Контакт

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Стојановски да си даде оставка веднаш, му се заканува затвор

Објавено пред

Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, сè повеќе се заплеткува во скандалот што излезе во јавноста, изјави Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Откако тој им се закануваше на наставничките на нивното работно место пред деца со зборовите, цитирам: ‘Значи, заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви ги слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму’, тој продолжи да се заканува и на медиумите што го објавија овој скандал со некакви си тужби“ рече Арсовски.

Тој истакна дека е повеќе од очигледно и дека се работи за матрицата на СДСМ, заканување, уценување и пак заканување.

„Но, Марјанче Стојановски треба да знае дека дури и да му е точна изјавата што ја дал во полициската станица, меѓу своите колеги, дека ова видео е снимено од протест во јануари 2018 година, протест што тој со закани и уцени го спречувал, а секој протест е демократско право на граѓаните, дури и тогаш направил кривично дело. Според член 155, став 2 од КЗ, секое спречување протест од страна на службено лице, во случајот избран функционер на локални избори, се санкционира со казна затвор до 3 години. Ова дело во согласност со изјавата на Стојановски, а пренесена од медиумите, е сторено во целост“, додаде Арсовски.

Видеото, како што рече Арсовски, отвора сомнеж дека градоначалникот учествува во организирана партиска структура на СДСМ во МВР, која врши прислушување граѓани, во случајот учителки итн. и нивно следење спротивно на законот.

Дополнително, според Арсовски, постојат индиции дека делото е извршено со злоупотреба на службената положба и овластувањето, казниво со член 353 од КЗ бидејќи, како што вели, во скандалозното видео тој напоменува дека работел во МВР и дека ги слуша сите разговори.

„Заканите и уцените што ги упатува кон вработените во училиштето на работно место е сосема друго дело. Обвинителството само од оваа снимка има куп работа и куп индиции што треба да ги истражи и да отвори случај. Наместо нервозни и панични изјави од страна на Марјанче Стојановски, кој е градоначалник на Демир Хисар, тој уште веднаш треба да си поднесе оставка. Само така ќе се овозможи непристрасна истрага. Во спротивно останува сомнежот дека ќе им се заканува на сведоците, а органите на прогонот под политички притисок ќе замижат пред скандалот. Потенцирам, огромен скандал“, изјави Арсовски.

Обвинителството, како што рече Арсовски, доколку е ослободено од канџите и притисоците на СДСМ, треба да интервенира и да го расчисти сомнежот дека недолжни граѓани се следени, прислушувани и биле цел на уцени и закани.

„Ако ова им се прави на наставнички во едно основно училиште, тогаш жртва на оваа ненародна власт може да биде кој било од граѓаните. Ако вакви притисоци се прават за еден обичен протест, тогаш можеме да замислиме што се прави во услови на избори или во екот на кампањата за референдум или што сè се правело за Марјанче Стојановски да дојде на функцијата градоначалник. Овој скандал го покажа сталинистичкото лице на власта на Заев и СДСМ. Овој скандал покажа дека граѓаните не им се плашат и се спротивставуваат со гласно ‘не’ на политиките на криминалниот картел на власт. Затоа, уверени сме дека граѓаните и Република Македонија ќе победат!“, нагласи Арсовски.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ ги напушта седниците на советот на општина Аеродром

Објавено пред

Од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата изјавија дека нема да учествуваат во работата на советот на општина Аеродром сè додека претседателот на општинскиот комитет на опозициската партија, Дејан Митевски, е во притвор во затворот Шутка.

„Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги напушта и следните седници на советот на општина Аеродром сè додека Дејан Митевски е неосновано обвинет и во притвор во Шутка“, изјави денска Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром.

Тој нагласи дека Македонија е единствена држава во демократска Европа која во 21 век во своите затвори има политички затвореници.

„Притворањето на претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Аеродром, Дејан Митевски, е уште една потврда за политичкиот прогон во нашата држава кој го спроведува Зоран Заев“, посочи Антовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Борбата против климатските промени да стане врвен приоритет, бара младинската организација на ДОМ

Објавено пред

Младинската организација на зелената партија ДОМ (МОДОМ) се приклучува на протестот организиран од Fridays for future („Петоци за иднината“) во борбата против климатските промени.

Од таму информираат дека се свесни за катастрофалните последици од климатските промени и бараат надлежните интституции да преземат итни мерки за справување со климатската криза.

„Апелираме преку користење на обновливите извори на енергија, исфрлање од употреба на фосилните горива, подобрување на јавниот транспорт и органското производство на храна, итната борба против климатските промени да почне веднаш“, повикуваат од МОДОМ.

Од таму апелираат до Советот на Град Скопје да ги поддржи барањата поднесени од иницијативата Fridays for future и активно да се вклучи во светската борба за заштита на планетата.

Воедно, ги повикуваат и сите млади на 20 септември да се приклучат на маршот против климатските промени.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ДОМ: ЕСМ да инвестира во обновливи извори на енергија, а не во нуклеарки

Објавено пред

Зелената партија ДОМ се спротивставува на намерата на македонската државна компанија ЕСМ за учество во проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа „Белене“.

„ДОМ е против изградба на нуклеарни електрани поради нивната опасност врз животната средина и здравјето на луѓето, на што укажуваат трагичните искуства од нуклеарните катастрофи во Чернобил и Фукушима. Не случајно Германија одлучи да ги затвори сите свои нуклеарни електрани до 2022 година.

Наместо во нуклеарки нашата држава треба да инвестира во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, како сонце и ветер“, велат од ДОМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Hitech3 часа

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат...

Македонија10 часа

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија12 часа

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија12 часа

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија13 часа

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија14 часа

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет14 часа

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет15 часа

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет15 часа

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет15 часа

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија16 часа

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион1 ден

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет1 ден

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион1 ден

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа1 ден

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ1 ден

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ1 ден

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија1 ден

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија1 ден

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија2 дена

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Досие