Контакт

Соопштенија

(Видео) Василевска: МВР да го разјасни случајот со сообраќајната несреќа која ја предизвика заменик министерот за култура

Објавено пред

МВР на Оливер Спасовски речиси две недели се уште не се изјаснил официјално околу сообраќајната несреќа која ја предизвика заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, изјави Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„За ваше потсетување Владимир Лазовски, заменик министерот за култура во Владата на Заев направи сообраќаен прекршок со којшто злоупотреби службено возило за којшто не поседуваше документација за дозвола за управување, понатау загрози човечки живот и причини материјална штета на недолжен граѓанин на Република Македонија кој ги почитува сообраќајните прописи и злоупотребувајќи ја својата позиција и својата функција покажа уште еднаш демонстративно дека оваа Влада својата неинвентивност ја користи на начин што предизвикува насекаде нереди и хаос со којшто го загрозува животот на македонските граѓани.

МВР и Спасовски како и заменик министерот за култура, Лазовски треба да знаат дека тие се избрани од граѓаните како што не се и ќе заминат со одлука на граѓаните какошто треба и оттаму сакаме да потсетиме и да запрашаме дали метлата којашто ја понуди Драган Спасов-Дац кој пред речиси пред неполна година исто така во пијана состојба како висок државен функционер направи тешка сообраќајна несреќа, а сега демонстрира чистење или метла или исправување во редовите на СДСМ и оваа ненародна власт. Дали навистина овој перформанс ќе го опфати Лазовски како и Зоран Заев кој дозволува да се случуваат вакви неправилности во македонската држава?
Ве повикувам на одговорност, ве повикувам на совесност и посакуваме да се разјасни случајот со најдобри намери за Република Македонија“ нагласи Василевска.

Соопштенија

СДСМ: 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше земјоделците, денес им се враќа достоинството

Објавено пред

ВМРО- ДПМНЕ продолжува да манипулира со јавноста преку секојдневни лаги и измислици во кои никој не верува.
Крајно лицемерно е истите тие ВМРО-ДПМНЕ кои со години ги игнорираа потребите на земјоделците денес да глумат лажна загриженост и преку бесмислени изјави да зборуваат за земјоделството, соопшти СДСМ.

„За разлика од времето на ВМРО ДПМНЕ, денес се води вистинска грижа за земјоделците. Уште една лага во низа на ВМРО- ДПМНЕ е дека нема откуп на праските, нема извоз или дека скапуваат на дрвјата. Вистината  е дека денеска во Росоман беше остварена средба помеѓу претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија и претставници од компаниите извозници на праски и производители на праски, на која е разговарано за состојбата со откупот, цената и извозот на праски.

Како што јавно соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, констатирано е дека извозот се одвива непречно и праските се извезуваат во Русија, Иран, Белорусија, Косово, но презентирани се и предлози за подобрување на соработката помеѓу производителите и откупувачите на праски.

Во меѓувреме инспектори од ДИЗ се постојано на терен за да се следи откупот и да не се манипулира со откупната цена и со белешките што им се издаваат на овоштарите  при откупот.

Како што е јавно соопштено, веќе следната недела ќе има средба и со компаниите од индустријата за да се договори откупот на праски за преработка со цел да има откуп на целокупната произведена количина на праски. И како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги потценува земоделците, да го погазува нивниот труд.

Владата предводена од  СДСМ и надлежното министерство преку проектите и реформите кои ги спроведуваат покажуваат вистинска грижа за земјоделците, повеќе пари остануваат кај секој земјоделец, а конечно се  врати достоинството кај земјоделеците“ се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција

Објавено пред

Само ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека пописот е статистичка, а не политичка операција и затоа шири лажни, велат од СДСМ.

„Пописот е неопходна статистичка операција за да може да се реализира плански развој на целото општество и тоа им е јасно на сите освен на ВМРО-ДПМНЕ, која нема никаков кредибилитет да зборува за попис. Цели 11 години додека беше власт ВМРО-ДПМНЕ не успеа да организира попис, а дури и оној што го започна, поради политички калкулации го прекина а потроши над 3 милиони евра народни пари. Денес како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ лаже дека не била консултирана и дека не и бил оставен простор за забелешки во однос на законите“, велат од СДСМ.

За разлика од пропаднатиот попис во 2011, додаваат од таму, сега целокупната подготовка за организирање на пописот е професионална и транспарента, по сите меѓународни стандарди и во неа цело време е вклучен Евростат.

„Пописот беше најавен уште минатата година, а 2020 година е годината кога би требало да се реализира согласно меѓународните препораки. За надминување на било какви пречки и негово успешно реализирање до крајот на месецов се спроведува и пробен попис во 13 општини. Очајните закани, лажни вести на Христијан Мицкоски за наводни редефинирања преку пописот, покажуваат дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Опозициската партија останува носител на деструкцијата, носител на лажните вести и манипулациите“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е најголемиот криминалец во Република Македонија

Објавено пред

Зоран Заев е најголемиот криминалец во Република Македонија. А, СДСМ може да говори за одговорност кога Заев ќе си замине од власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку СДСМ сака да покаже морална одговорност, треба нивниот лидер Зоран Заев да си поднесе оставка од премиер поради „Евро за Вицето, евро за црквата“, матно доделување земјиште на семејството и уште многу криминали кои ги спроведе изминативе две години.
Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ поради енормниот криминал, кој што владее откако СДСМ дојде на власт. Поради тоа местото на Зоран Заев не е во политика, туку во затвор, каде што ќе одговара за своите криминали по враќањето на правната држава.
За доброто на граѓаните и Република Македонија метлата треба да заигра што поскоро и тоа да почне од Зоран Заев“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски7 часа

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија8 часа

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија9 часа

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија12 часа

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Македонија14 часа

Туристичката кампања „Македонија вечна“ стана „Северна Македонија вечна“

Северна Македонија го корегира името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, во согласност со Преспанскиот договор, објави...

Македонија14 часа

АСОМ: Законот за игрите на среќа де факто значи бришење на една цела стопанска гранка

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) присуствуваше на јавната расправа во Собранието за предлог-измените и дополнувањата на Законот за игрите на...

Економија15 часа

Тевдовски: Агенцијата „Фич“ после 13 години го зголеми кредитниот рејтинг на земјата

Aгенцијата „Фич” го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед. Ова е прво подобрување...

Топ15 часа

Убиената жена во Шутка го спасила сопругот, застанала пред него и била избодена до смрт

Скопјанец до смрт избоде своја братучетка во населбата Шуто Оризари. Според информациите од МВР, скопјанецот со нож го нападнал сопругот...

Македонија16 часа

Изминатава недела 70 нови случаи на мали сипаници

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатава недела се регистрирани 70 нови случаи на мали сипаници што е...

Македонија16 часа

Казнети 77 возачи и 11 мотоциклисти за еден ден во Скопје

Сообраќајната полиција во Скопје вчера казнила 77 возачи кои возеле со брзина над дозволената, и 11 мотоциклисти кои возеле без...

Свет1 ден

И Британија го обвини Иран за нападот на танкерите

Велика Британија го обвини Иран и Исламската револуционерна гарда на таа земја за нападите на танкерите во Оманскиот залив, наведувајќи...

Забава1 ден

Авион принудно слета поради агресивен патник

Авион „Аерофлот“ кој летал од Барселона за Москва, принудно слета во Полска поради агресивно однесување на еден од патниците, изјавил...

Спорт1 ден

Ливерпул му „набиле комплекс“ на Суарез: Сакав да исчезнам од земјата

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез вели дека поразот од 4:0 од неговиот поранешен клуб Ливерпул во полуфиналето на Лигата на...

Регион1 ден

Уапсени опозициски функционери и симпатизери во Албанија

Албанската полиција уапсила 16 претставници и симпатизери на опозициската Демократска партија во албанскиот град Пјеренџас. Тие се товарат за блокирање...

Македонија2 дена

Светски ден на крводарителствотo: Да ја покажеме својата хуманост грижејќи се едни за други

По повод 14 јуни, Светскиот Ден на крводарителството, Министерството за здравство упати повик до граѓаните и во иднина да ја...

Бегството на Груевски2 дена

Заев за ФАЦ: Знаеме дека Груевски побегнал криејќи се во багажник

Во интервју дадено за угледниот германски весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) премиерот Зоран Заев обелодени нови детали во врска со...

Македонија2 дена

Втор земјотрес на подрачјето на Охрид за помалку од една недела

Земјотрес чиј епицентар се наоѓал на 140 километри југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје, бил регистриран синоќа...

Македонија2 дена

Слободата на Јанкулоска зависи од одлуката на врховните судии

Ако за 16 дена петмина врховни судии не одлучат за времената мерка на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, таа...

Свет2 дена

САД објавија снимка како Иран отстранува мина од танкер во Оманскиот Залив

Американската војска објави снимка на која, како што тврдат од таму, се гледа како Иранската револуционерна гарда отстранува мина која...

Домашен2 дена

Осуда од ФФМ откако репрезентативецот Алиоски беше избркан од прилепски ресторан

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи по информацијата дека репрезентативецот Езџан Алиоски бил избркан од ресторан во Прилеп, откако...

Досие