Контакт

Соопштенија

Алтернативата: Победата на Пендаровски е показател дека Албанците се елементот што ја одредува стратешката иднина на земјата

Објавено пред

Победата на Стево Пендаровски е најдобар показател на нашата партиска определба, но и за тоа дека Албанците во Северна Македонија се елементот што ја одредува стратешката иднина на земјата, велат од партијата Алтернатива.

Од таму додаваат дека претседателските избори, како во првиот така и во вториот круг, беа коректни, праведни и не се забележани инциденти, кои можеле да ѝ наштетат на кредибилноста на изборниот процес.

„На овој начин државата овој пат го положи испитот на демократската зрелост, а овој процес беше еден вид потврда дека оваа влада има капацитети да организира праведни и уредни избори за кои веруваме дека ќе бидат вреднувани и од релевантните меѓународни институции и ова ќе се валоризира и во одредување на датумот за отворање на преговорите за членство во ЕУ“, велат од Алтернативата.

Од партијата истакнаа дека овие избори потврдиле дека мнозинството наши граѓани се за западните вредности и за евро-атлантската интеграција на земјата. „Дури и одѕивот на овие избори, постигнувањето на потребниот цензус и изборот на кандидатот што гарантира стабилност, интеграција и просперитет, е уште една потврда за нашата стратешка определба“, велат од партијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ ги напушта седниците на советот на општина Аеродром

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изјавија дека нема да учествуваат во работата на советот на општина Аеродром сè додека претседателот на општинскиот комитет на опозициската партија, Дејан Митевски, е во притвор во затворот Шутка.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушта и следните седници на советот на општина Аеродром сè додека Дејан Митевски е неосновано обвинет и во притвор во Шутка“, изјави денска Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром.

Тој нагласи дека Македонија е единствена држава во демократска Европа која во 21 век во своите затвори има политички затвореници.

„Притворањето на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, Дејан Митевски, е уште една потврда за политичкиот прогон во нашата држава кој го спроведува Зоран Заев“, посочи Антовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Борбата против климатските промени да стане врвен приоритет, бара младинската организација на ДОМ

Објавено пред

Младинската организација на зелената партија ДОМ (МОДОМ) се приклучува на протестот организиран од Fridays for future („Петоци за иднината“) во борбата против климатските промени.

Од таму информираат дека се свесни за катастрофалните последици од климатските промени и бараат надлежните интституции да преземат итни мерки за справување со климатската криза.

„Апелираме преку користење на обновливите извори на енергија, исфрлање од употреба на фосилните горива, подобрување на јавниот транспорт и органското производство на храна, итната борба против климатските промени да почне веднаш“, повикуваат од МОДОМ.

Од таму апелираат до Советот на Град Скопје да ги поддржи барањата поднесени од иницијативата Fridays for future и активно да се вклучи во светската борба за заштита на планетата.

Воедно, ги повикуваат и сите млади на 20 септември да се приклучат на маршот против климатските промени.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДОМ: ЕСМ да инвестира во обновливи извори на енергија, а не во нуклеарки

Објавено пред

Зелената партија ДОМ се спротивставува на намерата на македонската државна компанија ЕСМ за учество во проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа „Белене“.

„ДОМ е против изградба на нуклеарни електрани поради нивната опасност врз животната средина и здравјето на луѓето, на што укажуваат трагичните искуства од нуклеарните катастрофи во Чернобил и Фукушима. Не случајно Германија одлучи да ги затвори сите свои нуклеарни електрани до 2022 година.

Наместо во нуклеарки нашата држава треба да инвестира во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, како сонце и ветер“, велат од ДОМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа18 минути

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија11 час

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија12 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион13 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија14 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија15 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија15 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија16 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија18 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија19 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ22 часа

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион23 часа

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Свет23 часа

Преродба на големата осумка, Трамп и Макрон ја поканија Русија на Г7

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го одобри предлогот на Емануел Макрон да ја покани Русија на самитот Г7 во САД в...

Македонија24 часа

Сончево и топло време со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Регион1 ден

Помпео ѝ се закани на Атина со санкции поради иранскиот танкер

САД ќе преземат сѐ што е можно за да спречат иранскиот танкер да достави нафта во Сирија, изјави американскиот државен...

Македонија1 ден

На Богородица и Табановце се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Hitech1 ден

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија2 дена

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија2 дена

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија2 дена

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Досие