Контакт

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Изјавата на Заев ја отсликува неговата психичка состојба

Објавено пред

Вчерашната изјава на Зоран Заев точно ја отсликува психичката состојба во која тој се наоѓа и воопшто не е наивна. Зоран Заев е очаен и нервозен, и тоа можеше да се види многу јасно, рече на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Според него, Заев го губи тлото под нозете и веќе не е во состојба да одлучува за иднината на граѓаните и Република Македонија.

„Зоран Заев во очајна состојба, каде што по изгледот и заканите наликуваше на шеф на мафијашка банда, а не на премиер на држава, вчера се закани дека по ниедна цена нема намера да ја пушти власта и да си замине. Тој се закани и кон медиумите и кон сите останати кои што имаат намера да ги изнесуваат на виделина сите негови криминалии и криминалиите на неговото раководство“, забележа партискиот портпарол.

Арсовски нагласи дека доколку Заев навистина сакал да се реши случајот, тогаш немало да ги штити неговите блиски од раководството кои, како што рече, се директно вмешани во целиот случај.

Тој обвини дека додека Заев се заканува кон граѓаните, Катица Јанева се уште не е повикана на распит во обвинителството и е на слобода наместо во притвор.

„Ја осудуваме неговата изјава и му порачуваме да прекине да се заканува кон новинарите и медиумите, да прекине да врши притисок врз граѓаните да бидат слепи на неговиот криминал и да си даде оставка што побрзо, затоа што неговиот кредибилитет во моментов е помалку и од нулата“, кажа портпаролот на опозициската партија и нагласи дека потребни се предвремени парламентарни избори.

Соопштенија

Ристовски: Правдата е побавна, но ќе дојде, постојат механизми за прочистување на судството

Објавено пред

Единствени што бегаат од правдата во оваа држава се од ВМРО-ДПМНЕ, но залудни се сите обиди да се искриви вистината и погрешно да се насочи јавноста, порача Оливер Ристовски, заменик-министер за правда и член на ЦО на СДСМ, на трибината со назив „Правда наместо амнестија“.

Како што рече тој, судовите и Обвинителството не се пречка за постоење и владеење на правдата, туку за тоа се одговорни поединци.

„Не дека сè е идеално, туку има многу работа, правдата е побавна, но ќе дојде“, рече Ристовски.

Според него, за прочистување на судството има доволно механизми во сегашните законски решенија, кои досега не се применувале.

„Државната комисија за спречување корупција најави дека во годишниот план за 2020 година, во првото тримесечје, ќе влезе проверката на судиите и јавните обвинители. Ќе се проверува и оценува постоењето непотизам, начиниот на кој се избрани, знаеме како се избираа во периодот од 2006 до 2016 година“, нагласи Ристовски.

Покрај тоа, како што рече, од страна на УЈП, врз основа на законски основи и механизми, ќе се спроведуваат постапки за потеклото на имотот и примањата на судиите.

Ристовски исто така напомена дека по однос на ова прашање потребни се поголема улога и активност од страна на граѓанскиот сектор.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ ги сослушаа проблемите на македонско-турското здружение од Битола

Објавено пред

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, заедно со претставничката од Извршниот комитет на партијата, Иванка Василевска, оствари средба со членови на македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола, претставувано од претседателот Шенол Мемиш.

Како што информираат од партијата, на состанокот се разговарало за соработката меѓу македонската и турската заедница.

„Од нивна страна беше потенцирано дека кога се во прашање припадниците на турската заедница, не е запазена соодветна застапеност, без разлика на тоа дали станува збор за државна или општинска институција. Од здружението се пожалија дека повеќе години децата не се во можност да го изучуваат турскиот јазик“, се наведува во партиското соопштение за средбата.

Припадниците на турската заедница побарале да се даде поголемо внимание на објектите поврзани со турската култура, а се пожалиле и дека во населбите во кои живеат Турци и Турци Јуруци се соочуваат и со голем број инфрструктурни проблеми.

Од страната на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ биле сослушани барањата и предлозите, а од опозициската партија порачале дека новата власт по изборите на 12 април ќе се обиде на секој можен начин да ги реализира посочените барања и да ги подобри условите за граѓаните од турската припадност.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Царовска: Во 2020 година просечна пензија од 15.500 денари

Објавено пред

Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Мила Царовска, оствари средба со пензионерите во Прилеп.

Таа нагласи дека на почетокот од следната година просечната пензија со последното покачување во јануари ќе изнесува околу 15.500 денари.

„Од идниот месец над 320 илјади пензионери ќе земат 700 денари повисока пензија. Оваа сума ќе влезе во основицата на пензијата, а до крајот на годината пензиите ќе се усогласат за уште 160-200 денари, што значи дека во 2020 година пензиите ќе пораснат приближно 900 денари. Дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем“, рече министерската.

Царовска посочи и дека Владата за една година од спроведувањето на пензиската реформа успеала да го стабилизира пензискиот систем и да го намали дефицитот во Фондот за ПИО за 3 милијарди денари, а како што кажа, приходите се зголемени 10 отсто.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет9 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија11 час

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија11 час

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија12 часа

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија15 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура15 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион16 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет17 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија17 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет17 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт18 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа18 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет18 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет18 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион18 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија1 ден

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија1 ден

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија1 ден

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Досие