Контакт

Македонија

Судијката Светлана Костова во исто време ем била судијка ем работела во УБК

Објавено пред

Од СЈО, во посебниот шестмечесен извештај посветен на несоодветното постапување на судиите, информираат дека Светлана Костова, која беше избрана за судијка во Вишиот управен суд, паралелно неколку месеци работела и во тајната полиција. Според СЈО, доказите со кои располагаат, особено смс-комуникацијата и телефонските разговори на Светлана Костова во периодот од 2011 година, на повеќе теми и со повеќе лица, го наметнуваат прашањето за инкомпатибилност на судиската функција со вршење на друга јавна функција, работа или дејност.

„Според нејзината професионална биографија објавена на Судскиот портал на Вишиот управен суд на Република Македонија, во периодот од 2005 година па сѐ до нејзиното заминување во 2011 година Светлана Костова е на позиција началник на Сектор за менаџмент и едукација во Управата за безбедност и контраразузнавање. Во периодот од избор за судија во Виш управен суд во март 2011 година, па сѐ до стапувањето на функција на 1.07.2011 година, според податоците од Агенцијата за вработување на Република Македонија, Костова продолжува со работа во Министерството за внатрешни работи“, пишуваат обвинителите.

Во извештајот на Обивнителството се додава дека телефонски комуникации на Костова во месец септември и октомври 2011 година, односно два до три месеци по нејзиното стапување на функцијата судија на Виш управен суд, покажуваат дека таа продолжила активно да учествува во дневните обврски на Управата за безбедност и контраразузнавање околу организирање и посредување при состаноци и преземање на други работни задачи што  спаѓаат во делокругот на секојдневното работење на УБК.

„Фактот дека Светлана Костова паралелно извршувала работни задачи и како судија и во Управата за безбедност и контраразузнавање несомнено го доведува во прашање како нејзиниот личен интегритет, така и институционалната независност на судиската функција“, пишува во извештајот.

Во посебниот извештај се посочува дека обвинителството поседува аудиоматеријали од телефонски разговори, како и смс-комуникација на судијката Софија Лаличиќ од Основниот суд Скопје 1. Според обвинителството, снимките не само што зборуваат за нејзиниот нелегитимен избор за судија туку зборуваат и за непостоењето на личен интегритет и кредибилитет како основен предуслов за вршење на судиската функција. „Од содржината на поголем број телефонски разговори остварени пред изборот за судија на Софија Лаличиќ произлегува дека повеќе од една година пред да биде избрана за судија ѝ била ветена судиска функција“, пишуваат обвинителите.

Во извештајот пишува дека изборот  на Лаличиќ за судија бил одамна планиран и однапред договорен, а во нејзиното незаконско избирање за судија биле инволвирани одредени членови од Судскиот совет, високи функционери од извршната и судската власт, а со особен придонес на тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Интервјуирањето на кандидатите пријавени на конкурсот за избор на судии го спроведувале две комисии. Знаејќи дека одредени членови од Судскиот совет се повикуваат на состаноците на кои функционери на извршната и судската власт договарале кој ќе биде избран за судија, Софија Лаличиќ неслучајно одбрала да влезе на интервју пред комисијата во чиј состав биле некои од тие членови.

„Договорен бил и начинот на кој таа ќе биде предложена за избор, како и едногласното прифаќање на тој предлог, при што особено се внимавало да не биде очигледно од кои причини истата била фаворизирана пред другите кандидати. Внимателно бил одбран дури и моментот на која седница на Судскиот совет ќе биде извршен изборот, така што било договорено тоа да биде на седница на која ќе се бираат кандидати од два одделни конкурси за судии“, пишува во извештајот.

Аудиоснимки од телефонски разговори остварени непосредно по изборот на Лаличиќ за судија во Основен суд Скопје 1 Скопје го покажуваат нејзиното стравување дека одредени медиуми ќе пишуваат за начинот на кој била избрана за судија.

Во извештајот на СЈО пишува за конекциите на Лаличиќ со извршната власт кои не завршуваат со изборот за судија, туку напротив уште повеќе се интензивираат во насока која претставува флагрантна повреда на независноста на судството и злоупотреба на угледот на судиската функција.

„Задоволување на приватни интереси и интереси на нејзини блиски луѓе, интервенции и ургенции од секаков карактер, споделување информации и сознанија до кои дошла при вршење на функцијата за цели кои не биле поврзани со судиските должности, запознавање на трети лица со внатрешните состојби и односи во судот во кој вршела должност, недостоинствено однесување во личните и социјални односи и дозволување истите да влијаат на несоодветен начин во нејзиното однесување при вршење на функцијата се само дел од начините на кои била користена моќта што ја носи судиската функција“, пишува во извештајот.

„За судијката Лаличиќ судиската функција значела сѐ освен тоа што е нејзиното вистинско значење – привилегија да се служи на заедницата преку улогата на делење на правдата согласно со законите и еднаквоста на сите граѓани вклучително и себеси пред Уставот и законите во Република Македонија“, констатира СЈО.

Македонија

Забрана за товарни возила кај Делчево и на патот Крива Паланка-Деве Баир

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег на коловозот.Забрана за товарни возила има на патниот правец Делчево према граничен премин Делчево и патниот правец Крива Паланка-ГП-Деве Баир

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Објавено пред

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 5.47 часот регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 километри југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.2, а беше почувствуван од населението во јужните делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Прикажи повеќе...

Македонија

Облачно со услови за дожд

Објавено пред

Преку денот облачноста делумно и краткотрајно ќе се намали, но во вечерните часови од запад повторно ќе се зголемува, а во западните делови ќе има врнежи од дожд. Температурата ќе достигне од 5 до 14 степени.

Во Скопје преку денот умерено облачно, во ноќните часови со врнежи од дожд. Температура до 7 степени.

Под влијание на потопол влажен бран утре и во среда ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Во западните делови се очекуваат обилни врнежи (локално над 40 л/м2).
Од четврток се очекува стабилизација на временската состојба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија2 часа

Премиерите на Западен Балкан на појадок кај Курц, Заев ја откажа поканата

Австрискиот канцелар ги повика денеска на работен појадок во Виена премиерите на Западен Балкан. Премиерот Зоран Заев, кој претходно беше...

Македонија13 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт13 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа16 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести17 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија17 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет19 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија20 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија22 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски22 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет22 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион23 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет1 ден

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет2 дена

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски2 дена

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија2 дена

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија2 дена

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија2 дена

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија2 дена

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Досие