Контакт

Соопштенија

(Видео) Арсовски: : Русковска и Јовевски да го сработат сериозно случајот околу вмешаноста на Заев во „Рекет“

Објавено пред

Вилма Русковска и Љубомир Јовевски се уште молчат за објавената аудио снимка во Собранието каде што слушајќи го гласот на Зоран Заев признава дека со маркетинг му помагал на Бојан Јовановски да ја финансира 1ТВ, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Зоран Заев исто така молчи за ова признание, што е уште една потврда дека вистината излезе на виделина. ВМРО-ДПМНЕ со месеци наназад говореше дека Заев е главата на криминалниот октопод кој што се наоѓа на Илинденска ББ во случајот РЕКЕТ. Сега тоа се потврди и целокупната јавност го слушна.

Што треба да се чуе и да се види за да конечно правдата за криминалните индиции го стигне Зоран Заев и конечно Русковска и Јовевски го сработат сериозно случајот околу инволвираноста на Зоран Заев во Рекет?

Да потсетиме дека имаше низ медиумите и вест дека некој му кажал на Боки Јовановски од Владата дека бил пријавен за рекетирање. Кој би можел да му каже друг освен Заев бидејќи самиот Заев бил запознаен со целиот овој случај?

Очигледна е спрегата помеѓу Заев, Боки 13 и Катица Јанева. Единствено ги дели тоа што Зоран Заев не го стигна правдата и не е заедно со нив на обвинителна клупа сеуште.

Пазарџијата Заев за да се спаси сега и да си изгласа закон за амнестија во Собранието преку законот за ЈО распродава граѓански интереси како да се пиперки и корнишони од неговите пластеници.

Целиот циркус што се случува во Собранието е за да се амнестира Зоран Заев од сопствениот криминал. По 12 април, правда мора да има и мора да го стигне секого што се огрешил пред законот“ порача Арсовски.

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Граѓаните од Загреб се враќаат по превисокa цена, ова е воено профитерство

Објавено пред

По фалбите на целата Влада на СДСМ дека со хуманитарни летови ќе ги врати граѓаните од светот, кои се заглавени поради коронавирусот, почнавме да гледаме и почнавме да слушаме сведоштва од патниците дека секој хуманитарен лет и секој еден хуманитарен билет сами си ги плаќаат граѓаните по стотици евра, посочи Димче Арсковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

Како што рече тој, очигледна е нервозата на Рашковски и на целата Влада во врска со обелоденувањето на вистината за висината и цените на чартер-летовите.

„Ќе земеме како пример цени за само 3 дестинации, од каде што се враќаат македонските граѓани во Скопје. Цената на чартер-летот од Малта до Скопје чини 25.000 евра од авион. Цената на чартер-летот од Минхен до Скопје чини 32.000 евра од чартер-авион. А цената на летот од Загреб, кој е најблиску до Скопје, чини цели 42.500 евра од чартер-авион“, посочи партискиот портпарол нагласувајќи дека билет во еден правец од Загреб до Скопје во нормални услови чини само стотина евра.

„Авион со 180 патници, какви што впрочем има компанијата ‘Визер’ и за секој патник билетот чини 100 евра, колку што отсекогаш чинела, целиот чартер-авион би требало да чини околу 18.000 евра. Каде е преостанатата разлика од 24.500 евра конкретно за летот од Загреб до Скопје? Класично воено профитерство и печалење врз грбот на граѓаните“, истакна Арсовски.

Сепак, како што рече тој, во моментот најважно за сите е да помине оваа криза и да се сочува здравјето на граѓаните најдобро што може, а потоа најави декја ќе излезе на виделина целиот сомнеж за криминал што ќе биде посебна тема за разговор.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Калеска-Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од парите што ги добива од буџетот

Објавено пред

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно не се откажуваат од народните пари што од буџетот ги добиваат политичките партии, изјави денеска Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форумот на жените на СДСМ.

Како што истакна таа, во време кога е важен секој денар, кога треба да се покаже одговорност, Мицкоски не е спремен од ништо да се откаже.

„За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, не е важно здравјето за граѓаните, не е важно надминувањето на економската криза. Единствено што им е важно е касата во белиот дворец да биде полна. Од истиот дворец од кој секојдневно шири невистини, без докази врши притисок врз институциите кои се борат со сите сили против коронавирусот“, истакна претставничката на СДСМ.

Како што рече Калеска-Ванчева, ниту еден политичар од самостојноста досега не се однесувал како Мицкоски во време на криза.

„Мицкоски, ова е борба за здравје и живот, ова не е борба за твојот политички опстанок. СДСМ е на страната на граѓаните и државата. Во овие тешки времиња потребна е солидарност и меѓусебно помагање, заедништво и здружена акција против коронавирусот“, посочи таа.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Стојаноска: Купувајте македонски производи за да ги спасиме работните места

Објавено пред

Пандемијата на коронавирусот ја стави Македонија пред уште еден предизвик. Македонските работници повторно се пред опасност за губење на работните места, компаниите се повторно пред опасност од затворање, вели во изјава претставничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

„Пред безидејноста на власта за вистински современи мерки, сега секој еден од нас е одговорен за да помогне во спречувањето на економската катастрофа. Сите ние сме дел од тој круг. Со изборот при купување секој од нас прави избор кон спас на македонската економија, за спас на македонска компанија, спас на работно место за македонски работник. Едноставно, купувајте македонски производи, производи со знакот за квалитет, за да продолжат со работа нашите компании, за да има работа за македонските работници“, нагласува Стојаноска.

Таа потсетува дека Македонците добро знаат што значат затворени погони, затворени фабрики и илјадници работници на улица и оттаму повикува заеднички да се превенира економски колапс.

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија1 час

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија1 час

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија3 часа

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Македонија3 часа

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле, 8 вработени и двајца пациенти имаат коронавирус

Заводот за рехабилитација во Козле ќе се затвори, откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на Ковид-19, информираше...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Пациентка која починала во струшката болница е тестирана за коронавирус

Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека пациентката...

Свет6 часа

Нетанјаху во самоизолација, негов соработник има коронавирус

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот. Нетанјаху до утре треба...

Македонија6 часа

(Видео) Македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел денеска беше развиорено македонското знаме кога земјата и официјално стана 30....

Македонија7 часа

Уште една жртва на коронавирусот, 26 нови заразени и девет излекувани

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на...

Македонија8 часа

Досега во организација на МНР вратени се 1.842 македонски граѓани од странство

По апелот за пријавување македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по...

Македонија8 часа

Здравствени работници направиле прекршоци во случајот на стружанката која почина од коронавирусот

Има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирусот, која и покрај тоа што имала упат од матичниот лекар, не...

Свет8 часа

Што е паметен карантин, кој го воведува Чешка?

Во Чешка почна тестирање преку таканаречен паметен карантин, што значи следење на луѓето преку користење телефони и банкарски картички. Паметниот...

Македонија10 часа

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека...

Економија10 часа

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Европа11 час

Фон дер Лаен: ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија

Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија,...

Свет11 час

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа...

Топ12 часа

Полицискиот час не го почитувале 242 лица, приведени се 95

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 242 лица не ја почитувале...

Свет13 часа

Во светот 716.482 заболени од коронавирус, починале 33.691

Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лице починале, а 150.889 луѓе се излекувани....

Свет1 ден

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија1 ден

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Досие