Контакт

Соопштенија

Алијанса за Албанците: Неспособноста на Владата ги претвори болниците во жаришта на инфекција

Објавено пред

„Ескалацијата на состојбата во земјава и последиците што произлегуваат од лошото раководење со ситуацијата веќе не може да се издржи и затоа мора да се преземат итни мерки во овој поглед, за да се подобри состојбата. Неспособноста на Министерството за здравство се плаќа со постојано зголемување на бројот на заразени лица. Неподносливо е дека времето на објавување на резултатите од PCR-тестовите трае повеќе од два дена, од кои последователно се јавува доцното откривање на заразените лица и како резултат на тоа имаме постојано зголемување на бројот на заразени лица. Ова директно го поврзува со одговорноста Институтот за јавно здравје и другите органи кои се во надлежност на Министерството за здравство кои од почетокот на пандемијата имаа една задача, за рано откривање на заразени лица, изјави Генц Селмани од Алијанса за Албанците.

„Јавно го прашуваме министерот за здравство, Венко Филипче, дали тој е свесен што се случува во болниците каде треба да се лекуваат пациенти, дали е тој свесен дека болниците стануваат жариште на инфекција наместо на лекување. Болницата ‘8 Септември’, каде што се примаат пациенти со Ковид-19, нема капацитет да прими пациенти, а сепак пациентите се носат во оваа болница и се сместуваат во ходниците без заштитни мерки и без лекување! Затоа прашуваме, каде е владата која зборува за избори додека бројот на заразени и мртви во нашата земја е алармантен.

Секојдневно ги губиме животите на луѓето, додека Министерството за одбрана троши време и пари за склопување и расклопување шатори. Ова преоптоварување го загрозува јавното здравје, како и лекарите кои ги извршуваат своите должности во мизерни услови и без дополнителна награда“, вели тој.

Алијансата за Албанците итно повикува на масовно тестирање и резултатите од тестови да бидат објавени порано. Од друга страна, хоспитализираните пациенти мора да добијат соодветно лекување со тоа што ќе се систематизираат во болници каде што има слободни места, па дури и заради големата потреба да бидат импровизирани во простори погодни за такво нешто!
Ваквото однесување на владата им го ускратува на граѓаните правото на еднаков третман, право загарантирано со Европската конвенција за човекови права.

„Немаме време за губење. На крајот на краиштата, поради лошо управување на владата, Северна Македонија веќе нема капацитет да се справи со ситуацијата, па време е да побараме помош од локалните експерти кои се игнорирани од владата, како и од меѓународната заедница. Не смееме да дозволиме повеќе загуби и последици, нашите граѓани не заслужуваат сами да се соочат со влошената состојба. Оваа хаотична ситуација мора да заврши, а Алијансата за Албанците нема да престане да бара одговорност сè додека работите не завртат на подобро“, вели Селмани.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе забраниме извршување куќа или стан, а кој му е единствен дом на граѓанинот

Објавено пред

Ќе ставиме забрана за извршување куќи и станови, а кои се единствен дом на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Оттука ветуваат дека во казнената политика целосно ќе се спроведе системот – превенција па казна. Ќе се утврди нов модел на работење на Трудовата и на Пазарната инспекција врз основа на системот усно укажување на евидентираните неправилности во работењето на правното лице, период за нивно отстранување, па дури потоа казна. Казната ќе следува само во случај кога неправилноста не е исправена во конкретен рок и ако таа и натаму се повторува од страна на правното лице.

Новата прекршочна политика, како што додава ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде утврдена и кај сообраќајните прекршоци. Ќе се примени системот на мали, но ефективни казни, односно десеткување на сегашниот систем на казни. На пример, сегашната казна за сообраќаен прекршок од 300 евра во денарска противвредност ќе биде заменета со казна од 30 евра во денарска противвредност.

„Системот на мали, но ефективни казни, ќе придонесе кон намалување на корупцијата, ослободување на институциите од прекумерни предмети, кои чинат пари и време, и ќе помогне во јакнењето на свеста на граѓаните за почитувањето на правниот систем“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека уставното гарантирано право на граѓаните на домување е посилно од кој било закон, затоа, освен во случаите на хипотекарно обезбедените побарувања, ќе се укине извршувањето врз недвижност која е единствен дом на граѓанинот. Оваа мерка се применува само кога се извршува по основ на наплата на паричен долг кога врз недвижноста не постои заложно право. Доколку недвижноста се употребува за домување на граѓанинот должник, нема да биде возможно одземање на недвижноста заради наплата на долг, без оглед која е висината на долгот. Никој не смее да остане без покрив над главата, најавува опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ гради 260 километри автопат кои никој не ги гледа

Објавено пред

„Очигледно Љупчо Николовски е заразен од вирусот Заев. Покажува симптоми на безочно лажење. Вели дека СДСМ ГРАДИ 260 км автопат, а никој нема видено ниту еден километар автопат проектиран, со обезбедена финансиска конструкција и изграден од страна на СДСМ во овие три години власт. Дури и проектите кои беа отпочнати од време на претходната влада, Заев, Љупчо Николовски и СДСМ од петни жили се обидуваат да ги прикажат како свои, само затоа што нацртале бели линии или затоа што одиграле чочек при отворањето“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, тие знаат дека граѓаните ќе ја дадат поддршката на Обновата која доаѓа, затоа што во обновата јасно се предвидени инфраструктурни проекти кои народот знае дека ќе се реализираат.

„Обновата предвидува нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола и експресен пат до Меџитлија, но и изградбата на автопатот Кичево-Охрид, довршување на експресните патишта Градско-Прилеп, експресниот пат Штип-Кочани и Штип-Радовиш, но и реконструкција и проширување на најмалку 1000 километри магистрални, регионални и локални патишта.

СДСМ и Љупчо Николовски во 2016 година ветуваа нови 600 километри автопат и излажаа. Ништо не направија , а сега ги препакуваат и надградуваат истите лаги. Но народот не им верува. Народот виде дека нив интересот на граѓаните не им е приоритет.СДСМ, Љупчо Николовски и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, се додава во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДОМ Зелена партија најавува позитивна кампања за зелена иднина

Објавено пред

Деновиве на социјалните мрежи вирално се прошири навидум едноставно, но моќно видео кое нѐ потсети на суштината на човековото живеење на планетата Земја – што секој од нас прави за светот да биде подобро место за живеење.Одговорите поделени, заклучокот – не правиме доволно, а пораката само една: секој од нас ја има моќта да направи промена. На крајот на денот, личноста зад завесата ја дели истата иднина како вас, иднина во која треба да се вложува, иднина во која го дишеме истиот воздух, иднина во која треба меѓусебно да се почитуваме и да ги прифаќаме различностите, но и да живееме во хармонија со природата – затоа што само така ќе го направиме светот подобро место за живеење.

Социјалниот експеримент кој за кратко време доби преку 100.000 прегледи е дел позитивната политичка кампања на партијата ДОМ за претстојните предвремени парламентарни избори, со слоганот „Иднината е зелена!“.

Видеото наиде на коментари на социјалните мрежи, опишувајќи го како ведро, спонтано, полно со животна енергија и позитивни афирмативни мисли, без навреди и погрдни зборови, што е новитет и ретко се гледа на македонската политичка сцена, каде граѓаните се навикнати на негативна и агресивна кампања.

„ДОМ продолжува со својот пристап да води и самостојна позитивна кампања за промоција на зелените вредности: заштита на животната средина, почитување на човековите права и еднакви можности за сите, социјална правда и зелена економија базирана на обновлива енергија, енергетска ефикасност, органска храна, еко-туризам и смарт технологии. Кампањата има и едукативна улога, за подигање на еколошката свест за потребата од целосна преобразба на Македонија во земја со одржлив развој и одлучна климатска акција, која што води сметка за природата и здравјето на граѓаните“, велат од политичката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Во просек 13 отсто од тестираните за коронавирус во земјата се позитивни

Во просек, 13 отсто од тестираните за Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 тестови, истакна министерот за здравство,...

Македонија28 минути

Филипче: Граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од што се очекуваше

Новиот бран на коронавирус кај нас дојде порано, граѓаните мора да прифатат дека ова ќе трае подолго од што се...

Македонија28 минути

(Интервју) Бачев: Ќе коалицираме со онаа партија која ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на Преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија враќање на уставното име на државата се црвените линии под кои...

Македонија54 минути

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион1 час

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград,...

Македонија2 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија2 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион4 часа

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ4 часа

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура5 часа

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Македонија5 часа

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјата

Бројот на заразени од коронавирус во земјата надмина 7.000 лица кога вчера беа регистрирани 115 новозаболени. Во моментот активни се...

Регион20 часа

Во Грција 25 новозаразени со коронавирус, осуммина се странски туристи

Грчките власти објавија дека регистрирале уште 25 заразени со коронавирус во изминатите 24 часа и дека нема смртни случаи. Од...

Регион20 часа

На изборите во Хрватска гласале 107.000 гласачи помалку од 2016 година

До попладне, околу 107.000 помалку гласачи излегоа на гласање за хрватскиот парламент отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државната...

Забава22 часа

Индиец со златна маска се штити од коронавирус

Индискиот бизнисмен Шанкар Курхаде рече дека платил околу 3.550 евра за златна маска направена по мерка којашто треба да го...

Свет22 часа

Во поплавите во Јапонија настрадаа 16 лица, а 20 се тешко повредени

Најмалку 16 лица загинаа, а 20 се повредени и се во сериозна состојба во западниот дел на Јапонија каде обилните...

Спорт23 часа

Руски голман заврши во болница откако го удрил гром на тренинг

Иван Заборовски, голман на рускиот третолигаш Знамја Труда завршил во болница, откако го погодил гром на тренинг на тимот. Иако...

Македонија23 часа

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ1 ден

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија1 ден

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија1 ден

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Досие