Контакт

Соопштенија

Ахмети се сретна со новата американска амбасадорка

Објавено пред

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Амбасадата на САД се сретна со новата амбасадорка на Америка во Северна Македонија, Кејт Мари Брнс.

„Ахмети ѝ честита на амбасадорката Брнс за новата должност изразувајќи убедување дека успешната соработка со САД ќе продолжи и во иднина во насока на реализирање на нашите заеднички цели, Северна Македонија интегрирана во НАТО и ЕУ и со функсионална демократија. Соговорниците исто така разговараа и за заедничките достигнувања во насока на општествената кохезија, договорите со Атина и Софија и патот кон НАТО и Европската Унија. Но, Ахмети истакна дека ни претстои уште многу работа, особено во насока на владеењето на правото и реформите вклучувајќи ги тука и одговорноста и отчетноста“, соопштија од ДУИ.

„Нашата земја чекори кон евро-атлантската интеграција и задолжително треба да ги исполни бараните стандарди, а ДУИ ќе продолжи да биде партнер во реализација на реформите за доброто на нашите граѓани“, рекол Ахмети.

Ахмети истакнал дека сите достигнувања се заеднички и дека САД може да сметаат дека ДУИ ќе продолжи да биде искрен партнер.

Соопштенија

Димков: СДСМ со денови ја опструира работата на постојаната анкетна комисија

Објавено пред

СДСМ со денови ја опструира работата на постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот. Императив за секој пратеник е претставничката улога што ја има во законодавниот дом и заштитата на правата и слободите на граѓаните би требало да биде на прво место, изјави Трајчо Димков, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавно ги повикуваме пратениците на СДСМ да одговорат зошто не доаѓаат на оваа значајна комисија и со тоа ја попречуваат нејзината  работа. За информација на јавноста, на СДСМ не му одговара заклучокот што неминовно ќе произлезе доколку заседава оваа комисија, а се однесува на скандалозниот закон за управување со Охрид како заштитено подрачје под УНЕСКО, што го поднесе во Собранието, па експресно го повлече и отиде со лажен закон пред комитетот на УНЕСКО во Баку.

Освен тоа, на заинтересираните, поточно невладината ФРОНТ, им е оневозможено слободен пристап до информации од јавен карактер. Собранието не може да донесе заклучок за да се утврди одговорност на носителите на јавните функции и да помогне во заштитата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Ги прашуваме пратениците дали само она што ѝ одговара на власта е од јавен интерес и зошто тие како претставници на граѓаните не овозможуваат штитење на јавниот интерес. Преку оваа анкетна комисија СДСМ си ја покажа дволичноста пред целата македонска јавност“, порача Димков.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Црните сценарија што ги најавува Заев нема да поминат кај граѓаните

Објавено пред

Исплашен од поразот што му следи, Заев се обидува да ги заплаши граѓаните дека доаѓа крајот на светот ако не се согласуваат со неговиот капитулантски договор, велат од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи дека се ближи денот кога Заев ќе треба да одговара за тргувањето со државните и националните интереси за продажбата на јазикот и историјата.

„Тој се служи со апокалиптични сценарија претставувајќи дека единствениот начин за преживување е неговото виткање на ‘рбетот. Македонските граѓани се свесни дека единствената причина поради која Заев го потпиша капитулантскиот преспански договор беше за да ги покрие сопствените криминали преку кои тој го оштети државниот буџет за стотици милиони евра. Граѓаните знаат дека тој договор беше обид за спас на Зоран Заев и неговите пајташи, а не за спас на Македонија и граѓаните.

Преспанскиот договор, наместо подобар живот, на граѓаните им донесе заробени институции, секојдневни престрелки на улиците и афери, како „Рекет“, „Сархемс“, „Леонардо“, но и крвави тендери и концесии за марихуана, од кои единствена корист има Заев и врхушката на власт околу него.

Ни трага ни глас нема од нови болници, училишта, студентски домови и студентски град, 500 километри автопати, големи инвестиции, како „Гугл“ и „Фејсбук“, а нема ни почист воздух. Нема ништо од тоа што го ветуваше кога на плоштадите ветуваше живот за сите, а животот дојде само за него и функционерите на власт.

Наместо живот, донесе сиромаштија и беда, јавниот долг вртоглаво расте, а повеќе од половина милион граѓани на Македонија едвај преживуваат. Затоа, граѓаните ќе го казнат Заев. За сите овие злодела и порази што ги испорача изминативе три години.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои двотретинско мнозинство, ќе стори сè што е можно за да ги коригира штетите што Зоран Заев ѝ ги направи на Република Македонија. Toa не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега. Црните сценарија што ги најавува Заев нема да поминат кај граѓаните. Заев повеќе никогаш нема да биде премиер и ќе биде жестоко поразен на 12 април, а после тоа следува обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од опозициската партија преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Законските измени обезбедуваат подобри услови за работа во Армијата

Објавено пред

Измените во Законот за служба во Армијата, усвоени по предлог на Владата, обезбедуваат подобра армија, подобри услови за работа во Армијата и градење кадри по стандардите на НАТО, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека со законските измени вработените во армијата ќе добиваат месечен додаток вo висина од 7.000 денари за решавање на станбеното прашање, стипендирање дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.

„Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80 отсто од десетте најдобри години, како и повисоки испратнини при пензионирање. Овој закон го регулира и прашањето на војниците што полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање“, појаснуваат од СДСМ.

Владејачката партија оценува дека измените на законот овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Култура9 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет10 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт10 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет11 час

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион13 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет15 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија16 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија17 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија18 часа

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија18 часа

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет19 часа

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет20 часа

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет21 час

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија21 час

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион21 час

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава24 часа

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија1 ден

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија2 дена

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија2 дена

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија2 дена

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Досие