Контакт

Соопштенија

Ахмети: Нема подобра алтернатива за нас од НАТО и ЕУ

Објавено пред

Демократската унија за интеграција денес во Дебар оствари средба со граѓаните во рамките на кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од Дебар истакна дека ДУИ беше дел од постигнување на договорот од Преспа сè до прифатливото решение за двете страни и дека е убеден целосно дека овој момент не треба да се потцени и треба да се гласа на 30 септември.

„Овие се историски моменти, се одлучува за нашата иднина и ние друга иднина освен НАТО и Европската Унија немаме, ги зацврстуваме мирот, безбедноста, стабилноста, иднината и развојот. Нека каже некој дека Албанците и Македонците имаат друга алтернатива од ова што се нуди и ќе се гласа на 30 септември. На 30 септември ќе се мобилизираме и организираме многу добро и нашиот успех ќе биде многу силен затоа што следи друг важен чекор да им го земеме аргументот на сите дефетисти и да гласаме уставни измени заедно 120 пратеници за иднината на нашата земја“, рече Ахмети.

Во пресрет на активностите за референдумот, Централниот штаб на Демократската унија за интеграција утре ќе биде присутен во општините Долнени и Пласница.

Соопштенија

(Видео) Коциќ: Со навремени мерки ја ставивме состојбата со коронавирусот под контрола

Објавено пред

Со навремени мерки ја ставивме состојбата со коронавирусот под контрола, успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата, а капацитетот на здравствениот систем во ниту еден случај не се оптовари, изјави Ненад Коциќ, од СДСМ.

„Но здравствените работници не можат сами да се справат со епидемијата. Секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот. За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме здравјето, мораме доследно да ги почитуваме мерките за заштита“, кажа тој.

Коциќ рече дека СДСМ преку одговорни и стратешки политики ги зајакнале професионалните капацитети на здравствените работници и создале услови здравствените работници својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.

„Владата предводена од СДСМ сериозно вложи во човечкиот капитал во здравството во изминатите две и пол години. Влогот во здравствените работници е влог во нашето јавно здравје. За период од две години дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи, ги зголеми платите на здравствените работници, даде повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации. Во периодот од септември 2018 до февруари 2020, 4 пати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%“, кажа Коциќ.

Тој потсети и дека вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за два месеци.

„Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот – доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош во сите Јавно здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата“, рече Коциќ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Ако ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ги кочи изборите, ние ќе ги почитуваме законските рокови

Објавено пред

СДСМ смета дека изборите се решение, а не проблем, со оглед на тоа што земјата е со распуштено Собрание и со техничка Влада. Од владејачката партијата велат дека сакаат избори на кои ќе учествува и опозицијата, но доколку ВМРО-ДПМНЕ го кочи процесот, тие ќе ги почитуваат законските рокови.

„Имаме силен демократски капацитет, и како и до сега, ќе направиме сè опозицијата да си ја преземе својата одговорност, но ако ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го кочи овој неопходен демократски процес, ние нема да имаме избор, освен да ги почитуваме законските рокови на изборниот процес“, велат од СДСМ.

Според владејачката партија, изборите ќе обезбедат целосно функционални институции, но истовремено и заштита за здравјето на граѓаните, особено имајќи ги предвид реалните стравување на релевантните светски здравствени институции за нова можна појава на вирусот наесен.

„Изборите треба да се одржат во првиот можен термин во согласност со законските можности и во согласност со состојбата предизвикана од епидемијата според препораките на надлежните институции. Тоа значи дека сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, имаат одговорност пред државата и институциите да преземат одговорност и да им овозможат на граѓаните да одлучуваат. Тоа е врвна демократска придобивка. Исплашени од извесниот пораз од граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават сè изборите да не се одржат, а државата да западне во сериозна политичка криза, која негативно ќе се одрази и врз економијата, но и врз здравјето на граѓаните. Таквите нивни обиди се осудени на неуспех“, велат од СДСМ.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Македонското здравство реагира навреме и добро се справи со пандемијата

Објавено пред

Македонското здравство реагира навреме и добро се справи со пандемијата на коронавирусот, оценува владејачкиот СДСМ преку соопштение.

Оттука велат дека состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола, а бројот на активни случаи е стабилен.

„Зголемениот број новодијагностицирани изминативе денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со ова. Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата. Ја стабилизиравме состојбата и во ниту еден случај не се оптовари капацитетот на здравствениот систем“, велат од СДСМ.

Додаваат дека, сепак, вирусот ќе биде присутен сè додека не се стекне имунитет или не се се пронајде вакцина, па затоа од исклучително значење е граѓаните да се придржуваат до препораките и мерките на Владата за неопходната физичка дистанца и носење заштитна опрема.

„Да бидеме свесни дека сè уште може да се заразиме, а за што е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита. Да живееме со коронавирусот, но на начин на кој ќе бидеме заштитени, а со тоа ќе го заштитиме здравјето и на оние околу нас. На тој начин се грижиме за нашето и за колективното здравје, но и директно им помагаме на здравствените работници, кои се на првата борбена линија со коронавирусот“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови во случајот „Рекет“, обвинителката Вилма Русковска пред судот кажа дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски-Боки 13 и...

Македонија14 минути

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања тој ја отфрли можноста...

Македонија37 минути

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет1 час

СЗО го суспендира тестирањето на лекот за малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот за малaрија хидроксиклорокин кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа3 часа

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Регион4 часа

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа4 часа

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што побргу да се отворат границите меѓу европските земји по затворањето...

Македонија4 часа

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската Зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата предизвикана од...

Регион4 часа

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Кога Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет16 часа

Италија бара 60.000 доброволци, кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати речиси 60.000 доброволци, кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија17 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет17 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа18 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет18 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет19 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа20 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија23 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија1 ден

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет1 ден

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион1 ден

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Досие