Контакт

Соопштенија

АВАЗ: Обложувачниците и казината да се дислоцираат надвор од населените места

Објавено пред

Движењето за обединување на Бошњаците (АВАЗ) предлага обложувачниците и казината да дисолоцираат надвор од населени места.

„Движењето ‘Антикоцкање’ доби уште една поддршка за неговоте барања за локацијата на објектите на игри на среќа, казина и спортските обложувалници да можат да работат само надвор од населните места. Последиците од несоодветната локација на објектите за игри на среќа, казина или обложувалници ги чувствуваме секојдневно. Притоа младата популација е директно изложена и привлечна од помислата за освојување лесни пари, но вистинскиот проблем се јавува дури подоцна, кога стануваат зависни и целото свое време и енергија го насочуваат кон коцкање. Дополнително што во истите често се случуваат и тепачки, дури и употреба на оружје. За да се избегнат таквите последици, најдобро истите да се лоцираат надвор од населбите“, вели потпретседателот на АВАЗ и пратеник Зеќир Рамчиловиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ : Ја гледаме снимката „Евро за Вице” во продолженија

Објавено пред

„Македонија тоне во криминал и корупција. Тоа не е правиот пат кон ЕУ, туку прав пат кон изолација.Доколку првиот човек во владата и партијата е заглавен во криминал, тогаш и останатите кои во хиерархијата се под него, го следат истото однесување.Доколку првиот човек во владата и партијата лаже и манипулира, таквото однесување го следат сите негови соработници“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, затоа гледаме како медиуми од Албанија објавуваат снимки за корупција на владините функционери, а италијански медиуми ги разобличија првите соработници на Заев. Практично ја гледаме снимката „Евро за Вице” во продолженија.

,,Тоа е причината зошто Русковска обвинителството не ја откри целата мрежа која што постои за да се изнудуваат пари од бизнисмените.Се губеа телефони, се форматираа компјутери, се одолговлекуваше истрагата. Таа не може да биде кредибилна кога лицата кои што може да влијаат на докази и на сведоци се уште се на функциите во владата.Зошто Заев не е повикан во обвинителството иако беше спомнат во исказот на еден од жртвите во „Рекет“?

Пазар има и јавноста е свесна дека за помали казни Катица и Боки ќе молчат, а Русковска и Јовески ќе продолжат со контрадикторните изјави, ќе забошотуваат и ќе се спогодуваат, се со цел да не се дојде до главата на криминалниот октопод и да се спаси Заев.На Македонија не и е потребно обвинителство и судство на копче кое се стиска од владата. На Македонија и се потребни суштински реформи, решавање на корупцијата која е во огромни размери откако е СДСМ на власт. Потребна е одговорност за корумпираните политичари и правда за невидениот историски криминал што се случува во државата.Правдата доаѓа заедно со обновата на Македонија“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Сечењето дрва кај Горица е катастрофален нееколошки потег

Објавено пред

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ветија зголемување на зелените површини, а веќе извесен период се вршат масовни сечи на здрави дрва во градот. Катастрофален нееколошки потег на уништување зеленило имаше вчера со сечењето дрва кај месноста Горица. Дали за Георгиески ваквото сериозно уништување на зеленилото е грижа за животната средина?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Наместо современи еколошки стандарди, какви што му прилегаат на еден туристички центар, велат од таму, оваа локална власт ја уништува животната средина.

„Фотографиите од терен го демантираат градоначалникот Георгиески дека исечените дрва биле стари бидејќи се гледа дека тие се во добра состојба. Дали се сечени стебла и на друга парцела под патеката, која е во сопственост на Република Македонија? Згрозени сме од ароганцијата на градоначалникот Георгиески, со која сака да ја потцени интелигенцијата на граѓаните. Наместо да порачувате кој и што треба да прави, како локална самоуправа сте одговорни за обезбедување чист воздух и заштита на животната средина, кое се прави со садење нови дрва, а не сечење на малкуте останати. Охриѓани не ги забораваат од претходно исечениот дрворед кај Горица околу вилата на претседателот на РМ, целиот дрворед здрави дрва кај Општината, како и на неколку атрактивни локации низ центарот на градот. Кажете вие колку нови дрва засадивте во вашето владеење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Заев на свое име нема ниту куќа ниту автомобил, го нема ниту моторот со кој се шета низ Македонија

Објавено пред

Зоран Заев на свое име нема ниту куќа ниту автомобил, го нема ниту моторот „бмв“ од 30.000 евра, со кој се шета низ Македонија. Тој е на фирмата „Тотал инженеринг“, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Според него, Заев е предводник на кланот Заеви и е пример за злоупотреба на моќ и позиција од јавни функционери за сопствените бизниси – од транспорт за РЕК „Битола“ и правење ајвар до ископ на глина преку плантажи за марихуана.

„Во Македонија царува основаната перцепција за злоупотреба на моќта од политичка функција. Вршењето јавна функција на политичари додека истовремено се сопственици или влијателни акционери на компании остава можност за корупција и влијание на економските текови во државата. Примери за тоа има многу, од тендерите во здравството, преку примери со вицепремиерот и случајот „Тополки“, примерот со Фондот за иновации, но најекспонирани се примерите на премиерот Зоран Заев и 12-те компании поврзани со неговото семејство. Ќе ги прочитам, „Фарма медика“, „Тргопродукт“, „Мамас фуд“, „Омни градба“, „Центроштепед“, „Тотал електроник“, „Еленица“, „Пеон“, „Сара Јавор“, „Тотал инженеринг“, „Сара инженеринг“, „Дравас инженеринг“, „Електринженеринг“. Сите овие компании се на семејството Заеви, ова се компаниите за кои има огромен број афери. Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, почнувајќи од струмички „Глобал“ до транспорт, градби, ископи, заеми, до полиња со марихуана. И во нив се споменувани имињата на семејството на власт“, рече Стоилковски.

Тој обвини дека фирмите на Заеви испумпуваат државни пари, преку РЕК „Битола“, експресниот пат Штип – Струмица и други градилишта финансирани од државата.

„Ова е само еден пример. Фирма на кланот Заеви доби дозвола за одгледување медицинска марихуана во Свети Николе. Фирми на Заеви го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, над 20.000 м2, за цена на една гарсониера. Фирми на Заеви стекнуваат сопственички удели во проекти за градби на згради за суми од 40.000 евра, а се вредни десетици пати повеќе“, рече тој.

Стоилковски рече дека ВМРО-ДПМНЕ бара сите политичари што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или акционери во одредени компании, суштински да ги отуѓат бидејќи, како што рече, отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски текови во државата.

„Формалното бришење од сопственост или формалното замрзнување на своето дејствување во компаниите на политичарите што истовремено се и јавни функционери, како Заев, како Анѓушев, отвораат реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Христијан Мицкоски, го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија. Очекуваме Зоран Заев и неговите од октоподот да го сторат тоа. Доколку не го сторат тоа, само ќе ја засилат перцепцијата дека државните функционери, како премиерската функција, се користат за влијание и зголемување на профитите на семејните компании“, рече Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион17 минути

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија30 минути

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт11 час

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија13 часа

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Македонија15 часа

Димитров во Брисел: Европа да ја согледа важноста и да донесе визионерска одлука

Во рамки на првиот ден од работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат се обрати...

Македонија15 часа

Утре состанок на историчарите на Македонија и Бугарија, Владата останува посветена на Договорот

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и...

Топ16 часа

Маж пронајден починат покрај локален пат

Вчера напладне покрај пат во селото Рогачево, Тетовско, бил пронајден починат маж од Скопје. Се работи за лице на 67-годишна...

Македонија16 часа

Бојан Јовановски повторно пренесен во болница поради проблеми со желудникот

Oбвинетиот Бојан Јовановски, познат како Боки 13, повторно е пренесен во болница поради проблеми со желудникот. Јовановски бил пренесен на...

Македонија17 часа

Бактеријата мрса се шири во градинка во Кисела Вода

Бактеријата мрса, која е отпорна на антибиотици, била пронајдена кај три дечиња и кај воспитувачка во градинката „Весели цветови“ во...

Економија18 часа

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба на решението за рудникот „Иловица-Штука“

„Еуромакс рисорсис“ поднесе тужба до Управниот суд против решението на второстепената државна комисија од 5 септември, со кое ја одби...

Македонија20 часа

Плевнелиев: Македонија заслужува членство во ЕУ, Макрон греши

Го поддржувам пристапот на Македонија и на Албанија во Европската Унија, изјави поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, за БГНЕС....

Свет21 час

(Видео) Шест години затвор за мајка што лажела дека синот има карцином – за 10 години му направиле 13 операции

Мајка лажно тврдела дека нејзиниот син има карцином, па десетгодишното дете било подложено на 13 операции иако воопшто не било...

Топ22 часа

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден кога вчера, качувајќи се по патека кон врвот на Илинден, се...

Топ22 часа

Истрага за случајот во Богданци: се опијаниле, па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци поради постоење основано сомневање дека...

Македонија22 часа

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија24 часа

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа1 ден

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа1 ден

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт1 ден

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија2 дена

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Досие