Контакт

Соопштенија

Богојески: Заев и Димитров да лобираат кај македонските иселеници за помасовно попишување

Објавено пред

Петар Богојески од Македонскиот концепт ги повика премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, да лобираат кај македонските иселеници за помасовно попишување.

„Ги повикувам Заев и Димитров да излезат од комфорната зона и да тргнат кај македонската дијаспора масовно да се попише. Секако, доколку им дозволат Артан Груби и Бујар Османи“, вели Богојески.

Македонскиот концепт бара продолжување на рокот за попис на дијаспората поради настанатите технички проблеми на електронскиот систем за попишување, со што ќе им се даде можност на сите иселеници да се попишат.

Дополнително, од Македонскиот концепт бараат Владата и Државниот завод за статистика да овозможат електронско попишување на населението во државата исто како и дијаспората. На овој начин, велат од таму, ќе ги заштитат здравјето и безбедноста на граѓаните и ќе се спречи дополнително ширење на коронавирусот.

 

Соопштенија

СДСМ: Институциите во неселективна борба против корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ на браникот на криминалот

Објавено пред

Последните полициски акции за разбивање на организираната група, која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога што ги презеде Министерството за внатрешни работи за владејачкиот СДСМ, се неоспорлив доказ за неселективна и бескомпромисна борба против организираниот криминал.

„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, повторно застанаа на страна на криминалот и криминалните структури. За времетраење на сложената полициска акција ‘Двојник’, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешен обид да ја саботираат акцијата преку пласирање информации во тек на активна истрага. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат по иста разработена шема на лажни вести и неосновани напади кон МВР и полицијата и за акцијата во соработка со нашиот стратешки партнер САД и нивната ДЕА, каде што беше запленета огромна количина марихуана“, реагираат од СДСМ.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека законите важат еднакво за сите и дека никој не е над правдата.

„ВМРО-ДПНЕ и Мицкоски, колку и да се обидуваат, нема да успеат во намерите да одбранат криминалци и криминал. Денес, нема недопирливи, секој одговара за своите дела, стои во писменото соопштение од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Државните лаборатории оставени без реагенси, за Филипче е поважно возењето мотори

Објавено пред

Навраќајќи се на прашањето за состојбата со вакцините, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека системот не е организиран за да даде соодветен одговор.

„Секојдневно умираат по неколку десетици лица, системот не е организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се организирани и за викенд се одмораат, поточно аздисуваат. И, така, само во Македонија се поставува прашањето за вакцини – каде се вакцините, кога ќе стигнат? Во меѓувреме, други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму го поставуваат прашањето за реагенсите и за тоа дали има доволно термини за ПЦР-тестови и по една година од постоењето на коронавирусот во Македонија.

„Граѓаните молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат, да се забавуваат, ама не и да си ја работат својата работа за која се платени од граѓаните! Филипче и Заев, веднаш одете си! Филипче и Заев, ќе одговарате“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Со шарената револуција народот си ја спаси државата

Објавено пред

Со шарената револуција илјадници граѓани во речиси сите градови низ државата си ја спасија државата од канџите на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, донесоа слобода и демократија кои денес се почитуваат и унапредуваат во континуитет, велат од владејачката партија СДСМ по повод петгодишнината од почетокот на ова граѓанско движење.

„11 години ВМРО-ДПМНЕ ја држеше државата заробена во режим, криминал, корупција и селективна правда сè додека оваа партија не беше поразена од граѓаните“, истакнуваат од СДСМ од каде додаваат дека политиките на Владата од 2017 година па до денес останале доследни во почитувањето на барањата и заложбите на шарената револуција.

„Денес предметите за висока корупција и организиран криминал се живи и тие добиваат и ќе добиваат судски разрешници, се случуваат сериозни реформи во судството, институциите се транспарентни, професионални и секогаш во служба на граѓаните. Процесот за унапредување на човековите права и слободи, за градење еднакво општество продолжуваат во континуитет како врвна заложба на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и денеска како партија знае, како што велат, само за режим, само да брани криминал и да шири лажни вести.

„Граѓаните шест пати ги поразуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и ќе продолжат да ги поразуваат сè додека од белиот дворец освен одбрана на криминал не нудат ништо друго“, посочуваат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија2 часа

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Европа3 часа

ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите...

Македонија4 часа

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените...

Топ4 часа

Во „хамер“ на тетовски дилер пронајдени 100 пакувања кокаин

Во вечерните часови на 12 април, на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А....

Европа5 часа

(Видео) Славење на британските улици, земјата излезе од четиримесечна блокада

Граѓаните на Велика Британија уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци. Со оглед на успешниот процес на имунизација,...

Свет6 часа

СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирусот расте експоненцијално. Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот...

Македонија6 часа

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет6 часа

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион7 часа

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа7 часа

Словенија загрижена: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да може полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд што се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет8 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено, а еден полицаец е ранет

Ученик, кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион19 часа

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет20 часа

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ22 часа

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија23 часа

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Свет1 ден

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија1 ден

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет1 ден

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија1 ден

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Досие