Контакт

Соопштенија

Андоновски: МНР е во тешка кадровска криза, со чудни одлуки се деградираат професионални дипломати

Објавено пред

Министерството за надворешни работи е во сериозна кадровска криза, а угледот на Македонија низ светот се руши, затоа што МНР си игра кадровска политика со целосно несоодветни кадри, рече денеска во изјава за медиумите Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Како пример за тоа ги наведе последните именувања на генерални конзули во дипломатско-конзуларните претставништва.

„ВМРО-ДПМНЕ ја споделува изненаденоста на македонската јавност од владината одлука за именување на извесен Дејан Ѓучиќ за генерален конзул во Солун, Република Грција. За ова кадровско решение со мистериозна биографија речиси  нема информации, освен дека е член на економско-социјалниот совет на СДСМ и донатор на владејачката партија. Втор случај е Јордан Панев, веќе испратен конзул во конзулатот на Македонија во Њу Џерси, за кого познато е дека често заспива на официјални средби. Иако е назначен да им служи на барањата на македонските граѓани во САД, често се забележува во барови и ресторани на 40 километри северно од Њу Џерси во состојби кои не му доликуваат на функцијата што ја врши. Трет случај е Реџеп Адеми, генерален конзул на Македонија во Минхен, кој не престанува со провокации и навреди кон македонските граѓани по етничка и по верска основа. Македонската дијаспора и лично го информирала министерот Никола Димитров дека наместо македонското знаме во македонскиот конзулат е развиорено знамето на Република Албанија. Одговор од министерот – нема“, истакна Андоновски во неколку примери и праша дали целта на новата систематизација во МНР е деградирање на професионални дипломати на сметка на партиски апетити.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ воедно порача дека партискиот бекграунд, политичката поддршка, личните желби и изборните донации мора веднаш да престанат да бидат основен критериум за избор на претставници на највисоки позиции од стратешки и државен интерес.

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Јавноста мора да дознае дали некој се офајдил од уништувањето на инсулинот со валиден рок

Објавено пред

Јавното обвинителство мора да отвори сериозна истрага во која ќе ја утврди одговорноста на министерот за здравство, Венко Филипче, во скандалот со уништувањето на инсулинот со валиден рок на траење, порача денеска во изјава за медиуми портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Постојат издржани и аргументирани сомненија дека Филипче и другите инволвирани во скандалот му нанеле милионски штети на буџетот со уништувањето на инсулинот. Три дена поминаа по најавата дека ќе го отворат и истражат случајот, а не слушнавме за никаква активност во таа насока“, истакна Стоилковски.

Тој рече дека органите на прогонот не смеат да остават простор да се уништат траги и докази или да се влијае врз потенцијални сведоци.

„Јавноста мора да знае кои се мотивите за уништувањето на инсулинот и дали некој се офајдил или ќе се офајди од оваа одлука. Доказ за Обвинителството треба да бидат и залудните обиди со манипулации да се покрие овој милионски скандал“, нагласи партискиот портпарол.

Како што рече тој, доволно долго Министерството за здравство е извор на скандали и сомнежи за корупција, кои поминуваат несанкционирани.

„Аферата со инсулинот е само продолжување на крвавиот тендер со реагенси, тендерот за стерилизација, сомнителните набавки на лекови по принципот татко-ќерка и многу други скандали што го тресат Министерството за здравство“, рече Стилковски и додаде дека одговорност во овој случај мора да има.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Јанушев: Владата склучи штетен договор што ги чини граѓаните 72 милиона евра

Објавено пред

Владата на СДСМ во заминување, крајно нетранспарентно, далеку од очите на јавноста, склучи штетен договор, кој ќе ги чини граѓаните 72 милиона евра, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на прес-конференција.

„Зоран Заев и Драги Рашковски се согласија 72 милиона евра, пари на граѓаните, да се прелеат на сметка на приватна фирма, без да се знае кои се услугите што ќе ги добијат и на кој начин ќе бидат наплаќани средствата од договорот.
Како што скандалозно и нетранспарентно ја почнаа аферата за формирање хеликоптерски итен медицински систем, така скандалозно и во најголемата афера продолжуваат со потпишување договор. Никој ниту соопшти што содржи договорот ниту се обиде да одговори на дилемите и сомнежите поврзани со авантурата на Заев и Рашковски“, рече Јанушев.

Единствено што јавноста виде, рече Јанушев, е скандалозна физибилити-студија која беше полна со апсурди и нелогичности, изработена од лице што не е воопшто упатено во проблематиката.

„Власта не кажува кои услуги ги добиваат граѓаните на Република Македонија за 72 милиона евра колку што ќе одвои државата!? Кои се обврските што САРХЕМС ги има кон државата и корисниците на услугите? Колку часови летање се покриени со парите што ги дава државата и колку изнесува цената за еден час прелет!? Дали приватниот партнер избран од Заев и Рашковски ќе наплаќа процент од патарините или од авионските карти и прелетите?

Дали на приватниот партнер избран од Заев и Рашковски ќе му бидат отстапени капацитетите за сместување на хеликоптерите? Зошто кога државата плаќа 72 милиона евра, треба на фирмата да ѝ се стават на располагање пилоти од војската и полицијата, со што се ослабува капацитетот на безбедносните структури!? Постои сериозен сомнеж дека со договорот му се нанесува огромна штета на државниот буџет, односно на буџетите на јавните претпријатија, од каде што ќе биде наплаќано“, рече Јанушев.

Побара од Јавното обвинителство да отвори истрага за случајот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Доколку СДСМ е за НАТО, ќе го поддржи ставот протоколот да се гласа предвреме

Објавено пред

Доколку СДСМ е за НАТО, од оваа партија ќе го поддржат ставот на ВМРО-ДПМНЕ – НАТО-протоколот да се гласа предвреме во Собранието, со одложено дејство на негово стапување во сила, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Бетијан Китев, кој обвини дека ВМРО-ДПМНЕ е против еден од најважните закони за усогласување со НАТО-стандардите.

„Бегањето од ратификацијата на НАТО-протоколот предвреме е резултат на стравот на СДСМ од извесниот пораз во април. СДСМ треба да се охрабри и да ги стави државните над партиските интереси. Очекуваме СДСМ да го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и да гласа за предвремена ратификација на НАТО-протоколот, сè друго е играње со судбината на граѓаните и Македонија“, се наведува во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет20 минути

(Видео) Луѓето се разбегаа во паника од силниот земјотрес на Филипините, шестгодишно девојче загина

Шестгодишно девојче загина откако се сруши ѕид за време на силниот земјотрес oд 6,8 степени што денеска ги погоди Филипините,...

Регион32 минути

Нов земјотрес во Албанија, почувствуван во Црна Гора

Нов земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија доцна синоќа, јавуваат медиумите. Според Евромедитеранскиот сеизмолошки институт, епицентарот бил на 22...

Спорт2 часа

Македонец е светски првак во УФЦ–Александар „The Great“ Волкановски

Македонецот Александар „The Great“ Волкановски (31) е новиот шампион во УФЦ, во перо категорија. Волкановски утринава во Лас Вегас го...

Економија2 часа

Почнува наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од...

Регион15 часа

Обвинителството во Албанија гони 17 лица по земјотресот – се градело без почитување на стандардите

Албанското обвинителство издаде 17 налози за апсење под обвинение за убиство и злоупотреба на службената положба поради смртта на 51...

Свет17 часа

Уништувањето на шумите во Амазонија достигна највисоко ниво за месец ноември

Уништувањето на шумите во бразилската Амазонија го достигна своето највисоко ниво за месец ноември, откако почна да се бележи неславни...

Македонија19 часа

Заев за ДУИ ќе се консултира во СДСМ и со малите партии

Премиерот Зоран Заев најави внатрепартиски консултации како и разговори со помалите партии на кои ќе се одлучува за поднесувањето на...

Топ20 часа

Пожар во стан во Тетово – еден тешко повреден, десетина затруени

Еден маж е потешко повреден со изгореници, а 10 лица се затруени од чад, во пожарот што се случи денеска...

Македонија20 часа

Врховните судии потврдија дека Јован Врaнишковски перел пари

Врховниот суд го отфрли како неосновано барањето за вонредно преиспитување на пресудата против расчинетиот владика на МПЦ-ОА, Јован Вранишковски. Тројцата...

Македонија21 час

(Видео) Русковска: На почетокот на јануари се надевам на второ обвинение за „Рекет“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска рече дека втората истрага за случајот „Рекет“ е при...

Македонија22 часа

Николоски тврди дека со СДСМ имале договор: За изборниот модел требаше да преговараме по изборите

Преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака...

Македонија23 часа

(Видео) Дескоска, Здравев и Џолев на примопредавање на златната метла

Министерката за правда, пред почетокот на денешната акција за чистење на претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев му ја подари...

Македонија1 ден

Коце Трајановски нема да биде гонет за конкурсот за Водовод, застарело делото

Ексградоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба...

Топ1 ден

Патнички воз удри во автомобил, жена со повреди заврши во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз...

Европа1 ден

Џонсон: Нема втор референдум за независност на Шкотска

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на...

Свет1 ден

Северна Кореја изведе нова нуклеарна проба

Северна Кореја ја инофмрира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми. „На...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Јанева го злоупотребила буџетот на СЈО за роднини и пријатели

Катица Јанева , под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на...

Македонија2 дена

(Видео) Морачанин: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да не се вадат дека не биле информирани, од септември зборуваме за една изборна единица

По тензичниот ден во Собранието каде што ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со поднесување на илјадници амандмани ја блокираа расправата за измени...

Топ2 дена

Кривична пријава против поранешна директорка на средно училиште во Скопје

Управата за финансиска полиција  поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Е.А., поранешна директорка на средното училиште „Браќа...

Македонија2 дена

Поднесено обвинение против Јанакиески и уште 10 лица за предметот „Шпански скали“

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција  достави обвинение до кривичниот суд против 11 лица за предметот популарно наречен „Шпански...

Досие