Контакт

Соопштенија

(Видео) Битиќи: Ќе воведеме систем кој ќе го мери квалитетот на работата на општините

Објавено пред

Претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната трибина „Агенда 20-24“ посветена на локалната самоуправа кажа дека мора да постои систем преку којшто ќе се мери работата на општините, со цел да се утврди колку општините работат квалитетно.

„Ќе воведеме систем дали општините навистина испорачуваат тоа што им е законска надлежност и дали граѓаните се задоволни. Тие ќе добиваат награда како поттик надвор од тоа што е утврдено. Ние сите мора да размислуваме само за интересите на граѓаните, зошто тие се на прво место“, истакна тој.

Битиќи рече дека иако некои мислат оти плановите кои сака да ги реализира СДСМ во однос на локалната самоуправа се преамбициозни, сепак, тие се реални и потребни за граѓаните.

„Не е преамбициозно туку е нешто што го очекуваат граѓаните и тие очекуваат тоа да го направиме за нив. Го немале досега, но мораме тоа да го направиме“, кажа тој и подвлече дека треба да се оди напред и во однос на фискалната децентрализација.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири паника, ситуацијата со коронавирусот е под контрола

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неоснована паника, ситуацијата е под контрола, реагира СДСМ на прес- конференцијата на Дафина Стојаноска од ВМРО- ДПМНЕ, која обвини дека власта нема капацитет да се справи со вирусот.

„Најдобрата помош што може да ја даде ВМРО-ДПМНЕ е да престане да шири и предизвикува неоснован страв и паника меѓу граѓаните. Ситуацијата е под контрола, откако вчера беше потврдени првиот случај на лице заразено со коронавирус во земјата, институциите се подготвени за брза реакција и ги преземаат сите неопходни мерки согласно меѓународните протоколи. Додека сите институции се ставени во функција за справување со вирусот Ковид-19, ВМРО-ДПМНЕ во препознатлив стил се обидува преку лаги и конструкции да добие ситно дневнополитички поени“, реагира СДСМ.

Граѓаните, додаваат од партијата, вклучувајќи го тука ВМРО-ДПМНЕ треба да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство, да се однесуваат одговорно и да не шират дефетизам и паника.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Владата неподготвена за корона, ниту реагира на високата цена на маските, ниту има капацитет за карантин

Објавено пред

Владата е неподготвена за корона, ниту реагира на високата цена на маските, ниту има капацитет за карантин, обвини Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Корона вирусот стигна и во Македонија, а министерот за здравство Венко Филипче и владата на СДСМ покажаа неорганизираност и хаос. Изразуваме огромна загриженост поради слабиот капацитет за организација на Владата и сите надлежни да се одговори на вака сериозна ситуација во која е загрозено здравјето на граѓаните. Во Македонија се детектираше првиот заразен со корона вирус, но, Филипче не знае да ја информира јавноста како жената стигнала до Клиниката за инфективни болести. Сегмент што е многу важен за превенција од корона, и кој говори дали има контрола на граничните премини или не. Филипче и надлежните кажаа различни работи. Прво, кажаа ‘сама заминала на Клиниката’, потоа кажаа ‘беше спроведена до Клиниката’, за да на последниот прес синоќа Филипче каже сосема спротивна и најнова верзија или дека ‘не кажала на граница дека е болна’“, рече таа.

Според Стојаноска, загрижува и фактот што Владата повикува на користење средства за заштита меѓу кои и маски, но, како што кажа, наместо да овозможи достапност на маските, цените се енормно покачени, а од Владата нема никаква реакција.

„Во целата ситуација, Владата покажува слабост и во делот на карантините. Едноставно нема соодветни капацитети за спроведување карантин за да се одговори на ситуацијата. Подготвени сме да им помогнеме, им стоиме на располагање за помош. Во оваа неорганизираност едно е јасно, од 12 април граѓаните ќе видат што е навремена и соодветна здравствена услуга“, рече Стојанова.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Ја спуштивме невработеностa на најниска стапка досега

Објавено пред

За 2,5 години ја спуштивме стапката на невработеност на најниска стапка досега од 17,1 проценти, отворивме 60.000 нови работни места, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Со развојни економски политики во третиот квартал од 2019 година, СДСМ ја намали невработеноста на најниска стапка досега од 17,1 проценти, од 22,1 насто во истиот период 2017 година. За 2,5 години отворивме 60.000 нови работни места, со кои обезбедивме посигурна иднина на 60.000 нововработени граѓани и на нивните семејства.

Посветено продолжуваме со мерките за отворање нови работни места пред сè со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица.

За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Досегашното искуство покажа дека самовработувањето преку стартување на микробизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и 99% од компаниите формирани во 2018 година.

Во моментов мерката за самовработување е отворена и само за една недела има доставено 1200 апликации.

Покажавме дека знаеме и можеме да ја стабилизираме економијата и да го унапредиме животниот стандард на граѓаните, Република Северна Македонија да ја направиме развојна и просперитетна држава.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците“, велат од СДСМ во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари што граѓаните ги плаќале како данок

Двајца вработени во Град Скопје ставиле во џеб над три милиони денари, пари кои граѓаните ги плаќале како данок. Против...

Македонија2 часа

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија2 часа

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија2 часа

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија3 часа

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Македонија4 часа

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Топ4 часа

Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од...

Македонија4 часа

Мијалков не се сеќава на анализата за „Монструм“

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков сведочеше на рочиштето за „Монструм”. Тој кажа дека откако било поднесено обвинение, биле правени анализи...

Македонија5 часа

Ветрот во Скопје со над 100 километри на час

Силниот ветер во Скопје на моменти достигна и над 100 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. „Во...

Регион5 часа

Црногорци уапсени со пет тони кокаин на брод во Венецуела

На бродот „Ареса“ во Венецуела се запленети еден тон, а потоа уште четири тони кокаин и уапсени се црногорски државјани,...

Свет5 часа

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната...

Свет6 часа

(Видео) САД: Добил отказ во пиварница, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пиварница на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа6 часа

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар што избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија6 часа

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати на  локации од невремето. Ветерот,...

Македонија17 часа

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Регион18 часа

Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж...

Македонија21 час

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Македонија22 часа

(Видео) Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година, од Скопје. Како што изјави министерот...

Економија1 ден

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Досие