Соопштенија
(Видео) Апостолоски: Владата со ребалансот крати 836.715 евра наменети за спортот

СДСМ воопшто не се грижи за спортот и спортските работници. Владата со ребалансот крати 836.715 евра наменети за спортот во земјава, обвини Данијел Апостолоски, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев додека беше опозиција зборуваше дека спортистите заслужуваат професионален третман, ветуваше поддршка, и поголеми инвестиции. Заев исто така ветуваше дека спортот и спортистите ќе ги крене на пиедесталот во нашето општество, и ќе им помага во остварувањето на забележителни спортски резултати. Сега сме сведоци дека не само што не дава поддршка и поголеми инвестиции во спортот, туку крати од парите наменети за македонските спортисти“, рече тој.
Според Апостолоски, кратењето на парите од буџетот значи помалку пари за ракометот, за фудбалот, кошарката, и одбојката во земјата. Ова кратење посебно ги погодува македонските спортисти кои се занимаваат со боречки вештини, а кои постојано Република Македонија успешно ја претставуваат на меѓународни натпреварувања.
„Дополнително кратењето на парите во буџетот за спортот значи помалку пари наменети за македонските спортски таленти и надежи, со што Владата на СДСМ сериозно си поигрува со иднината на македонскиот спорт. Ветуваа и спортски финансиски фонд во првите шест месеци од преземање на власта како една од нивните најзначајни мерки за стимулирање на спортот, но еве помина повеќе од година ипол година, а не само што го нема фондот туку дополнително се кратат пари“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Исплатени субвенции од 9 милиони евра за над 15.000 лозари

Владата предводена од СДСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжуваат со посветена грижа за лозарите, за земјоделците. Пред почетокот на новата прозиводствена сезона, исплатени се субвенции за лозови насади од околу 9 милиони евра на над 15.000 лозари. Тоа се средства што се враќаат директно кон лозарите за подготвени да ја дочекаат производствената сезона и да вложат во производство на квалитетно грозје, соопшти партијата.
Покрај субвенциите, според најавите од Министерството, на почетокот на следниот месец ќе почне исплатата на долгот на приватните винарници кон лозарите, за предаденото а неплатено грозје во периодот од 2014 до 2016 година, наследен проблем што го реши оваа Влада во интерес на лозарите.
„Со тоа, дополнителни 1.5 милиони евра ќе се вратат кај лозарите од Тиквешкиот Регион.
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи останува посветена на спроведување на мерките што обебедуваат развој на земјоделството, сигурен откуп и повеќе пари кај секој земјоделец”, се додава во соопштението.
Соопштенија
Демократска фракција: Се испили кукавичкото јајце во ВМРО-ДПМНЕ

Демократската фракција на ВМРО – ДПМНЕ ја поздравува големата победа на раководството на ДПМНЕ на партиската конвенција и изборот на кандидат за претседател на претстојните претседателски избори. „Успехот е уште поголем затоа што зацртаното сценарио и очекуваниот епилог се реализирани 102,3% според прецизните математички калкулации. Очекуваме принципиелните и победнички дневни политики на актуелното раководството на ДПМНЕ свое финале да добијат со завршувањето на претседателските избори кога ќе биде клекнат на колена кандидатот на СДСМ (без разлика дали е брат или сестра по прва или втора партиска линија на нашиот избран вмровски кандидат)”, се наведува во соопштението.
Според нив, одржаната партиска конвенција, според добро зацртаната победничка стратегија, го повтори успехот на кумановскиот и валандовскиот партиски конгрес кои ѝ донесоа невиден успех на нашата партијата досега”. „Испиленото кукавичко јаце во гнездото на ДПМНЕ и партиските камикази учествувајќи на изборите за претседател на Северна Република Македонија ќе ја остварат историската победа на ДПМНЕ над соработниците на Зоран Заев. Овие верни послушни соработници и принципиелни политичари кои досега мошне успешно го оневозможуваа Талат Џафери во вршењето на претседателската функција на Собранието, а индиректно и на Републиката, со учеството на претседателските избори ќе му го зададат последниот удар.
Нашето задоволство е уште поголемо поради тоа што мошне успешно се реализира најголемиот дел од стратегијата ,,Едно општество за сите” или ,,Сите на куп”. И либералдемократи и соросоиди, и антигуревисти и груевисти со мали и тапи ножиња, и црвенковци и заевци, и порано и подоцна освестени патриоти и квази патриоти и шарени и безбојни. Сé на еден куп за конечна и достојна вечна победа, а по победата ставање на пиедестал на заговорниците и пропагандистите на ваквата вмровска ептен алтруистичка и народна политика ослободена од секакви калкулации, а новоизбраниот претседател од нашите редови ќе има убава и ретка можност верно да се заколне пред Уставот на СРМ”, се додава во соопштението.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев на граѓаните им донесоа поголеми давачки

Владата на СДСМ и Заев ја доведоа економијата во Република Македонија пред целосен колапс, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ во кое се наведува дека растот на индустриското производство во 2018 година е највисок во последните седум години.
Од опозициската партија ваквите информации од СДСМ ги оценуваат како обид да се дефокусира јавноста со лажни соопштенија.
„Економијата стагнира, цените се качуваат, а стандардот на граѓаните е во пад. За прв пат државниот долг ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра, додека пак државниот долг порасна над 4 милијарди евра. ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2%, што е многу далеку од ветените 5%“, се вели во партиската реакција.
Во неа се додава дека индексот на трошоците за живот во 2018, наспроти 2017 е пораснат за 1,5%, а индексот на цените на мало пораснат е за 2,7% .
„Ова покажува дека СДСМ и Заев на граѓаните им донесоа поголеми давачки и наместо парите да одат кај граѓаните тие одат кај криминалниот картел на власт. СДСМ донесе уназадувања, порази и црнила на секое можно поле. Криминалот, корупцијата, насилството, сиромаштијата и бедата се вистинската слика која што ја донесе СДСМ и Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека време е од владејачката партија да ги извадат розевите очила и да ја видат правата слика.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал