Контакт

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Нема никаква разврска за скандалот во Фондот за иновации, во кој беше вмешана половина Влада

Објавено пред

Однародената и криминална власт безмилосно ја ограбува државата, а картелот на единствениот аболиран политичар во Европа, Зоран Заев, продолжува да се богати на грбот на граѓаните, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во обраќање пред седиштето на владејачкиот СДСМ.

Како што рече тој, државата тоне по сите основи, а посебно по прашањата на владеење на правото и правната држава.

„Поминаа 4 месеци од скандалот во Фондот за иновации, во кој беше замешана половина Влада, а сè уште нема никаков епилог од надлежните институции кои треба да ги проверат сериозните наводи за криминал и корупција што беа изнесени од наша страна и од страна на медиумите во јавноста. Очигледно заинтересираноста на Основното јавно обвинителство и полицијата за овој случај била колку да им се замачкаат очите на граѓаните. Четири месеци по отворањето на случајот и наводното упаѓање на полицијата во Фондот за иновации, сè уште нема никаков резултат и епилог“, истакна Арсовски.

Како што рече, таму каде што се работи за функционери на СДСМ, постои селективност на секој чекор.

„До каде е истрагата за евентуални сторени кривични дела од постапката за јавниот повик за финансирање проекти во рамките на третиот столб од планот за економски раст – прв инвестициски бран? Има ли за Основното јавно обвинителство основа за кривично гонење, доделувањето грант над 100.000 евра на фирмата во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој е втор човек на Зоран Заев? Има ли за Основното јавно обвинителство нешто сомнително во доделувањето грантови на фирмите на пратеникот Хари Локвенец, на снаата на Цветанка Ласкова и на други блиски луѓе до СДСМ? Дали за Основното јавно обвинителство е доволно тоа што евентуалниот криминал бил спречен само од бурната реакција на граѓаните и јавноста водени од максимата – „Ако крадецот биде фатен, фатен. Ако не, доволно е само да не биде гонет“, јавно запраша портпаролот на опозициската партија.

Арсовски додаде дека ако Основното јавно обвинителство не се охрабри сега и не се произнесе, ќе се произнесе во некој следен состав и со некој нов јавен обвинител, кој, како што рече, многу бргу ќе работи ослободен од канџите на криминалниот картел на власт.

Соопштенија

ДОМ: Итно да се изгласа забрана за увоз на отпад како гориво

Објавено пред

Зелената партија ДОМ бара итно да се изгласа измената на Законот за управување со отпадот предложена од пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска. Со тоа ќе се забрани увоз на отпад како гориво и ќе се отстрани тој извор на загадување во време кога аерозагадувањето е многу високо, а институциите за контрола слаби.

„Деновиве, македонското Собрание ја разгледува седницата на која се наоѓа оваа точка. На изненадување на предлагачите и на сите што го следат процесот, на вчерашната сесија претседателот Џафери ја прескокна точката, со образложение дека не се создадени деловнички услови за разгледување. На процедурална забелешка од Поповска дека законот е поддржан и од матичната комисија и од Законодавно-правната комисија и со тоа се исполнети деловничките услови, следуваше ново појаснување од претседателот дека всушност не е постигната согласност за разгледување од страна на координаторите на пратеничките групи“, велат од ДОМ.

Партијата ги повикува собраниските координатори да не го попречуваат изгласувањето на законот кој е во интерес на заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Стоилковски: Врие од партиски вработувања пред избори, но за тоа ќе има одговорност по 12 април

Објавено пред

Пред избори, пред распуштање на парламентот, СДСМ и Зоран Заев распишуваат огласи за вработувања во администрацијата, која ја нарекуваа трома, а сега ја полнат и ја партизираат без срам, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Како што рече тој, нема јавна институција каде што одеднаш не се распишуваат огласи за десетици, па и за стотици вработувања.

„Сега ‘Царината’ распишува оглас за 31 вработување. Внимавајте, на определено време, како што е наведено, поради зголемен обем на работа до крајот на годината. Од нив еден е за кабинетот на директорот, неколкумина се самостојни советници, аналитичари, па административен оператор- книговодител, неколкумина наплатувачи на гранични премини. Сите на определено време“, посочи партискиот портпарол.

Според него, ова е класичен пример за играње со основното човечко право и потреба, правото и потребата за работа.

„Ова е класичен пример за предизборен поткуп. Ваквото однесување не е ново за СДСМ, предизборниот поткуп за СДСМ досега минуваше неказниво и без понесување одговорност. Но, одговорност ќе има“, рече Стоилковски додавајќи дека сите измами и криминали ќе бидат казнети по 12 април.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Вељановски: СДСМ сака со законско решение да подметне македонскиот јазик да биде означен за втор јазик

Објавено пред

СДСМ е фатен на дело како се обидува набрзина, преку предлог-законот за употреба на македонскиот јазик, да подметне законско решение со кое македонскиот јазик ќе биде означен за втор јазик во Република Македонија. СДСМ дополнително го понижува македонскиот јазик нарекувајќи го странски јазик во Македонија, обвини Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Молкот на Заев, Спасовски и нивните послушници за скандалозното законско решение нема да го скрие срамот на СДСМ од овој голем скандал. Имено, молкот само потврдува дека тие се согласуваат со скандалозната формулацијата во член 4, алинеа 11 од предложениот Закон за употреба на македонскиот јазик, во која СДСМ за македонскиот јазик вели дека е „странски/втор јазик во и надвор од Република Македонија“. Но, според Уставот и законите, македонскиот јазик никогаш не може да биде ниту странски ниту втор јазик во Република Македонија. Во согласност со Уставот, ДРУГ јазик може да се употребува ПОКРАЈ Македонскиот на сите јавни настани, а не македонскиот да биде придружен јазик на некој друг јазик. СДСМ мора итно да прифати дека македонскиот јазик не е ниту втор јазик ниту странски јазик во Република Македонија“, рече тој.

Заев, Спасовски и СДСМ, додаде Вељановски, заговараат неуставно и навредливо законско решение, кое во членот 7 повторно го понижува македонскиот јазик. Во него се вели „на јавните настани финансирани од буџетот задолжително се употребува и македонскиот јазик“.

„Иако во оценката на состојбите што треба да се уредат со овој закон звучно се декларира дека со овој закон се зацврстува посебната заштита на јазикот како нематеријално културно наследство, одредбите на овој закон се далеку од третирање на македонскиот јазик како непроценливо културно богатство и наследство од духовен карактер. Затоа, итно бараме Заев, Спасовски и СДСМ да не ја ставаат политиката над науката и да ги слушнат жестоките реакции и критики на 90 отсто од стручната јавност за ова несреќно законско решение. Со оглед на извонредното значење на овој закон за широката јавност, овој закон не смее да се носи на шверцерски начин и со импровизации, туку во редовна постапка, со прифаќање на сите забелешки на експертската јавност и задолжително во редовна процедура, односно преку три читања“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа2 часа

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија3 часа

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија3 часа

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија4 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ5 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет6 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет7 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија8 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет8 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија8 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион8 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет9 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија21 час

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија1 ден

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија1 ден

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ1 ден

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија1 ден

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија1 ден

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Досие