Контакт

Соопштенија

(Видео) Арсовски: СДСМ четврти ден молчи за скандалозното доделување лиценци за одгледување марихуана на партиски функционери

Објавено пред

СДСМ четврти ден молчи за скандалозното доделување лиценци на фирми на блиски луѓе до Зоран и Вице Заеви. Криминалот во СДСМ стана Modus Vivendi и Modus operandi, односно криминалот стана начин на живеење и начин на работа и однесување во оваа партија, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Молкот значи дека се фатени живи во корумпираност и криминал. Сомнежите за штетното работење на Владата на СДСМ го потврдуваат со молкот, односно 4 дена молчат и не објаснуваат ништо во врска со овие две лиценци што ги доделиле во време на вонредна состојба. Имено, 4 дена молчат за скандалот, каде што Венко Филипче, Зоран Заев и Оливер Спасовски имаат одговорност за доделување 2 лиценци на фирми поврзани меѓу себе преку менаџментот и со сопственикот и блиски воедно до семејството Заеви.

Да потсетиме уште еднаш, во фирмата „Екоенерџи – космос“ управител е синот на градоначалникот од Ново Село, близок до Заеви, кој шверцуваше цигари и беше фатен и спасен воедно од фамилијата Заеви, а еден од сопствениците на оваа фирма е Христијан Котев, инаку син на претседателот на СДСМ Ново Село, Тони Котев.

Во другата фирма што ја доби лиценцата исто така за одгледување марихуана од страна на Владата предводена од СДСМ и од Заеви пред 5 дена, „Лајтинг лукс“, сопственик и управител е Славица Котева, инаку братучетка на претседателот на СДСМ Ново Село и тетка на сопственикот на другата фирма што доби лиценца, Христијан Котев.

Дали СДСМ, Зоран Заев, Венко Филипче и Оливер Спасовски имаат намера да излезат во јавност, да се охрабрат и да им соопштат на граѓаните зошто доделуваат лиценци на блиски луѓе до СДСМ во време на вонредна состојба кога граѓаните секојдневно се борат со здравствена и економска криза предизвикана од Ковид-19?

Јавно прашуваме дали Јавното обвинителство и Комисијата за спречување корупција имаат намера да отворат случај за овие две доделени лиценци од страна на Владата во време на вонредна состојба?“, истакна Арсовски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Здравствениот систем и разумот капитулираа пред политиката, на Заев му е поважна кариерата отколку здравјето на граѓаните

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата поради олабавувањето на мерките зашто, како што велат од партијата, бројот на новозаболени од коронавирусот е сè уште голем.

„На 14 април биле дијагностицирани 26 заболени од Ковид-19. На Велигден 37 новозаболени, а само пред два дена беа дијагностицирани 40 инфицирани. Пред еден месец, за Велигден, Заев, Филипче и Владата го прогласија најдолгиот четиридневен карантин, а сега со истите бројки ги укинуваат сите мерки и препорачуваат избори.

Здравствените мерки на Филипче и власта на СДСМ доживуваат фијаско.

Македонија и понатаму е единствената земја во регионот каде што корона-епидемијата, наместо да се намалува, сè уште бележи црни биланси. Во последното деноноќие во Македонија има 16 новозаболени и тројца починати од коронавирусот.

Состојбата е далеку од нормализирана. Филипче, Заев и СДСМ сакаат да организираат брзи избори, само за да го ублажат поразот, иако секој ден наши граѓани се разболуваат и умираат од коронавирусот. Ним им е битно само да ја зачуваат политичката кариера, а не здравјето и животите на граѓаните.

Поради тоа што приоритет им е политиката, а не здравството, Македонија е рекордер во регионот по смртни случаи на милион жители. Поради нивната неодговорност и политиканство, Македонија е во врвот по бројот на заболени на милион жители. Поради тоа што не сакаат јавноста да ја дознае катастрофалната епидемиолошка слика, Македонија е на дното по спроведени тестирања.
Македонија првин мора да ја порази корона-епидемијата, а потоа ќе ја порази епидемијата од неодговорност и неспособност на Зоран Заев и неговата власт.

ВМРО-ДПМНЕ е поинаква од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже дали ги прифатил сите барања од бугарската држава за историјата и македонскиот јазик

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува дали е точно дека Заев ги прифатил сите барања од бугарската држава поврзани со историјата и македонскиот јазик.

„ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува што договорил Зоран Заев и дали е точно дека ги прифатил сите барања од бугарската држава поврзани со историјата и македонскиот јазик? Од владејачката партија има молк за ова прашање, а отвора простор за сомнеж дека повторно на пазар се ставени македонската историја и македонскиот јазик? Дали дел од пакетот на договорот е фактот што Заев во честитката за Св. Кирил и Методиј ниту еднаш не го спомена зборот македонски јазик“, прашуваат од партијата.

За само неколку месеци, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, ретроградната политика на Заев создаде проблеми со сите соседи на Република Македонија.

„Освен проблемот со Бугарија и кочењето на евро-атлантските интеграции, Заев преку Пендаровски директно се замеша во разговорите помеѓу Белград и Приштина, а последно е што се создаваат и проблеми со западниот сосед. Заев со својата неспособна надворешна политика создаде спорови со сите соседи на Македонија“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Коциќ: Со навремени мерки ја ставивме состојбата предизвикана од коронавирусот под контрола

Објавено пред

Со навремени мерки ја ставивме состојбата предизвикана од коронавирусот под контрола, успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата, а капацитетот на здравствениот систем во ниту еден случај не се оптовари, изјави Ненад Коциќ од СДСМ.

„Но, здравствените работници не може сами да се справат со епидемијата. Секој од нас е еднакво важен во битката против коронавирусот. За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме здравјето, мораме доследно да ги почитуваме мерките за заштита“, рече тој.

Коциќ рече дека СДСМ преку одговорни и стратешки политики ги зајакнал професионалните капацитети на здравствените работници и создал услови здравствените работници својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.

„Владата предводена од СДСМ сериозно вложи во човечкиот капитал во здравството во изминатите две и пол години. Влогот во здравствените работници е влог во нашето јавно здравје. За период од две години, дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавните здравствени установи, им ги зголеми платите на здравствените работници, даде повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации. Во периодот од септември 2018 до февруари 2020 четирипати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена 40 отсто, на медицинските сестри до 23 отсто, на општите лекари 25 отсто, а на другите здравствени соработници 15 отсто“, изјави Коциќ.

Тој потсети и дека вработените во здравството, кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19, ќе добијат награда од 20 отсто од основната плата за два месеца.

„Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот – доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош во сите јавни здравствени институции, болниците, институтите, каде што се правеа испитувањата“, рече Коциќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа4 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион5 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија5 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија6 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија6 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија7 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија7 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија9 часа

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет9 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет9 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија10 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија11 час

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија11 час

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава13 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија23 часа

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија23 часа

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија24 часа

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Македонија24 часа

Спасовски: Лицата кои се во државен карантин може да бидат во домашна самоизолација ако имаат негативен тест

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека состојбата со коронавирусот е под контрола, при што ги соопшти новите одлуки на Владата....

Македонија24 часа

Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер...

Регион1 ден

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Досие