Контакт

Соопштенија

Алијансата за Албанците: Одлуката за 27 април ја потврдува врската помеѓу двата режима

Објавено пред

Алијансата за Албанците смета дека секое прекршување на законот, а особено ваквите терористички дела, заслужуваат да бидат казнети со цел да бидат поука за другите во иднина.

Фактот дека дел од казните за организаторите на 27 април ќе биде пресметан како куќен притвор, ги изедначува осудените за тероризам со учесниците во протестите, се истакнува во соопштението од оваа коалиција.

„Тоа уште еднаш ги докажува сите наши процени, како и на Стејт департаментот, дека имаме заробено судство од страна на актуелниот режим. Кога ќе се потсетиме како избега главниот организатор Никола Груевски, како Сашо Мијалков го прогласија за невин во еден друг случај, а пак Агим Нухиу како министер за внатрешни работи не беше ниту под истрага и одговорноста беше оставена само на неговиот заменик Чавков, потоа законот за амнестија кон двајцата пратеници Крсте Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија вратите на Собранието за толпата да влезе внатре, што беше докажано и на денешното судење, додека Фета Алими го казнија неправедно, потоа како Талат Џафери го спаси Вељановски од одземањето на имунитетот, прегратките на Артан Груби со синот на Мијалков, фактот што Груевски беше информиран од страна на еден функционер на ДУИ и многу други слични дела и одлуки, денешната судска одлука воопшто не нѐ изненадува. Сепак, оваа вест потврди една вистина во врска со која веќе никој нема да има дилеми. Денешниот хибриден режим бил и ќе остане тесно поврзан со главните лидери на поранешниот режим, а овие два режима имаат еден заеднички именител – политичката партија Демократска унија за интеграција“, напоменуваат од Алијансата за Албанците.

Испраќаат порака дека еден ден во оваа земја правдата ќе пристигне, и тоа, пред сѐ, како што потенцираат, за невините граѓани.

Македонија

ДУИ: Алијанса за Aлбанците стои зад насилството на демонстрантите и навредите кон жените

Објавено пред

Демократската Унија за Интеграција изразува длабока згрозеност од обидите на Алијансата за Албанците да ја скрие нејзината рака и преку протести да ја злоупотреби трагедијата на модуларната болница во Тетово што ја потресе целата земја, посочуваат од оваа партија.

„Вчерашниот насилен и навредлив протестен марш кон положбата на жената е уште еден доказ за оваа скриена намера. Јасен доказ дека изразеното насилство и оцрнување на жените aлбанки на вчерашните протести дека носи печат на Села и Таравари се фотографиите од протестот, на кои јасно се гледа присуството на членови на високата партиска структура на Алијансата за Албанците, вклучително и потпретседателката на огранокот Нука Бајрами и не само, но и директните повици објавени на Фејсбук од страна на Арбен Зеќири, одговорно лице на Алијансата за медиумите, да учествуваат во протестите“, стои во соопштението од ДУИ.

Демократската Унија за Интеграција цени дека наместо осуда и дистанцирање од насилство и навредливи пароли, Алијансата за Албанците докажа дека го поддржува нискиот гест на навреда кон општествената положба на жените и го поддржува насилството на демонстрантите со криминално досие.

Од ДУИ изразуваат сочувство до семејствата и ги повикуваат сите политички партии да не ја злоупотребуваат болката на семејствата на жртвите за како што велат, површни предизборни политички придобивки.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014

Објавено пред

Модуларните болници не се направени од пластика и стиропор како Скопје 2014 кое граѓаните ги чинеше над 600 милиони евра, реагираат од владејачката СДСМ, по денешната прес-конференција на Игор Николов од ВМРО-ДПМНЕ, кој обвини дека сè уште нема основни одговори од кој материјал се градени болниците.

„Игор Николов треба да се засрами кога бара одговорност, морал и етика, треба да се засрами и в очи да ги погледне неговите колеги лекари, здравствениот персонал и кога зборува за градби треба да каже што сè ќе се направеше за здравствениот систем за 600 милиони евра“, се вели во партиската реакција.

Од СДСМ обвинуваат и дека 11 години, додека ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, прст не бил помрднат за здравствениот систем.

„Игор Николов наместо празни флоскули и лаги нека одржи една прес-конференција што сè ќе добиеше здравството и пациентите за 600 милиони евра“, порачуваат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДУИ со осуда за протестот во Тетово: Бруталноста на опозицијата не познава граници

Објавено пред

Демократската унија за интеграција најостро го осудува физичкото и родовото насилство за време на вчерашниот протестен марш во Тетово, по повод катастрофалниот пожар во модуларната ковид-болница.

„Политичката бруталност на албанската опозиција, изразена преку нејзината скриена рака, не познава граници, ниту болка за семејствата на починатите, кои за жал, ги загубија животите во трагедија што досега не сме ја доживеале. Ова е уште еден доказ за обидите на опозицијата да добијат ниски политички поени во пресрет на локалните избори“, се наведува во партиската реакција.

Од ДУИ ги повикуваат политичките опоненти, како што велат, да не си поигруваат со чувствата на граѓаните и со тоа да не ги отвораат раните на членовите на семејствата.

Од партијата на Ахмети исто така го осудуваат и вербалното родово насилство и бруталните пароли, што биле користени од страна на организаторите.

„Ја осудуваме и злоупотребата на малолетниците, кои можеа да се видат на овој протестен марш, кршејќи ги нивните права“, се наведува во соопштението во кое се додава дека истражните органи заедно со германските експерти веќе ја извршуваат нивната работа, со цел што е можно поскоро да се разјаснат причините што довеле до трагедијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Свет3 часа

Американски милијардер случајно признал убиство, му се заканува доживотен затвор

Американскиот милијардер Роберт Дурст вчера беше прогласен за виновен пред судот во Лос Анџелес за убиство на неговата најдобра пријателка...

Топ4 часа

Приведени пет лица поради напад врз полицајци на вчерашниот протест во Тетово

Тетовската полиција вчера уапсила три лица – Б.А.(31) од кичевското село Туин, Н.Б.(52) од тетовска Мала Речица и Џ.С.(33) од...

Топ6 часа

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А. Како...

Свет7 часа

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили,...

Македонија20 часа

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија24 часа

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија1 ден

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија1 ден

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија1 ден

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија1 ден

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија1 ден

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија1 ден

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија1 ден

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион1 ден

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет1 ден

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија2 дена

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија2 дена

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет2 дена

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија2 дена

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Досие