Контакт

Соопштенија

Арсовски: Заев ја ослободи Катица Јанева од притвор

Објавено пред

Втор ден од СДСМ молчат за ослободувањето на Катица Јанева и вдомувањето кај нејзиниот син Лазар Јанев, кој исто така е под кривична пријава од оштетен во случајот „Рекет“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој обвини дека премиерот Зоран Заев ја извадил Јанева од затвор со цел, како што рече, таа да не ја разоткрие целата шема на рекетирање во која директно е вмешан политичкиот врв на СДСМ.

„Русковска-обвинителството и кацарска-судството совршено, но провидно го глумат театарот дека наводно се караат за ослободувањето на Катица Јанева, додека, пак, Заев, СДСМ и Владата молчат и гледаат од страна. Сите се свесни дека Зоран Заев е тој што ја ослободува Катица Јанева од притвор, бидејќи и самиот си имаше кажано уште на лидерската средба во Собрание пред неколку месеци дека ќе ја ослободи и ќе ја извади Катица Јанева од притвор. Нема јакна што може да го покрие срамот од оваа срамна и смешна одлука на институциите. Сценариото е организирано од СДСМ. Целата постапка за случајот ‘Рекет’ се водеше непрофесионално и аматерски. Катица Јанева најпрвин ги избриша доказите и ги форматираше компјутерите во СЈО, потоа ги изгуби телефоните исто како и Фросина Ременски“, рече Арсовски.

Според него, ослободувањето на Катица Јанева и уште 1.000 други криминалци претходно во изминативе 2 години откако е СДСМ на власт е доволен показател дека власта, Заев, Оливер Спасовски, СДСМ и сите останати се во длабока спрега и коалиција со криминалот и тоа, вели Арсовски, мора да се казни.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта во справување со пожарите загрозува имоти и животи

Објавено пред

Гледаме апсолутна неспособност на власта во справување со пожарите низ Македонија. Наместо навремена интервенција гледаме загрозени села и градови, уништени куќи, фарми, имоти, хектари шума и за жал и изгубен животи, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со ситуацијата со пожарите во државата.

„Оваа неспособна власт на Заев освен криминал не може да организира ништо друго. Тие немаат план и стратегија за справување со пожарите. Да имаа немаше да го одбијат амандманот за ребалансот на буџет предложен од ВМРО-ДПМНЕ за набавка на 20 противпожарни возила. Да имаа стратегија немаше да бидат оставени несервисирани трите авиони за гаснење пожар кои сега ќе гаснеа шумски пожари. Но наместо да одвојат 400 илјади евра за сервисирања тие трошат милиони за службени возила, мебел, вработувања и мобилни телефони“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваa партија , власта како што велат од таму наместо да го разреши неспособниот Стојанче Ангелов таа го унапредува од вд во директор, човекот кој според нивните оценки аматерски менаџира криза кој може да чини животи и имоти на граѓани.

„Впрочем каков премиер, такви и соработници и функционери“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не може да се очекува повеќе од лица кои наместо да превенираат дозволија пожар да дојде до самиот град Кочани, а тие да се забавуваат на приватни прослави на Мечкин Камен. Време е за оставки на неспособните, за да се спасат животи! Неспособноста на власта загрозува животи и имоти на граѓани. Веќе никој не бара одговори од власта на Заев, сега од нив се бара одговорност!“, се нагласува во соопштението од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Сите солидарно против пожарите, само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски неосновано критикуваат

Објавено пред

Системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво, се активни за справување со пожарите, граѓаните се солидарни, медиумите одговорно информираат, соседите, сојузниците нудат помош, велат од владејачкиот СДСМ за ситуацијата со пожарите.

Според СДСМ, само ВМРО-ДПМНЕ седи на страна и, како што потенцираат од партијата, шири невистини и напразно и неосновано критикува.

„Тоа е загубената ВМРО-ДПМНЕ, која нема идеја како да дејствува, нема што да им понуди на граѓаните. Системот функционира, ситуацијата е под контрола. Пожарите не се политичка тема. Надлежните институции будно ја следат состојбата и дејствуваат. Државата е тука за граѓаните, нивната безбедност и сигурност е на прво место!“, нагласуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Пожарот во Кочани ја покажа целата неспособност на власта

Објавено пред

Катастрофалната реакција на власта во случајот со пожарот во Кочани ги загрози имотите и животите на граѓаните, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Да биде срамот поголем додека граѓаните со голи раце ги бранеа своите домови од огнената стихија, претседателот Пендаровски им вети дека по еден ден, ќе испрати хеликоптери да помогнат во гаснењето. Мизерија и тотална неспособност. Додека власта организира приватни забави на Мечкин Камен, загрозени се животите и имотите на граѓаните, па и цели населени места, а елитата мува не ја лази. Цел ден од Кочани доаѓале апели и молби да им се помогне и да им се испрати хеликоптер за гаснење на пожарот, но биле одбивани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Да бевме нормална држава, како што пишува во нивното соопштение, и да имавме доблесни функционери, утрово ќе имаше дузина оставки на директори, министри и одговорни.

„Оваа власт, освен што покажа дека е потполно неспособна, покажа дека може да биде полоша од катастрофа за граѓаните. Најмалку две години не се сервисирани три авиони за гаснење пожар затоа што тоа чинело 300-400 илјади евра. А колку чини штетата или не дај боже изгубен живот? Колку чинат прославите и настаните? Само за кондоми и лубриканти во една година потрошија 2-3 пати повеќе средства. Само за нови службени возила потрошија десет пати повеќе пари“, стои во писмената реакција од опозициската партија.

Според нив, ова што се случува, како што велат, ја покажува целата беда на власта на Заев, која украде 4 години од животот на граѓаните, која потроши рекордни 4 годишни буџети, а ништо не направи.

„Тоа мора да престане. Од Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори, од Заев и од СДСМ се бара одговорност“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски полетаа од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија1 час

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата денеска во 08.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија13 часа

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија15 часа

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија15 часа

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија17 часа

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија19 часа

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ22 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион1 ден

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа1 ден

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија1 ден

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија1 ден

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион1 ден

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет1 ден

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ2 дена

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија2 дена

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија2 дена

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 дена

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија2 дена

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија2 дена

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Досие