Контакт

Соопштенија

Апостолска: Со членство во ЕУ пред домашните компании се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи

Објавено пред

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, вчера оствари работна посета на Општина Охрид, каде што имаше средба со градоначалникот Јован Стојаноски и ги посети компаниите „Митротек“ од Охрид и „Линди“ од Кичево, со кои во име на Владата има потпишано договори за финансиска поддршка по првиот и вториот столб од планот за економски раст во согласност со Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

На средбата со градоначалникот министерката беше информирана за економските развојни планови на Општината, за капацитетите за гринфилд и браунфилд-инвестици, за неколку развојни проекти што би можеле да се реализираат со помош на Владата. Од страна на министерката и градоначалникот заеднички беше оценето дека членството во НАТО и ЕУ гарантира раст на македонската економија и отвора перспективи за поголема конкурентност на локалните претпријатија преку зголемени вложувања во нови проекти, во градење деловни релации со успешни странски компании.

„327-те милиони евра странски директни инвестиции во првото полугодие од годинава и растот на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал значи дека македонската економија расте и се стабилизира на долг рок, што за компаниите значи стимулативни услови за пораст на интересот за реализација на нови инвестиции“, истакна министерката на средбата со градоначалникот Стојаноски.

Апостолска ја посети компанијата „Митротек“ од Охрид, при што на средбата со менаџментот истакна дека преку планот за економски раст и Законот за финансиска поддршка на инвестициите државата првпат определува стимулативни буџетски средства за домашните компании, со што се изедначува нивниот третман со странските. При посетата на компанијата министерката Апостолска беше запозната со процесот на производство на метални и пластични производи што се користат како суровински материјал во повеќе индустрии, како и со плановите за реализација на нови инвестиции и освојување нови пазари во Европа.

При посетата на компанијата „Линди“ во Кичево од страна на министерката Апостолска беше истакнато дека целта на владините економски политки не е само поттикнување епизодни, еднократни инвестиции од страна на компаниите, туку стимулирање реализација на долгорочни, односно повеќегодишни развојни инвестициски проекти. Проширувањето на бизнисот со прехранбени производи преку инвестирање во нови производствени линии и усвојување нови современи технологии беше истакнато како приоритет од страна на менаџментот на компанијата за што очекуваат и понатамошна директна поддршка од владините политики за стимулирање на инвестициите.

„Со членство во ЕУ пред домашните компании се отвора пазар од 500 милиони потрошувачи, Македонија ќе влезе во најголемата светска економија која учествува со 23,8 отсто од светскиот БДП. Ова е една од најголемите развојни перспективи што се отвораат за домашните компании“, рече министерката Апостолска при посетата на компаниите „Митротек“ и „Линди“.

Соопштенија

СДСМ: Наградата за Заев и Ципрас е уште едно признание за пријателските политики

Објавено пред

Наградата „Евалд Фон Клајст“ за премиерите Заев и Ципрас е уште едно признание за успешноста на политиките кои создаваат пријателство и отвораат перспективи, вели СДСМ преку соопштение.

Желбата за подобра иднина, смета СДСМ, ги надмина стереотипите и низ дијалог се дојде до решение во интерес на граѓаните од двете земји, Република Северна Македонија и Република Грција, а тоа е препознаено и гласно поздравен од целиот демократски свет.

„Европа и Балканот стануваат едно – Балканот како ново место на надеж, како место за дијалог и заедништво, како место за стабилност и соработка.

Отворени се перспективите за засилен развој и напредок на Република Северна Македонија, интегрирана во најмоќните сојузи, НАТО и ЕУ. Тоа за граѓаните значи сигурна иднина, стабилност, безбедност, силна економија, поголеми плати, подобар животен стандард за сите“, се додава во соопштението на владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Над 60 илади тони јаболка во Ресенско стојат во магацините

Објавено пред

Земјоделието е во катастрофална состојба. Над 60 илјади тони јаболка во Ресенско стојат во магацините, на само 2 месеца пред крајот на сезоната, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение и додава дека произведувачите на јаболка, кои треба да почнат со подготовка на плантажите за новата сезона, немаат средства за обработка на нивите.

„СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски ги понижија земјоделците. Минатата година без пласман останаа производителите на зелка, домат, пченица, слива, бостан, грозје, праска и ориз, земјоделците наместо загарантиран откуп и фер цени, немаа никаков откуп. Заев ги излажа земјоделците и го клекна земјоделието на колена во изминативе две години. Земјоделците се жртва на манипулација. Две години земјоделието само тоне, а земјоделците не можат да ги покријат ни производствените трошоци“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија додава дека власта не смее да остане глува на проблемите на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ бара власта итно да ја врати интервентната мерка по 3 денари од килограм и да им помогне на произведувачите на јаболка.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Прашајте го Мицкоски како станал асистент кај својот татко

Објавено пред

СДСМ како одговор на обвинувањата за непотизам во своите редови вели дека вистинската адреса на која ВМРО-ДПМНЕ треба да постави прашања за непотизам е нивниот лидер Христијан Мицкоски.

„Мицкоски треба да им одговори како од толку многу професори на Машинскиот факултет, тој станува асистент токму кај својот татко со кого и заедно пишувале книги и учебници?
Како Мицкоски добил бизниси со хидроцентрали од владата на Никола Груевски, каде што бил советник?“, наведува СДСМ во реакцијата.

Владејачката партија додава дека 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги партизирало сите државни и јавни претпријатија, а од институциите правело партиски штабови. Велат дека остануваат доследни на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизам, притисоци и политика.

„Како што е веќе најавено, ќе се испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор, како и на лица блиски до одредени функционери и јавноста навреме ќе биде информирана. Доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување или, пак, влијанија, ќе бидат преземени соодветни мерки.

Секој има право да членува или да не членува во политичка партија, но тоа право никако нема и не смее да влијае на вработувања.

Деполитизирана и департизирана администрација значи вработување спроед мерит-систем, а не според политика или партиска припадност“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија1 час

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија2 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија3 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток3 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток3 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ3 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет4 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија5 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет5 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет5 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет7 часа

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет8 часа

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ17 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија18 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Македонија19 часа

Се бара притвор за девет лица што изработувале и продавале огнено оружје

Надлежниот јавен обвинител до судот ќе достави предлог за определување мерка притвор за учесниците во криминалната група која изразботувала и...

Македонија21 час

„Макфакс“ и Групацијата Клип медија не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

Редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во...

Македонија21 час

ССНМ со осуда за заканите на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува односот на де факто сопственикот на „1ТВ“, Бојан...

Македонија22 часа

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение...

Досие