Контакт

Соопштенија

Али Ахмети им го честита Божик на православните верници

Објавено пред

По повод христијанскиот празник Божик, претседателот на ДУИ, Али Ахмети упати честитка до сите православни верници.

„Имам чест на сите православни верници да им го честитам големиот празник Божик со најискрени желби за здравје, благосостојба и успех.

Божик е празник на надежта и вербата за нов почеток на животот и во овој дух, славејќи заедно за да ја обновиме вербата и посветеноста на општото добро на животот за сите наши граѓани, правејќи го секој од нас уште подобар и покорисен за нашето општество.

Посакувам овој празник да го поминете среќно со вашето семејството и посакувам да поминете среќни моменти со вашите најблиски.

Заедничките празници и цели за подобар, подуховен, побожен живот, нè зближуваат еден со друг и не прават попосветени на заедничките вредности“, се вели во честитката на Ахмети.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Меморандумите со Бугарија се обланда, исти вакви потпишуваа и во 2017-та а резултати нема

Објавено пред

Договорот кој Заев го склучи со Бугарија стана пречка на Македонија во ервоинтегративниот пат, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Истата погубна политика на Заев, сметаат од таму, ја продолжува и пиунот Ковачевски. Според оваа партија, наводните работни групи и меморандуми за кои сега зборува Ковачевски се обландата со која, како шѓто велат, сакаат да го покријат пазарот со идентитетот, јазикот и историјата.

„Впрочем и досега никој и ништо не ги спречувало двете влади да имаат соработки на економски, енергетски или инфраструктурен план. Да потсетиме дека владата на заевизмот потпишуваше меморандуми со бугарската страна за истите области и во 2017-та година, поточно пред 5 години, па резултати од тоа нема никакви. И тогаш говореа за економска, енергетска соработка, изградба на железничка линија, коридор и слично, па видовме дека од тоа ништо не реализираа. Ниту метар железница, ниту нов граничен премин, ниту позначајна енергетска соработка, ниту економски бум. Напротив, токму после договорот за добрососедство на заевизмот, добивме низа вета и најлоши меѓудржавни односи меѓу Македонија и Бугарија“, е наведено во писмената реакција од опозициската партија.

„Додека помпезно ги најавуваат ваквите листови хартија, во тајност се договараат идентитетските прашања кои се од клучен национален интерес. Да не беше на штета на Македонија, јавноста до сега ќе ги знаеше одговорите на прашањата од пакетот 5+1 во форма на конкретни материјали. Народот веќе не верува во зборот на заевизмот, чиј поклоник е и самиот пиун Ковачевски. Во зборот и намерите на Ковачевски не веруваат ниту членовите на СДСМ, а ниту довчерашните соработници на Заевизмот“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Од ВМРО-ДПМНЕ прават конструкции за да ја прикријат неспособноста на нивните градоначалници

Објавено пред

Обидувајќи се да ја затскрие неспособноста на своите градоначалници, кои донесоа само партизација и поништување проекти, ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да конструира непостоечки случаи против функционери на СДСМ, велат од владејачката партија како реакција на денешното обраќање на Димче Арсовски, кој обвини дека адвокатско друштво на пратеничка од СДСМ зело 55.000 евра од државни институции.

Според СДСМ, пак, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да измисли скандал онаму каде што го нема.

„Снежана Калеска-Ванчева е основач на посоченото адвокатско друштво, но од првиот ден на мандатот таа ја напушта адвокатската пракса и нема никаква допирна точка ниту со управувањето, ниту со секојдневното функционирање на друштвото, кое патем постои од 2005 година, а адвокатската канцеларија од 1992 година“, се наведува во партиската реакција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Извештајот на „Транспаренси интернешнл“ го потврдува напредокот на државата во борбата со криминалот и корупцијата

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ и надлежните институции остварија сериозен напредок во борбата со криминалот и корупцијата. Потврда за тоа е и Индексот на корупција на „Транспаренси интернешнл“ каде Македонија има напредок од 24 места, што е  најдобро рангирање на нашата држава во последните шест години, соопшти СДСМ.

„ Се наоѓаме на 87. место со 39 индексни поени, во 2020 година бевме рангирани на 111. место со 35 индексни поени. Во однос на регионот исто така имаме најголем напредок, а на листата на ‘Транспаренси’ зад нас се Србија, Албанија, Босна и Херцеговина.

Во Извештајот на „Транспаренси’ јасно се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата со корупцијата. Ова е показател за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ пред сш успешната реализација на Планот за борба со корупцијата и реформите во правосудството“, велат од владејачката партија.

Напредокот на листата на „Транспаренси интернешнл“, според СДСМ, е дополнителен мотив да продолжи процесот на реформи преку дигитализација на процесите за исклучување на човечкиот фактор во процесите, реформа на правосудството, зголемување на професионализацијата на институциите и јакнење на интегритетот на носителите на јавните функции.

Како одговорна, државотворна партија, преку Владата и институциите што ги предводи, СДСМ останува посветена на бескомпромисна и неселективна борба со секаков вид  корупција и криминал, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија14 часа

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија16 часа

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија16 часа

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ17 часа

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија19 часа

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ20 часа

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија20 часа

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ20 часа

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија21 час

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет23 часа

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија23 часа

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Свет23 часа

Русија почна големи поморски вежби во Арктикот

Руски воени бродови денеска влегоа во Баренцовото Море за да вежбаат заштита на главната рута на бродскиот сообраќај на Арктикот,...

Свет24 часа

Холандија ги олабавува мерките и покрај силниот бран на инфекции – кафулињата и рестораните ќе работат до 22 часот

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот,...

Свет1 ден

СЗО: Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 350 милиони

Вкупниот број на потврдени случаи со Ковид-19 ширум светот надмина 350 милиони, додека бројот на починати надмина 5,6 милиони, соопшти...

Регион2 дена

Возачот е виновен за автобуската несреќа на „Струма“, заклучи бугарското Обвинителство

Бугарското Обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот „Струма“, во која загинаа 45 македонски државјани. Заменик-главниот обвинител Борислав...

Регион2 дена

Милановиќ: Хрватски војници нема да одат во Украина

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ако дојде до ескалација, Хрватска ќе ги повлече сите свои војници од...

Македонија2 дена

Рекордни бројки: 2.341 новозаразен од коронавирус, починале 26

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет2 дена

(Видео) Насилни протести во Киев – демонстранти се обидоа да влезат во парламентот

По протестот во Киев, избувна тепачка меѓу насобраните и полицијата. Неофицијално, има и загинати. Претприемачите, кои бараа даночни олеснувања, се...

Македонија2 дена

Ковачевски – Радев: Преку дијалог да дојдеме до решенија што ги почитуваат европските вредности и достоинството на двата народи

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, придружуван од Артан Груби – прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички...

Досие