Македонија
Врховните судии ќе расправаат дали СЈО може да отвора истраги и да презема предмети

Адвокати на обвинети во предметите на специјалното јавно обвинителство, преку неколку иницијативи, бараат од Врховен начелно правно мислење за постапките на СЈО, дознава „Макфакс“. Меѓу нив има и такви кои се однесуваат на истрагите на СЈО и за преземањето предмети од редовните обвинителства. Две од иницијативите биле ставени на дневен ред на општа седница на највисокиот суд закажана за 30 јануари.
Информацијата ја потврдија од Врховниот суд, но не прецизираа на што точно се однесуваат првите две иницијативи. „Макфакс“ дознава дека дел од иницијативите на адвокатот Еленко Миланов поднесени во декември лани се за прашањето дали тимот на Катица Јанева смее да отвора истраги по рокот за поднесување обвиненија и да презема предмети од редовните обвинителства.
„На 30 јануари е закажана општа седница на којашто како една од точките на дневен ред е разгледување 2 иницијативи на адвокати за заземање начелно правно мислење во ворска со постапките на СЈО“, потврдија од Врховниот суд за „Макфакс“.
Адвокатот Димитар Дангов, кого го контактираше „Макфакс“, рече дека поднел 5 иницијативи до Врховниот суд. Меѓу нив едната е за Законот за заштита на приватноста, второто е за прифаќање на доказите во оригинал, т.е. копија, и третата е за читањето на доказите на главната расправа.
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, рече дека е на судење и дека дополнителни информации ќе соопшти подоцна во текот на денот.
Обајснувањето на СЈО за истрагите што ги отворија беше дека рокот од 18 месеци го сметаат од моментот кога ги преземале предметите и материјалите од државното обвинителство, а не од моментот кога ги преземаа бомбите.
Врховниот суд на општа седница расправаше за допуштеноста на бомбите како докази, но не успеа да изгради начелно правно мислење и за поднесувањето барање за заштита на законитоста на специјалното јавно обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат листите на чекање.
Тој ги повика неговите колеги, без надомест да покажат хуманост, исто како што беше примерот на кардиохирурзите од Ниш, кои од почетокот на годината во саботите и неделите оперираа пациенти.
„Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица“ изјави Меџити.
Македонија
(Видео) Северина направи гужва на „Рузвелтова“

Поради концертот на хрватската пејачка Северина, вечерва во клубот „Мош“ во Скопје, настана хаос во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“
Колона возила и нервозни возачи се движат и по булеварот „Илинден“. Според очевидци, на врата се чекало од 18 часот за влез на концертот на Северина.
Сообраќајот е целосно во застој, а полцијата ги брка сите што застануваат барајќи паркинг место.
Македонија
Змија во центарот на Скопје:„Ништо не е искосено, права џунгла“

Змии шират паника кај скопјани. На социјалните мрежи е споделена фотографија од змија, која, како што е наведено, се појавила на паркинг во центарот на Скопје.
„Змии шетаат во Центар. Ништо не е искосено, права џунгла е“ пишува во еден од коментарите под фотографијата.
Засега нема информации за каков вид на змија станува збор, но луѓето треба да бидат внимателни во овој период кога температурите се повисоки и змиите излегуваат.
Змија вчера беше забележана на кејот на Вардар, каде има поголемо движење на луѓе. Претходно змии имаше и во Аеродром, а ист проблем беше и лани кај МНР.