Контакт

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Без поддршка од Јанева, Боки 13 не можел да рекетира

Објавено пред

Катица Јанева е еден од пипците на октоподот. Без нејзина поддршка и поддршката на Зоран Заев и други функционери од власта Боки 13 не можел да рекетира милиони евра од бизнисмени, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Катица Јанева ја завршува кариерата онака како и што ја почна. Политички и по нарачка се обидува да го минимизира рекетарскиот скандал што ја разголи целата власт на Зоран Заев и начинот на владеење изминатите години. Катица Јанева само за плата во овие четири години од граѓаните има земено преку 150.000 евра, а не почувствува потреба да одговори на прашањата што ја интересираат јавноста“, рече тој.

Јанева, додаде Арсовски, практично призна дека СЈО го претворила во рекетарски бизнис и дека таму се сместени најголемите криминалци во државава вклучително со неа.

„Слушнавме дека знае и за други лица кои рекетираат во нејзино име, но Јанева одлучи да ги заштити и да не каже кои се тие, практично уште еднаш покажува и докажува дека она е соучесник и она им дава поддршка на тие лица да рекетираат и да го вршат тој криминал. И практично е виновна за тоа. Катица Јанева одби да објасни и зошто лажела дека нејзиниот телефон е украден кога истиот телефон самата Катица Јанева наводно го подарила“, рече Арсовски и праша дали Јанева имала контакти со Заев, Кики или Фрики и за што разговарале со тој телефон.

„Катица Јанева не кажа дали одлуката да се укине притворот за бизнисменот Камчев е нејзина или одлука на обвинителката Лиле Стефанова? Катица Јанева не почувствува ниту срам, ниту одговорност за ова што се случува во моментов, но тоа што е потрагично во моментов е фактот дека ништо сомнително не гледа ниту обвинителката Русковска, практично се обидува да ги заштити. Низа нелогичности во постапката што ја води обвинителството во врска со аферата рекетарско-политичко-обвинителски октопод, покажува тенденција истиот да биде забошотен и практично да се заврши со минимална штета, што е невозможно бидејќи целата јавност знае кој и како рекетира. Истрагата е сè освен непристрасна и професионална. Начинот на којшто Вилма Русковска ја води оваа истрага укажува дека таа има намера да ја заштити главата на политичко-медиумскиот-рекетарски октопод“, рече Арсовски.

Тој праша дали лажниот исказ на Катица Јанева даден во истрагата во врска со телефонот не е индиција дека и таа е инволвирана, односно и против неа треба да бидат преземени посебни истражни мерки односно ПИ-мерки.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже кои се партиите од новото мнозинство

Објавено пред

„Наместо досадни и стерилни соопштенија за себехрабрење, бидејќи СДСМ трет ден тврди дека има мнозинство јавно ги повикуваме да кажат кои се партиите од ново мнозинство, која е цената за таквата коалиција, кој ќе биде премиер, во спротивно ќе се докаже дека лаже и манипулира“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, што се однесува до иднината за која пишуваат, ако од СДСМ зависи иднината, тешко на државата и граѓаните. „Бидејќи велат дека од нив зависела европската иднина, тогаш јавно прашуваме што ги спречуваше до сега нејзе да ја донесат“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Преговараме за Влада со полн мандат поддржана од стабилно мнозинство во парламентот

Објавено пред

„СДСМ води сериозни преговори со претседателите на политичките партии, со работни групи, членови на раководствата на партиите, за формирање Влада со нов четиригодишен полн мандат, поддржана од стабилно мнозинство во парламентот“, соопшти партијата.

Според СДСМ, преговори се водат за Влада која е подготвена да сработи, да се движи брзо напред по европскиот пат на економијата и на правдата.

„Влада која ги отвора преговорите за членство со Европската Унија и Влада која со секое ново отворено поглавје од преговорите ќе воведува нови европски стандарди за подобар живот.Заради подобра заштита на здравјето на граѓаните, за поголема сигурност и економска предвидливост, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и шполн мандат на новата Валда која ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата.Граѓаните ни ја дадоа довербата на изборите. Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на раководството на ЕЛЕМ го доведува во опасност енергетскиот систем

Објавено пред

„Неспособноста и неодговорноста на раководството на РЕК ‘Битола’ и ЕЛЕМ го доведуваат во опасност енергетскиот систем во Македонија. Наместо да бараат одговорност и оправдување во временските услови или опозицијата раководството треба да одговори зошто од 18 јули 2020 РЕК ‘Битола’ работи само со еден блок?“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Партихата прашува зошто најголемиот багер за ископ на јаглен повеќе од еден месец е надвор од употреба.

„Зошто енергетските компании ги претрупуваа со партиски и непотистички вработувања? Зошто цело време се прават скандалозни тендери со кои се испумпуваат народните пари? Зошто на крајот од бараа поскапување на струјата од 7,5%, а според тврдењето на регулаторна и 25% кога беа до пред некој месец енергетски шампиони? Ова се вистинските одговори што јавноста ги бара од нив. Очигледно дека матните зделки, неспособноста и недомаќинското работење на енергетските власти сега сакаат да го покриваат со повисоки сметки за струја и со тоа директно да влијаат на стандардот на граѓаните“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

Се повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува...

Свет2 часа

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“...

Македонија3 часа

155 нови случаи на Kовид-19 во земјава, починати се две лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на...

Топ3 часа

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од...

Македонија5 часа

Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување, ја напушти Детската клиника

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и...

Свет6 часа

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја отфрла можноста за надворешна вмешаност во катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут велејќи...

Свет7 часа

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува...

Македонија7 часа

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка, која полагала возачки испит, пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија7 часа

Хелсиншкиот комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, кои ги донесе Владата, e ослободувањето од работни...

Македонија8 часа

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет9 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет9 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет9 часа

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Свет11 час

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет12 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет12 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион23 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет24 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет1 ден

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет1 ден

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Досие