Контакт

Соопштенија

(Видео) Арсовски: И според Стејт департментот криминалот и корупцијата се најголем проблем

Објавено пред

Извештајот на Стејт департментот за минатата година за почитување на човековите права јасно покажува како функционира и работи Владата на СДСМ изминатите години, посочи на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, нагласувајќи дека корупцијата и криминалот на функционерите на СДСМ се најглавниот проблем.

Како што рече партискиот портпарол, Стејт департментот во најновиот извештај нотира дека високата корупција и натаму е голем проблем во државата, а постојат и извештаи каде што државни службеници се вклучени во корупција.

„Сериозен проблем за човековите права во Македонија претставуваат ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање, што и натаму ја спречуваат ефикасноста на борбата против корупцијата. Практично, Зоран Заев и СДСМ, наместо да се борат против корупцијата заедно со институциите, тие заедно со функционерите, заедно со Катица Јанева и другите се вмешани во најголемиот случај на рекет во Република Македонија“, нагласи Арсовски.

Посочи и дека во моментов се нотираат пресуди против новинари кои се критички настроени кон владата и притисоци врз медиуми.

„Се вршат истраги врз медиуми кои ја изнесуваат вистината за криминалот на власта и најверојатно наредната година кога ќе излезе извештајот за 2020 година сите овие работи ќе бидат нотирани“, додаде тој и порача дека Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката и да одговара за сè што направил.

Соопштенија

Алијанса за Албанците: Брзата одлука за строг полициски час предизвика хаос во Куманово

Објавено пред

Од политичката партија Алијанса за Албанците реагираат дека строгиот полициски час, со кој Владата забрани движење во општина Куманово во текот на целиот викенд, попладнево предизвикал хаос во општината бидејќи, како што велат, оваа мерка ја зголемила загриженоста кај граѓаните.

„Препораките за одржување на оддалеченост воопшто не се почитуваат од напнатоста на граѓаните во последен момент да ги обезбедат основните потреби за храна за наредните денови како резултат на ад хок повикот на Владата за полициски час, што создаде паника и конфузија“, велат од политичката партија.

Владата попладнево воведе построг полициски час кој се однесува само за Куманово, односно целосна забрана за движење за викендот, со почеток од 21 часот (денеска) до 5 часот наутро во понеделник.

Од паријата на Зијадин Села апелираат до граѓаните да бидат трпеливи и без паника да се приджуваат до заштитните мерки.

Потсетување, ваквата одлука на Владата следува откако денеска беше соопштено дека заболени со коронавирус се 11 доктори од тамошната болница, при што од новозаразените 46 лица за кои беше информирано денеска, половината, односно 23 се од Куманово.

Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стојаноски: Наумоски во ек на епидемија ќе потроши 10.000 евра за кетеринг

Објавено пред

Во време кога компаниите ги отпуштаат вработените, кога граѓаните се соочуваат со огромна економска неизвесност, Општина Ѓорче Петров расипнички ги троши парите на граѓаните. Општина Ѓорче Петров на чело со градоначалникот Александар Наумоски во екот на епидемијата донела одлука да потроши пари за кетеринг, обвини Бојан Стојаноски, претседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, Општина Ѓорче Петров на 19.3.2020 донела одлука за избор на најповолна понуда за набавка на угостителски услуги во проценета вредност од 500.000 денари, без ДДВ.
Наместо да се алоцираат средствата за подобро справување со кризата од вирусот, Општина Ѓорче Петров ќе потроши безмалку 10.000 евра на јадење и пиење“, рече тој.

Според Стојаноски, оваа набавка е уште една, како што рече, од низата непродуктивни трошење во кризен период, како што беше онаа за привремени вработувања, исто така склучена во екот на кризата во март во вредност од речиси 11 милиони денари.

„Меѓутоа, и оваа набавка ја потврдува неспособноста на локалната власт за менаџирање со локалниот буџет. Очигледно е дека СДСМ нема намера да се откаже од своите навики за расипничко трошење, а одговор за ваквите навики секако треба да дадат градоначалникот и Општина Ѓорче Петров“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Бачев: Стара практика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е да се расправаат кога земјата е во криза

Објавено пред

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, на денешната прес-конференција зборуваше за, како што рече, најновата срамна кавга меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоси за тоа дали треба или не треба да се стопира исплатата на пари од буџетот за партиите во 2020 година.

Според него, стара практика на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е секогаш кога земјата е во криза да се расправаат меѓу себе за сè и сешто.

„Кај народот владее страв и паника од коронавирусот, се бара начин како животот на луѓето да се врати во нормала, само Зоран Заев и Христијан Мицкоски три дена се расправаат дали да се стопираат парите за финансирање на партиите за 2020 година“, истакна претседателот на Единствена Македонија.

Според него, расправијата во која Заев божем бара, а Мицкоски божем не се согласува со откажувањето од парите за партиите, е само евтин пропаганден трик и навреда на интелегенцијата на народот.

„Прашањето е што ќе покрие Заев со 1,5 милион евра во кризата кога и самиот рече дека му требаат дури 2 милијарди и 200 милиони евра, а не е лошо да потсетиме дека Заев на изборите во 2016 потроши фантастични десет милиони евра во кампањата, а сега и на изборите што следуваат, ќе потроши десетици милиони евра“, посочи Бачев.

Единствена Македонија бара Заев да каже од каде ќе ја финансира кампањата, штом се откажува од легални пари од буџетот и порачува дека коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ на конкретен начин покажува дека секогаш е со народот со секојдневното предлагање мерки за борба против коронавирусот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Сперанца: Кризата ќе заврши само кога ќе се најде вакцината, дотогаш треба да се создадат услови за соживот со вирусот

Италијанската влада подготвува план од пет точки за контролирано отворање на земјата кога епидемијата на коронавирусот ќе почне да покажува...

Регион1 час

Грција стави во карантин уште еден мигрантски камп

Грција стави во карантин уште еден мигрантски камп откако е потврдено дека еден 53-годишен маж е позитиен на коронавирус. Авганистанецот...

Македонија2 часа

МТСП: Породилното отсуство се продолжува

Министерството за труд и социјална политика информира дека се продолжува периодот на платено отсуство од работа поради нега и одгледување...

Македонија2 часа

Уапсени 12 лица во Куманово поради непочитување на полицискиот час

Во периодот од 21 часот на 03 април, петок, до 07 часот утринава, на подрачјето на Куманово регистрирани се 14...

Свет3 часа

Кина повеќе не е во првите пет земји во светот по бројот на заболени од коронавирус

Во светот бројот на заразени лица со коронавирус е 1.203.859, бројот на починати е околу 64.787, од ​​кои само 40.000...

Свет4 часа

Трамп: Следната недела ќе биде најтешка

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предупреди дека во неделата која следи бројот на смртни случаи од коронавирус во земјата постојано ќе...

Македонија15 часа

МЗ: Земјава има 4.500 тестови за коронавирус, а резервите секојдневно се надополнуваат

Анализите покажуваат дека сме втора земја во регионот според бројот на спроведени тестови за коронавирус на еден милион жители, соопшти...

Регион16 часа

Во Словенија 934 заболени од коронавирус и 22 починати, направени се 25. 921 тестови

Еден месец од првиот потврден случај и 21 ден по првиот смртен случај, во Словенија бројот на заболени од коронавирус...

Европа17 часа

Шпанија ја продолжи вонредната состојба

Владата на Шпанија објави продолжување на вонредната состојба за дополнителни 21 дена откако бројот на заразени со коронавирус достигна околу...

Македонија18 часа

(Видео) Кога и како се носат маските за вистински да се заштитиме од коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“ објави видео на кое е прикажано како правилно се носат маските за вистински...

Македонија20 часа

ДСЗИ спроведува вонреден инспекциски надзор за смртта на починатиот велешанец

Државниот санитарен и здравствен инспекторат спроведува вонреден инспекциски надзор во однос на причината за велешкиот пациент кој почина пред неколку дена,...

Македонија21 час

Потврдени нови 53 случаи на коронавирус, вкупниот број на починати се искачи на 17

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483...

Свет21 час

Излекуван најмладиот пациент со коронавирус во Италија

Најмладиот пациент заразен со вирусот Ковид-19 во Италија, едногодишно дете, е излекуван. Момчето од местото Понтеј, во близина на италијанската...

Свет23 часа

Шојбле против заедничко задолжување во ЕУ поради коронавирусот

Претседателот на германскиот Бундестаг, Волфганг Шојбле изјави дека е против заедничко задолжување на европското семејство во борбата против последиците од...

Свет1 ден

Во Франција коронавирусот се шири во старските домови, во Белгија нови 140 починати

Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина еден милион. Утрово бројот изнесува 1.099.711. Ситуацијата е се полоша во Франција,...

Македонија1 ден

Чулев: Досега на 2.405 луѓе им се издадени решенија за изолација, а 9.793 потпишале изјава за самоизолација

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев преку Фејсбук информираше дека 1322 лица не ја почитувале мерката за ограничување на движењето,...

Свет1 ден

(Видео) Мртви тела на улиците во Еквадор, мртовечниците преполни

Улиците во градот Гвајакил, Еквадор се пусти, можат да се видат малку луѓе, а се полни со тела од мртви...

Македонија1 ден

Филипче: Мицкоски лаже за количината на тестови за коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свесно ја лаже јавноста за количината на тестови за коронавирус, а со тоа предизвикува паника...

Свет1 ден

Ден на жалост во Кина за жртвите од коронавирусот

Триминутно молчење за повеќе од 3,300 луѓе кои починаа од коронавирус во Кина. Точно во 10 часот по локално време,...

Свет1 ден

Трамп советува да се носат маски, но и самиот не носи

Американската влада им советува на граѓаните да носат заштитни маски за лице за да спречат ширење на заразата со коронавирус,...

Досие