Соопштенија
Алијансата за Албанците до Османи: Вашата Влада се обидува да ѝ ја затвори устата на албанската опозиција

Од Алијансата за Албанците – Алтернативата одговорија на изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во однос на блокирањето на Собранието од опозицијата.
„Го потсетуваме Бујар Османи дека собранието во која била демократска држава е овластено да ја изразува волјата на народот, како и донесување на најдобрите закони за застапување на интересите на граѓаните. Го потсетуваме и на етимологијата на зборот од глаголот „парлер“, што значи „местото каде што се зборува“, а вашата Влада постојано се обидува да ѝ ја затвори устата на албанската опозиција и да ја замолчи за значајни и хумани прашања, како што е тоа за државјанството, што Вие како политички субјект никогаш не сте го подигнале како проблем во овие 20 години“, реагираат од оваа коалиција.
Од таму сметаат дека досегашната влада прави како што велат политичките игри.
„Вашата Влада се обидува на секој начин да ги поткупи пратениците од опозицијата затоа што веќе не е во можност да постои ова парламентарно мнозинство. Ние сме ја докажале нашата конструктивност кога станува збор за закони за општото добро на граѓаните, но кога сте арогантни кон нашите легитимни и природни барања, тогаш мора да ве демаскираме од Вашата политичка моќ, која се состои од мнозинство што не може да стои на свои нозе“, додаваат од Алијансата за Албанците и од Алтернативата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Институциите во неселективна борба против корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ на браникот на криминалот

Последните полициски акции за разбивање на организираната група која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога што ги презеде министерството за внатрешни работи за владеачката СДСМ се неоспорлив доказ за неселективна и бескомпромисна борба против организираниот криминал.
„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, повторно застанаа на страна на криминалот и криминалните структури. За времетраење на сложената полициска акција „Двојник“ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешен обид да ја саботираат акцијата преку пласирање на информации во тек на активна истрага. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат по иста разработена шема на лажни вести и неосновани напади кон МВР и полицијата и за акцијата во соработка со нашиот стратешки партнер САД и нивната ДЕА, каде беше запленета огромна количина на марихуана“, реагираат од СДСМ.
Според нив, ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека законите важат подеднакво за сите и дека никој не е над правдата.
„ВМРО-ДПНЕ и Мицкоски колку и да се обидуваат, нема да успеат во намерите да одбранат криминалци и криминал. Денес, нема недопирливи, секој одговара за своите дела, стои во писменото соопштение од СДСМ.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Државните лаборатории оставени без реагенси, за Филипче е поважно возењето мотори

Навраќајќи се на прашањето за состојбата со вакцините од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека системот не е организиран за да даде соодветен одговор.
„Секојдневно умираат по неколку десеттина лица, системот не организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се „организирани“ и за викенд се одмараат, поточно аздисуваат. И така, само во Македонија се поставува прашањето за вакцини, или каде се вакцините, кога ќе стигнат? Во меѓувреме други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму го поставуваат прашањето за реагенсите и за тоа дали има доволно термини за ПЦР тестови и по една година од постоењето на коронавирусот во Македонија.
„Граѓаните се на почеток молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа, е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат да се забавуваат, ама не и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните! Филипче и Заев веднаш одете си! Филипче и Заев ќе одговарате“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: Со шарената револуција народот си ја спаси државата

Со шарената револуција илјадници граѓани во речиси сите градови низ државата си ја спасија државата од канџите на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, донесоа слобода и демократија кои денес се почитуваат и унапредуваат во континуитет, велат од владејачката партија СДСМ по повод петгодишнината од почетокот на ова граѓанско движење.
„11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во режим, криминал, корупција и селективна правда сè додека оваа партија не беше поразена од граѓаните“, истакнуваат од СДСМ од каде додаваат дека политиките на Владата од 2017 година па до денес останале доследни во почитувањето на барањата и заложбите на шарената револуција.
„Денес предметите за висока корупција и организиран криминал се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници, се случуваат сериозни реформи во судството, институциите се транспарентни, професионални и секогаш во служба на граѓаните. Процесот за унапредување на човековите права и слободи, за градење еднакво општество продолжуваат во континуитет како врвна заложба на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и денеска како партија знае, како што велат, само за режим, само да брани криминал и да шири лажни вести.
„Граѓаните шест пати ги поразуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе продолжат да ги поразуваат сè додека од белиот дворец освен одбрана на криминал не нудат ништо друго“, посочуваат од владејачката партија.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш