

Во Кривичниот суд денеска повторно е одложено судско рочиште на специјалното јавно обвинителство. Судењето за предметот „шлаканиците во Центар“, кое требаше да се одржи денеска во 10 часот, е одложено поради судењето за случајот Т.Н.Т., кој беше закажан во исто време како „насилство во Општина Центар“. Во двата предмета обвинет е ексминистерот Миле Јанакиески, кој мора да биде присутен на судењата.

Одложувањата на судските рочишта, највеќе на оние каде што како овластен тужител е СЈО, се случуваат со месеци наназад, што полека станува пракса во правосудството. Како главна причина е поклопувањето на термините помеѓу два предмета, што укажува на неажурност на судот кој ги закажува судењата.

Наредните рочишта за „шлаканиците во Центар“ се закажани за 5 и 19 јуни.

Од овие причини досега најмалку по 2 пати беа одложувани рочиштата на речиси сите предмети застапувани од специјалното јавно обвинителство.

Во случајот „Насилство во Центар“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Тие се товарат за поттикнување и извршување насилство, кое се случи за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

На претходните рочишта, вина за настаните пред Општина Центар признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Дачиќ бил во Сомалија за време на нападот: „Се слушна силна експлозија“

Во моментот кога се случи терористичкиот напад во престолнината на Сомалија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ се наоѓал...

Свет3 часа

Франција бара истрага дали Сирија употребува хемиско оружје

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека мора да се разгледаат последните тврдења дека сириската влада употребува хемиско оружје. Министерството...

Спорт3 часа

Марадона приведен на аеродромот во Буенос Аирес

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона, бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес. Медиумите објавија дека...

Европа3 часа

Над 400 милиони луѓе ќе гласаат за новиот состав на Европскиот парламент

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент....

Забава16 часа

Тамара прва од гласовите на жирито, а седма во финалето, гласовите коригирани

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, сепак, заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите...

Македонија18 часа

(Видео) Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија19 часа

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија21 час

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија22 часа

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија22 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија23 часа

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија24 часа

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија1 ден

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет1 ден

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа1 ден

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет1 ден

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Европа1 ден

Меј: Парламентот ќе одлучи за нов референдум за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа изјави дека на Парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе...

Македонија2 дена

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија2 дена

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава2 дена

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Досие